Причините за смртта на 31 годишната родилка од Куманово ќе се знаат најрано за еден месец

Која е причината за смртта на 31 годишната родилка од Куманово и дали има одговорност кај лекарите од медицинскиот тим што ја породувал ќе се знае најрано за еден месец од сега, кога се очекува да биде готов извештајот на судска медицина. 

Директорот на Институтот Александар Станков за Канал 5 информираше дека обдукцијата на телото на починатата родилка веќе е завршена и во моментов се анализира целосната медицинска документација. Станков не откри дали при обдукцијата дошле до одредени сознанија за смртта на родилката, вели сите информации до кои ќе дојдат понатаму ќе бидат предадени до обвинителството кое го води случајот.

„ Донесено е телото на починатата родилка на Институтот за судска медицина, напревена е обдукција, прибавена е медицинската документација поврзана со случајот и земени се материјали за дополнителни испитувања. Кога ќе се заврши комплетно случајот извештајот од обдукцијата ќе биде испратен до надлежните инстражни органи кои понатаму сигурно ќе бараат дополнително вештачење за утврдување на евентуално прекршување на законот, утврдување на поврзаност помеѓу постапките на лекарите и смртта кај родилката. За еден месец би требало да го завршиме случајот. “Д-р Александар Станков – Институт за судска медицина и криминалистика.

Од обвинителството велат дека работат на утврдување на причините за смртта на родилката. Освен што во моментов ја анализират медицинската документација, велат дека ги чекаат резултатите од обдукцијата, од кои како што посочија ќе зависи дали дополнително ќе следува уште едно вештачење за утврдување на евентуална причинско-последична поврзаност меѓу породувањето и смртта.

Во случајот се вклучи и Државниот здравствен и санитарен инспекторат, од каде денеска била издадена наредба за вонреден инспекциски надзор, информираше за Канал 5 директорот Кирил Лазов.

Утринава и во кумановската болница се одржал итен стручен состанок. Директорот на болницата Трајановски вели дека спроведува интерна истрага за тоа дали се почитувале протоколите која би му била од помош на Обвинителството.

Во меѓувреме, бебето на починатата родилка се уште е приклучено на респиратор на Детската клиника во Скопје и се наоѓа во тешка општа состојба, вели директорот Реџеп Мемеди.

31 годишната родилка, почина во петокот во кумановската болница. Како што информираа од таму таа била примена со прснат воденик, после што се чекало да се добијат спонтани контракции и породувањето да се изведе по природен пат. Но, тоа не се случило и почнати биле стимулации , по кои одеднаш престанала срцевата работа кај родилката. Откако немало резултати и откако бил повикан анестезиолог за реанимација, таа била однесена во операциона сала за да се извади плодот.

Според информациите, меѓу лекарите што го вршел породувањето бил и гинеколог од скопската клиника, кој имал уреден договор за ангажман, одобрен од Министерството.

Грција ќе воведе построги казни за врсничкото насилство

Построги казни за справување со врсничкото насилство и малолетничката деликвенција, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатиот период, во Грција е зголемено насилството меѓу малолетните лица, особено меѓу средношколците, а Мицотакис рече дека сега, со отворањето на училиштата, уште поизразена е малолетничката деликвенција и објасни дека Министерството за правда ќе направи нови промени во Кривичниот законик како што се: построг криминален третман на поседувањето оружје, особено кај младите и затворска казна за оние кои извршуваат повторено кривично дело.

-Сакам да повторам дека прашањето на деликвенцијата, особено кај децата и адолесцентите, е исклучително сложено прашање. Тоа пред сè се однесува на самите семејства. Државата во никој случај не може да го замени семејството како основно јадро на воспитувањето на децата, но имаме можности да ги заостриме казните и прашањата што се однесуваат на запоставување на малолетниците, истакна Мицотакис.

Дополнително потсети дека набргу ќе се воведе и специјалната апликација „Safe Youth“ за заштита на децата и учениците жртви на семејно и врсничко насилство, односно како што објасни, „да може автоматски детето, тинејџерот, вон училишната средина, да ја извести полицијата доколку почувствува дека неговиот физички интегритет е загрозен од која било причина“./МИА

САД се обидуваат да обезбедат дополнителни летови од Либан

САД работат на тоа да ги извлечат своите граѓани од Либан додека Израел продолжува со нападите врз земјата.

Американската амбасада во Бејрут соопшти дека работи со авиокомпании за да обезбеди дополнителни летови. Американските граѓани веќе беа повикани да избегнуваат патување во Либан или веднаш да го напуштат Либан доколку се таму.

„Поради зголемената нестабилност по воздушните напади во Бејрут и непредвидливата безбедносна ситуација низ Либан, Амбасадата на САД ги повикува американските граѓани да го напуштат Либан додека се уште се достапни комерцијалните опции. Моментално се достапни комерцијални летови, но со намален капацитет. Ако безбедносната ситуација се влоши, опциите за комерцијално заминување би можеле да станат недостапни“, се вели во официјалниот совет./МИА

Новиот Регионален центар: Револуција во борбата против криумчарењето оружје

Во контекст на непрекинатите безбедносни предизвици во Југоисточна Европа, постигнат е дострел во борбата против транснационалните закани и организираниот криминал. 

Денеска, Мисијата на ОБСЕ во Скопје го отвори новиот најмодерен Регионален К9-центар за обука и сертификација во Ѓорче Петров, клучен чекор во борбата против недозволената трговија со огнено оружје во регионот.

Центарот ќе биде средиште за континуирана обука и регионална соработка. Тој е повеќе од надградба – тој вклучува изградба на нови простории за К9 и подобрување на работните услови во постојните простории. Подобрена е и мобилноста на К9-тимовите преку донацијата од 14 специјализирани возила и три приколки, со кои се овозможува побрзи, поефикасни полициски одговори ширум регионот.

Официјалното отворање на Центарот означува почеток на нова ера на оперативна ефикасност и соработка, со долготрајни ефекти врз регионалната безбедност, способностите на органите за спроведување на законот како и партнерствата.

За напорите за подобрување на капацитетите за детектирање МЛО

Подобрувањето на капацитетите за детектирање спаѓа во рамките на вонбуџетскиот проект на Мисијата „Поддршка на националните власти на Република Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје (МЛО)“. Финансиран од Белгија, ЕУ, Франција, Германија, Норвешка, Словачка и САД, проектот придонесе за суштински напредок при подобрувањето на капацитетите за детектирање на Единицата за службени кучиња во земјата.

Дознајте повеќе за проектот за МЛО овде.

притисни ентер