И Флајдубаи ги суспендира летовите до Бејрут до 3 октомври

Авиокомпанијата „Флајдубаи“ од Обединетите Арапски Емирати соопшти дека поради „тековните случувања“ донела одлука привремено да ги прекине летовите меѓу Дубаи и Бејрут.

- Продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата и соодветно ќе го измениме нашиот распоред на летови, се вели во соопштението.

Емиратс Ерлајнс, Иран Ер, Ер Алжир, Ер Франс и Туркиш ерлајнс се меѓу другите авиокомпании кои привремено ги прекинаа летовите за Бејрут./МИА

Од 1 до 30 октомври ќе може да се аплицира за продолжување на правото на студентска стипендија

 Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од утре ќе може да се аплицира за продолжување на правото на студентска стипендија и оти рокот е до 30 октомври.

-Се известуваат сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за аплицирање почнува од 01.10.2024 и трае до 30.10.2024 година, наведуваат од МОН.

Како што се појаснува, корисникот на стипендија на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, треба да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; уверение со положени испити; уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години и индекс од прв запишан семестар до последен заверен семестар, како доказ дека има положено 80 проценти односно 90 проценти (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот.

За повеќе информации или прашање студентите може да обратат на електронската адреса [email protected] .

Нејмар повторно тренира по едногодишна пауза

 Бразилскиот напаѓач Нејмар се врати на колективните тренинзи на саудискиот фудбалски клуб Ал Хилал, по речиси една година пауза поради тешката повреда на левото колено.

Триесетидвегодишниот бразилски фудбалер му се приклучи на Ал-Хилал во август 2023 година од ПСЖ, но ги повреди вкрстените лигаменти и менискусот на 17 октомври на квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 меѓу Бразил и Уругвај.

„Среќен сум што се вратив“, напиша Нејмар на португалски на својот Инстаграм профил каде објави фотографии од тренингот со соиграчите.

Нејмар почна со индивидуални тренинзи во јули.

Неговото официјално враќање „зависи од неговата техничка подготовка и одлуката на тренерот“, изјави претставник на Ал Хилал. /МИА

Средба на градоначалникот на Тетово, Касами и францускиот амбасадор Ле Риголер

Една од клучните теми што се дискутираше беше значењето на изучувањето на францускиот јазик во основните училишта во општина Тетово.

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами денеска остварил средба со новиот амбасадор на Република Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер, на која биле разгледани повеќе теми кои ја опфаќаат актуелната состојба и политичките случувања во државава, како и прашања поврзани со соработката меѓу општината и Француската амбасада.

- Една од клучните теми што се дискутираше беше значењето на изучувањето на францускиот јазик во основните училишта во општина Тетово. Францускиот јазик е приоритет во образованието на децата од Тетово веќе долг период, а двете страни се согласија за потребата од продолжување на оваа богата културна традиција. Амбасадорот Кристоф Ле Риголер ја изрази својата подготвеност да ги поддржи напорите на општината за унапредување на наставата по француски јазик, нагласувајќи ја важноста не само за образованието, туку и за културниот и меѓународниот развој на градот, соопштија од Општина Тетово.

Градоначалникот Касами ги истакнал позитивните искуства од досегашната соработка со Амбасадата на Франција, високо оценувајќи ја континуираната поддршка и изразувајќи интерес за понатамошно продлабочување на соработката во различни области.

притисни ентер