Француската Влада е подготвена за буџетски отстапки за да избегне финансиска „бура“

Француската влада е подготвена да му понуди отстапки на парламентот во врска со буџетот, рече министерот за финансии во обид да се избегне ќорсокакот што предизвикува турбуленции на пазарот и претставува ризик да ја урне владата на премиерот Барние.

Француската влада е подготвена да му понуди отстапки на парламентот во врска со буџетот, рече министерот за финансии во обид да се избегне ќорсокакот што предизвикува турбуленции на пазарот и претставува ризик да ја урне владата на премиерот Мишел Барние.

„Какви и да имаме разлики во вредноста, денес се соочуваме со исклучително сериозна ситуација за земјата... очигледно сме подготвени да направиме отстапки за да ја избегнеме оваа бура“, изјави министерот за економија и финансии Антоан Арман за BFMTV.

Во делови од Сеул паднаа над 40 сантиметри снег, откажани повеќе од 140 летови

Во делови на главниот град на Јужна Кореја, Сеул изутрината паднаа повеќе од 40 сантиметри снег, што предизвика откажување на повеќе од 140 летови. Метеоролозите упатија предупредување за обилни снежни врнежи подоцна.

Едно лице го загуби животот, а две други се повредени на терен за голф, откако синоќа врз нив паднала мрежа врз која имало снег, а уште едно лице го загуби животот при уривање заштитен шатор на паркинг, јавуваат медиумите.

Најмалку уште две лица загинаа во сообраќајни несреќи на автопатите источно од главниот град, според извештаите.

Полицијата извести дека 11 лица се повредени синоќа во верижна несреќа во која учествувале 53 возила на автопат во централниот град Вонџу во провинцијата Гангвон.

Главниот аеродром во Сеул, Инчеон, беше најпогоден, а патниците се соочија со доцнење на летовите во просек од два часа. Севкупно, 14 отсто од летовите се одложени денеска, а 15 отсто се откажани, покажаа податоците од страницата за следење летови Flightradar24.

Надлежните објавија дека се откажани 142 лета, а до денеска не сообраќаа 99 фериботи на 76 линии, додека медиумите јавуваат дека доцнат и возовите. Училиштата во провинцијата Ѓионџи, која граничи со Сеул, добија дозвола да се затворат денеска доколку е потребно, соопштија провинциските власти.

Како што пишува „Гардијан“, невообичаено обилните снежни врнежи во ноември му се припишуваат на потоплото море отколку што е вообичаено западно од Корејскиот полуостров, во контакт со студени воздушни струи.

Во соседна Северна Кореја, во некои области вчера и завчера паднаа повеќе од 10 сантиметри снег, објави државната корејска централна телевизија./MИА

Мицкоски: За многу скоро од оваа говорница ќе слушате што се е правено со безбедносните служби

За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате што се е правено со безбедносните служби и ќе се срамите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се правело со безбедносните служби, а СДСМ ќе се срамат и ќе треба да се извинат.

Ве носат во длабоко тие кои ви ги даваат прашањата многу скоро од денеска ќе се срамат, јавноста ќе знае. Се сеќавате на оној проект „вистината за Македонија“, ќе ја видите невистината на тие што правеле околу прислушкувањето и ќе се срамите и ќе излезете да се извините, затоа што во услови на фашистички режими не се следеле и прислушкувале луѓе кои водат опозициски партии. Убеден сум дека дел од последното раководство на СДСМ не знаеле, но дел го правеле за злоупотреба и лична агенда, но тоа што се случувало ќе ве згрози, какви мерки се преземале, физичко следење и употреба на недозволени методи. Затоа се плашите вие, рече премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Митко Трајчулевски.

Премиерот Мицкоски посочи дека ја следи дебатата на остатоците на удбашки и болшевистички структури кои до ден денеска за жал се присутни во кодошките безбедносните структури и посочи дека затоа се плашат од спојување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.

Во однос на именувањата на кадри по институции, премиерот Мицкоски потсети дека пред да биде променет законот во Собрание, со кој двете второстепени комисии за управна постапка и инспекциски надзор позицијата претседател на таа комисија беше претседателка на општинската организација на СДСМ во Велес.

Дали требаше да ја оставиме, Даница Чадиева, тоа е професионалната администрација која вие ја замислувате, така нема да работиме. Во Агенцијата за електронски комуникации член беше претседател на општинската организација на СДСМ во Карпош, дали требаше да го оставиме без никакви квалификации и стручност? Ако мислите дека тоа е професионален однос не се согласувам и грешите. Сите овие институции резултираа со отприлика помалку 50 функционерски места. Сите овие институции кои ги споменувате ги бира Собранието, најголем дел од нив. Да потсетам во 2018 година како беа бирани членовите во Регулаторна комисија за енергетика, на најбрутален начин со закани најпрвин во канцеларијата каде што работам јас, а потоа и во Собранието. Претседател на Регулаторна е Марко Бислимоски предлог на СДСМ, јавен обвинител е Коцевски вие го биравте, додаде премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека токму затоа денеска обвинителите кога треба да се справуваме со криминалот и корупцијата од минатото се или со повишена температура или имаат дијареја или имаат несоница и патат од анксиозност и не ги потпишуваат налозите.

Тоа се ваши кадри и ако тоа според вас е професионализација, начинот на кој треба да работиме, не се согласувам. Ние ги менуваме работите, да видат граѓаните дека можело и поинаку и објаснив и зошто Шекеринска ја поддржавме и лобиравме за да биде претставена Македонија со свој заменик генерален секретар во НАТО, земете пример. Поставувате прашање кое нема логика, особено во институција којашто до вечера ваш претседател на општинска организација ја обавуваше. Јас не слушнав дека вие го оспоривте Орце Симов со неговата стручност, ни овде, ниту во една од стопанските комори каде е потпретседател. Човекот е универзитетски професор, доктор по информациски технологии, а исто и Ангелка дипломирала надвор од Македонија, стручна е, не кажавте дека не ги исполнуваат условите. Поддржете еднаш нешто што е нормално и различно, истакна премиерот Мицкоски.

Воландри: Евентуална суспензија на Синер ќе биде најголема неправда

Капитенот на италијанскиот Дејвис куп тим, Филипо Воландри, изјави дека дисквалификација на лидерот на светската АТП ранг-листа, Јаник Синер поради прекршување на антидопинг правилата ќе биде огромна неправда во историјата.

- Не сакам ни да размислувам за евентуалното дисквалификување на Синер, со оглед на неговата искреност и непобитните докази што ги даде. Ако има човек со широко срце, тоа е Јаник. Суспензија би била најголемата неправда во историјата, изјави Воландри за порталот „Tennis 365“.

Во август се дозна дека Синер даде два позитивни теста за анаболичен стероид клостебол. Дваесет и тригодишниот тенисер беше ослободен од обвинението за кршење на антидопинг правилата. Тој објасни дека супстанцата му влегла во телото по масажата што физиотерапевт му ја вршел без ракавици.

Сепак, на оваа одлука се спротивстави ВАДА (Светска антидопинг агенција) која бара дисквалификува за Синер во период од една до две години. Организацијата поднесе жалба до CAS (Судот за спортска арбитража) против одлуката за ослободување на спортистот. /МИА

притисни ентер