Мицотакис: Турција инсистира на своите позиции, а ние на нашите

Грчкиот премиер уште еднаш ја истакнува волјата и намерата на Грција да продолжи дијалогот до Турција, но и дека ќе продолжат да се стремат кон „мирни води“ со соседната земја.

Турција инсистира на своите позиции, а ние на нашите, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Алфа“ и објаснува дека од моментот кога Турција сака да разговара за други работи за кои Грција не сака да бидат ставени на маса, значи дека „не е постигнат значителен напредок“, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер уште еднаш ја истакнува волјата и намерата на Грција да продолжи дијалогот до Турција, но и дека ќе продолжат да се стремат кон „мирни води“ со соседната земја.

-Можеме да се согласиме и дека не се согласуваме. Ова можеби е и најверојатното сценарио во моментов. Ова не значи дека треба постојано да бидеме во состојба на тензија, да не разговараме за други аспекти од нашите односи и постојано да бидеме „со прстот на чкрапалото“ и да се плашиме од инцидент. Мислам дека Грците не го сакаат тоа, истакна Мицотакис.

Во однос на мигрантското прашање рече дека е континуиран проблем за Европа, но и посочи дека се обидуваат да соработуваат со Турција за чамците кои поаѓаат од турското крајбрежје.

Украинското знаме накратко се појави во Астана за време на посетата на Путин

Украинското знаме накратко се појави во Астана за време на посетата на Путин, Казахстан почна истрага.

Казахстанската полиција спроведува истрага за причините за краткотрајното појавување на украинското знаме на голем екран во центарот на главниот град Астана за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин,информира Министерството за внатрешни работи на Казахстан.

Знамето се појавило накратко синоќа, заменувајќи го руското знаме на екран поставен на еден од главните булевари во градот.

Во тој момент, Путин веќе бил пристигнат во Астана. Екранот бил исклучен набрзо потоа, но снимки од настанот беа објавени онлајн.

Министерството изјави дека се разгледуваат сите можни причини, вклучувајќи техничка грешка или хакерски напад.

Според минатогодишна анкета, мнозинството Казахстанци се неутрални во однос на војната меѓу Русија и Украина, но поддржувачите на Украина значително ги надминуваат оние на Русија. Русија е клучен трговски партнер на Казахстан, поради што економските проблеми на Русија често влијаат врз казахстанската економија.

Волц разгледува идеи за ставање крај на руската

Советникот за национална безбедност избран од Трамп разгледува идеи за ставање крај на руската војна во Украина.

Мајк Волц, идниот советник за национална безбедност на избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, разгледува неколку предлози за решавање на конфликтот во Укрина кои вклучуваат прекин на огнот во раните фази од преговорите, јави синоќа телевизијата „Си-Ен-Ен“.

-Деталите на стратегијата сè уште се разработуваат, но функционерите на Трамп веројатно ќе ја поддржат идејата за прекин на огнот во раните фази, додека страните водат преговори, пренесе телевизијата повикувајќи се на информирани извори.

Сепак, се истакнува дека засега е прерано да се зборува за тоа каква е стратегијата за Украина на идната американска администрација. Како што се наведува, Волц разгледува повеќе предлози, вклучително и оние на Кит Келог, кого Трамп го номинираше за свој специјален претставник за Украина.

Келог, заедно со советникот на Трамп, Фред Флајц, во јуни претстави својот план за решавање на конфликтот во Украина според кој прекинот на огнот ќе се базира на тековно заземените линии на фронтот.

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да престане да се крие зад институцијата Град Скопје

Данела Арсовска не само што неуспешно  се справува со градските проблеми, никако да сфати дека не е важна и дека никој не и верува.

Граѓаните на парламентарните избори на 8 мај на Арсовска јасно и дадоа црвен картон.

Секој збор на Арсовска претставува само бесмислена апстракција и празно ветување.

Изгледа дека реформите се случуваат само во нејзината глава, таму автобусите пристигнуваат на време, граѓаните се среќни, а нејзините извинувања звучат искрено. Во меѓувреме, граѓаните продолжуваат да чекаат. Чекаат автобуси. Чекаат решенија. Чекаат да замине.

Арсовска да престане да се крие позади Град Скопје, бидејќи она што е невидливо во оваа нејзина конструкција е тоа што 500 вработени во Град Скопје секој ден се жалат на нејзиното водство.

Град Скопје не е нејзин личен инструмент за утеха на нејзините лични фрустрации.

Ова што го прави Арсовска е само драматизација. Арсовска се уште не може да го разбере главниот проблем – на скопјани им треба функционален и одговорен лидер, а не лидер со политичка импотенција.

Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер