Претпладне магливо по одделни котлини, попладне сончево со умерена локална облачност

Времето денеска претпладне ќе биде магливо по одделни котлини, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на влажна и студена воздушна маса од утре до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни со над 50 литри на квадратен метар. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег, особено во сабота.

Германија се соочува со сериозен недостиг на кадри во областа на социјалните услуги

 Германија се соочува со сериозен недостиг на кадар во областа на социјалните услуги, бидејќи бројот на луѓе на кои им е потребна грижа е речиси двојно зголемен во изминатите години, додека бројот на негуватели расте релативно бавно.

Тоа го објави ДПА, цитирајќи информации дадени од Министерството за труд како одговор на барањето на претставникот на Алтернатива за Германија, Рене Спрингер.

Многу луѓе кои работат во секторот за социјални услуги се имигранти. Во 2022 година околу 30 отсто од работната сила во секторот за нега на стари лица беше од странско потекло, процени Експертскиот совет за интеграција и миграција.

Податоците на германското Министерство за труд покажуваат дека во 2015 г имало 2,9 милиони луѓе кои имаат потреба од нега, а до крајот на 2023 г тие веќе биле 5,6 милиони. Во истиот период, бројот на вработени во болниците и домовите за стари лица пораснал од околу 1,5 милиони на само околу 1,85 милиони, или околу 23 отсто.

Бројките, исто така, покажуваат дека слободните работни места во болниците и домовите за стари лица се пополнуваат подолго, и покрај зголемената невработеност кај медицинските сестри и негуватели.

Според Федералната агенција за вработување, во октомври имало околу 34.000 слободни работни места во социјалните служби.

Приватните превозници од денеска нема да возат, автобусите на ЈСП сообраќаат редовно

Приватните превозници од денеска нема да возат, во сообраќај се само автобусите на ЈСП. 

Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои вчера попладне ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт откако на седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар.

Претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славески вели дека иницијативата на превозниците била доставена доцна за да биде вклучена на седницата.Тој на социјалната мрежа „х“ објави дека приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во советот и оти на потег е градоначалничката Данела Арсовска.

Арсовска, го прозва претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славевски дека „никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, а оти овој пат бара , поддршка од неа, ја има поддршката му одговори таа.

Француската Влада е подготвена за буџетски отстапки за да избегне финансиска „бура“

Француската влада е подготвена да му понуди отстапки на парламентот во врска со буџетот, рече министерот за финансии во обид да се избегне ќорсокакот што предизвикува турбуленции на пазарот и претставува ризик да ја урне владата на премиерот Барние.

Француската влада е подготвена да му понуди отстапки на парламентот во врска со буџетот, рече министерот за финансии во обид да се избегне ќорсокакот што предизвикува турбуленции на пазарот и претставува ризик да ја урне владата на премиерот Мишел Барние.

„Какви и да имаме разлики во вредноста, денес се соочуваме со исклучително сериозна ситуација за земјата... очигледно сме подготвени да направиме отстапки за да ја избегнеме оваа бура“, изјави министерот за економија и финансии Антоан Арман за BFMTV.

притисни ентер