Претепаното куче Феликс заздравува

Посилно од 10-те удари со шипка по главата. Кучето Феликс, кое пред два дена беше ѕверски истепано од маж кај Момин поток, заздравува и неговата состојба се подобрува.

Од ЈП „Лајка“ објавија видео од кучето, кое веќе изгледа подобро и ги надминува тешките повреди кои ги доби од насилникот, откако за него се погрижија ветеринарните лекари

Немилиот настан се случи пред два дена, а на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа, како едно лице зема метална шипка, му ја дава на друг маж кој безмилосно започнува да го тепа кучето по главата.

Директорката на ЈП „Лајка“, Радмила Пешева за Канал 5 кажа дека Феликс полека застанува на цврсти нозе, иако било донесено во страшна состојба пред умирање.

Пешева информираше дека случајот бил пријавен во МВР, и се надева дека службите ќе постапат соодветно кон насилникот, за кого од „Лајка“ најавија и приватна тужба.

Инаку, во полициските билтени се зачестени случаите на малтретирање на животни, а судската пракса не бележи затворска казна за насилници кои тепаат, најчесто кучиња.

Според Кривичниот законик во земјава, тој што ќе злоупотребува животно и ќе му нанесе непотребни болки, ќе се соочи со парична или со затворска казна од шест месеци.

Мистериозни дронови се забележани над три американски воени бази во Британија

Неколку неидентификувани беспилотни летала се забележани над три воздушни бази во Обединетото Кралство, потврдија американските воздухопловни сили (USAF).

Инцидентите, кои се случиле помеѓу средата и петокот, биле пријавени над РАФ Лакенхит и РАФ Милденхал во Сафолк, како и РАФ Фелтвел во соседниот Норфолк. УСАФ, која ги користи базите, рече дека се уште не е јасно дали беспилотните летала претставуваат закана. Тие не коментираат ниту дали се користени одбранбени механизми, но нагласија дека го задржуваат „правото да ги штитат“ своите објекти.

„Можеме да потврдиме дека беспилотните летала беа забележани во близина и над базите. Имаше неколку од нив, и тие се разликуваа по големина и конфигурација. Активно ги набљудувавме, а раководството на базата заклучи дека ниту еден од упадите не влијаел на жителите на базата или на клучната инфраструктура. Продолжуваме да го следиме нашиот воздушен простор и да работиме со локалните власти за да се осигура безбедноста на персоналот, објектите и опремата“, рече портпаролот на УСАФ за Европа.

Телото на исчезнатиот рабин е најдено во ОАЕ- Нетанјаху: Ова е антисемитски чин на терор

Властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) го пронајдоа телото на рабинот Зви Коган, кој исчезна во четвртокот.

Властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) го пронајдоа телото на рабинот Зви Коган, кој исчезна во четвртокот, соопшти денеска канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а Советот за национална безбедност на Израел издаде предупредување до граѓаните да не патуваат во ОАЕ.

Во заедничкото соопштение од кабинетот на Нетанјаху и израелското Министерство за надворешни работи, се наведува дека израелската амбасада во Абу Даби била во контакт со семејството на Коган во ОАЕ и дека се информирани членовите на неговото семејство кои живеат во Израел, објави Times of Israel.

Израел го нарече убиството „гнасен антисемитски чин на терор“ и вети дека ќе ги искористи сите расположливи средства за да ги изведе убијците пред лицето на правдата.

Канцеларијата на Нетанјаху претходно соопшти дека Коган бил емисар на Чабад, ортодоксна еврејска организација со ограноци ширум светот, додека израелските разузнавачи рекоа дека веруваат дека најверојатно станува збор за терористички акт и дека рабинот бил следен на кошер пазар во Абу Даби.

Коган е двоен израелско-молдавски државјанин и е во Абу Даби како емисар на Чабад откако Израел ги нормализираше врските со земјата кон крајот на 2020 година.

Советот за национална безбедност на Израел издаде предупредување за патување до граѓаните во ОАЕ, наведувајќи дека сè уште постои закана за Израел и Евреите во земјата.

Се повикуваат Израелците да избегнуваат „ бизнис посети, места за собирање и места за забава идентификувани со израелското и еврејското население“ и да избегнуваат истакнување на израелски симболи.

Патниците, кои се веќе во ОАЕ, исто така, се предупредени да избегнуваат објавување информации за тоа на социјалните мрежи и да ги заклучат своите онлајн профили.

Јокиќ и Џордан го полија тренерот со кофа вода, Мелоун прослави голем рекорд (ВИДЕО)

Денвер Нагетс го победија Лос Анџелес Лејкерс со 127:102, а ова беше посебна вечер за тренерот Мајк Мелоун.

Имено, победата му донесе на Мелоун рекордни 433 победи на клупата на Денвер, со што стана најуспешен тренер во историјата на франшизата.

Сепак, вистинското изненадување за Мелоун дојде кога тој влезе во соблекувалната, каде беше пречекан од своите играчи. Меѓу нив во водство беше Никола Јокиќ, а потоа тренерот беше полеан со вода, што беше само увертира за уште поголемо изненадување.

Деандре Џордан, кој често се шегува дека е „Џордановиќ“ поради пријателството со српските кошаркари, дојде одзади и го поли Мелоун со кофа со ладна вода, убаво разладувајќи го Мелоун.

Потоа следуваа честитки, но и подарок, кошаркарска топка од натпреварот, која тренерот ќе го потсетува на овој рекорд.

притисни ентер