Преговорите во Доха за прекин на огнот во Газа влегоа во ќорсокак, Израелците ги напуштија

Преговарач, близок до шефот на Мосад, го обвини лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, за саботажа на дипломатијата „како дел од пошироките напори да се разгори оваа војна за време на Рамазан“.

Завојуваните страни ги засилија преговорите, со посредство на Катар и Египет, за шестнеделен прекин на израелската офанзива во замена за предложеното ослободување на 40 од 130-те заложници кои сè уште ги држи палестинската милитантна група во Газа.

Хамас се обиде секој договор да го претвори во прекин на непријателствата и повлекување на израелските сили. Израел го отфрли тоа, велејќи дека на крајот ќе продолжи со напорите за демонтирање на управувањето и воените способности на Хамас.

Хамас, исто така, сака на стотици илјади Палестинци, кои избегаа од градот Газа и околните области на југ за време на првата фаза од речиси шестмесечната војна, да им биде дозволено да се вратат на север од енклавата.

Израелски официјален претставник изјави дека Израел се согласил да го удвои бројот на Палестинци што ќе ги ослободи на 700 до 800 затвореници и дека ќе дозволи некои раселени Палестинци да се вратат во северниот дел на Појасот Газа.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера соопшти дека Хамас поставил „неразумни барања“, кои според него покажуваат дека Палестинците не се заинтересирани за договор.

Хамас го обвини Израел за застој во преговорите додека ја извршува својата воена офанзива.

Разговорите, со посредство на Египет и Катар, продолжуваат додека хуманитарната криза ги пустоши Палестинците во Газа со сериозен недостиг на храна, лекови и болничка нега. Се зголемува загриженоста дека гладот ​​ќе завладее. /МИА

Командантот на украинската армија вели дека ситуацијата на фронтот се „влошува“

 Главниот командант на вооружените сили на Украина денеска објави дека позицијата на Киев на фронтот е влошена и дека Русија постигнала голем број придобивки на бојното поле.

„Ситуацијата на фронтот се влоши“, наведе Олександр Сирски во објава на Фејсбук.

Тој додава дека Русија „напаѓа по целата линија на фронтот“ и постигнала „тактички успех во некои сектори“.

Баришиќ пред трансфер во Трабзон

 Хрватскиот фудбалер Борна Баришиќ на лето би можел да ги засили редовите на турски прволигаш Трабзонспор во чиј редови настапува македонскиот капитен Енис Барди.

Договорот на хрватскиот репрезентативец од редовите на Глазгов Ренџерс истекува на лето, а се погласни се шпекулациите дека ќе ја смени средината.

Според италијанскиот инсајдер Лоренцо Лепоре, во летниот преоден рок Баришиќ ќе се пресели во Турција, а со него во турскиот клуб би заминал и Џон Лундстрам.

Николоски: Прилеп секоја година од владата ќе добива околу 8 милиони евра

Прилеп секоја година од владата ќе добива околу 8 милиони евра со кои ќе се решат многу инфраструктурните проекти во општината.

Денеска сме тука заедно со прилепчани на еден исклучително убав хепенинг кој ретко се гледа во цела држава и навистина сакам да честитам на општината и на сите кои го организираат.

Се наоѓаме на Могилата на непобедените, многу симболично место, место кое актуелната власт на заминување на СДСМ и ДУИ би сакала да го заборави, да го избрише затоа што го потпишаа срамниот француски предлог со кој ја бришат македонската историја и македонската култура и засебност. Но, ова не може да се избрише и жртвите кои паднале за слобода во Втората светска војна секако не можат да се избришат.

Во следниот период очекуваме уште поголема мобилизација и уште поголема победа на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори на 8 мај.

Очекуваме најмногу гласови за ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 4 и најмногу пратеници кои ќе овозможат стабилна влада, влада во која нема да бидат дел ни еден од двата партнери во актуелната влада, ни СДСМ ни ДУИ со цел да можеме да ги реализираме проектите кои ги ветуваме, а за Прилеп се бројни.

Во делот на инфраструктурата ветуваме завршување во трите фази на експресниот пат Прилеп-Градско до крај на 2026 година, понатаму до крај на мандатот изградба на обиколница околу Прилеп, изградба на автопатско решение Прилеп-Битола граница со Грција. Планираме заживување на железничката пруга помеѓу Прилеп и Битола да се спојат практично двата града преку една брза линија, а понатаму да има редовна линија и помеѓу Прилеп, Битола и Солун со целосна реконструкција на железничката линија. Секако тука е и поддршката за решавање на инфраструктурните проекти во рамки на општината преку средствата кои ќе ги добива општина Прилеп секоја година и кои ќе бидат околу 8 милиони евра годишно. Тука се проектите за пензионерите, зголемување на пензијата за околу 5 илјади денари уште во првата година. Проектите за најмладите каде ќе има директен поврат на средства за родено прво дете некаде околу 30 до 40 илјади денари, за родено второ дете и до 100 илјади денари и за родено трето дете поврат на персонален данок додека детето не наполни 18 години што значи уште една плата да влегува во семејствата. Тука е и проектот купи или изгради куќа каде до половина од трошоците ќе ги покрива државата. И бројни други проекти за што ни е потребна стабилна влада, влада која ќе го штити македонскиот национален интерес, ќе ја враќа македонската национална гордост, ќе воведува функционална правна држава и ќе се бори силно со организираниот криминал и корупција.

Александар Николоски, носител на изборна единица 4

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер