ПРАЛИНИ СО ЕСПРЕСО КАФЕ

Рецепт на: Кристина Ангеловска Димовска. Гледајте „Избор на најдобри рецепти“ од Понеделник до Четврток во 10 часот на „Канал 5“

Потребни состојки: 400 гр. темно чоколадо, 5 жолчки, 200 гр. шеќер, 120 гр. путер, малку еспресо кафе и 50 мл. ликер од еспресо.

Постапка:

Во подлабок сад се варат на пареа 5 жолчки со 200 гр. шеќер.

Во друг сад се мати околу 120 гр. путер и се додаваат изладените жолчки и 200 гр. растопено темно чоколадо.

Сите состојки дополнително се матат се додека не се добие хомогена смеса.

Во добиениот крем се додава малку еспресо кафе измешано со 50 мл. ликер од еспресо.

Потоа сите состојки се мешаат се додека не се добие хомогена смеса.

Во друг сад се топат на пареа околу 200 гр. темно чоколадо кое се користи како основа за пралините.

Со топеното чоколадо се полни силиконски калап.

Потоа калапот се празни и се става во фрижидер да се излади околу 15 минути.

Откако ќе се излади калапот со оформени чоколадни ѕидови се полни со крем околу две третини од калапот.

Одозгора се дополнува со топено чоколадо, односно пралините се затвораат со истото.

На крај пралините се израмнуваат и се ставаат во фрижидер да се стегнат.

Србин постави чадори за своите сограѓани, како гест на љубезност

 Лука Алериќ од Панчево, Србија, ги освои своите следачи на Тикток со неодамнешниот свој гест. 

Имено, за време на дождливите и снежните денови, тој постави бесплатни чадори во центарот на градот, сакајќи да им помогне на своите сограѓани, особено оние кои не беа подготвени за новите временски услови.

- Се надевам дека барем малку им помогнав, напиша 25-годишниот Лука.

Под неговото видео, следеа коментари: „Лука е прекрасен, многу луѓе треба да се угледаат на него“, „Браво, вака се сака градот“, „Само продолжи така“, „Прекрасно е што мислиш на своите сограѓани“, „Среќа е кога некој мисли и се грижи за тебе - тоа се луѓе со душа“, „Браво, секоја чест за тебе“, „Ти си крал“...

@aleric.luka Nadam se da sam im pomogao malo #fy #foryou #pancevo #lukaaleric #pancevo❤️ #foryoupage #srbija #balkan #serbia ♬ original sound - aleric.luka

Лука привлекува внимание со слични гестови на љубезност и добрина кон другите луѓе. За него, тоа се „најслатко потрошени пари, бидејќи се дадени со љубов“, како што рече самиот во друго видео.

Претседателот на Уставниот суд Костадиновски на средба со претставници на ТИКА

Претседателот на Уставниот суд Костадиновски и судијата Скендер на работна средба со претставници на ТИКА.

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, и судијата Фатмир Скендер оствариле работна средба со претставници од Турската агенција за координација и соработка (ТИКА), предводени од главната координаторка за Скопје, Шејма Бабајигит.

Како што соопшти Уставниот суд, на средбата била констатирана успешната соработка помеѓу Судот и ТИКА во изминатите години.

-Претседателот Костадиновски изрази голема благодарност за поддршката што ТИКА во континуитет ја дава на Уставниот суд од аспект на зајакнување на техничките капацитети и опрема за поефикасно работење. Претседателот ги запозна присутните со тековните проекти кои се во насока на унапредување на дигитализацијата во Судот, по што од страна на координаторката Бабајигит беше истакнат интерес за идна соработка и поддршка на процесот на доопремување на Судот со техничка опрема, со цел зголемување на ефикасноста на работата, се наведува во соопштението.

На средбата е договорено соработката да се интензивира во текот на наредната година, за што ќе претстојат повеќе средби за утврдување на конкретните потреби и можности за нивна реализација.

-Последната донација од ТИКА за Уставниот суд беше реализирана во февруари оваа година, кога Судот доби техничка опрема составена од компјутери и печатачи за вработените. На оваа соработка претходеше опремување на салата за состаноци и прес-конференции во 2020 година, како и обезбедување техничка опрема во 2013 година, информира прес-службата на Уставниот суд.

Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог“ во Рим, Италија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вчера и денеска, на покана на својот италијански колега Антонио Тајани, е во работна посета на Рим.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вчера и денеска, на покана на својот италијански колега Антонио Тајани, е во работна посета на Рим каде учествуваше на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог“ и се обрати на панелот „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

„Медитерански дијалог“, појаснуваат оттаму, е годишна конференција на високо ниво за медитеранска геополитика, организирана од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка и ISPI (Италијански институт за меѓународни политички студии). Нејзината цел е да се преиспитаат традиционалните пристапи кон медитеранската област и да се адресираат заедничките предизвици на регионално и меѓународно ниво.

Во обраќањето, министерот Муцунски ја потенцирал посветеноста на Владата за исполнување на реформската агенда и финализирање на европското досие. Нагласил дека е потребно поблиско вмрежување и интеграција на нашата држава во европските структури што го покриваат медитеранскиот басен, како и зголемена интеракција со земјите од Европската Унија. Муцунски, меѓу другото, истакнал дека Република Северна Македонија, преку својата традиција на меѓуетнички дијалог, кохезија и мирно решавање на билатерални спорови, придонесува за стабилноста на Југоисточна Европа, промовирајќи европски вредности, добрососедски односи и регионална соработка.

Муцунски, исто така, нагласил дека геополитичките реалности, како војната во Украина и ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, ја нагласуваат потребата од колективни решенија кои ги надминуваат индивидуални напори на поединечни држави. Муцунски ја истакнал важноста на поврзаноста на Северна Македонија со Европа и поширокиот Медитеран, особено преку Коридорите VIII и X, дел од новиот Европски транспортен коридор за поврзување на Југоисточна и Централна Европа.

Дополнително, тој го посочил потенцијалот за обновливи извори на енергија, кој ја позиционира нашата држава како лидер во зелена транзиција во регионот.

притисни ентер