Позната атлетичарка „си ја отвори душата“ по Олимпијадата: Трпам малтретирање

Јамајканската спринтерка Џунел Бромфилд (26) неодамна отворено проговори за злоставувањето кое го доживеала за време на Олимписките игри во Париз.

Јамајканската спринтерка Џунел Бромфилд (26) неодамна отворено проговори за злоставувањето кое го доживеала за време на Олимписките игри во Париз, а сето тоа поради врската со Ноа Лајлс (27), актуелниот олимписки победник на 100 метри од Соединетите Американски Држави.

Бромфилд, која освои олимписки медал во штафетата 4х400 метри на Игрите во Токио, се соочи со бројни злоупотреби на социјалните мрежи, каде беше наречена „продадена“ за врската со американскиот спринтер, па дури и доби и смртни закани.

- Со недели трпам онлајн малтретирање, а кога зборувам за тоа, излегува дека сум лажго - рекла Бромфилд, кој е во врска со Лајлс во последните две години.

– Мислев дека го надминавме расизмот во Јамајка, особено како народ – напиша таа на социјалните мрежи. Иако не успеа да напредува подалеку од полуфиналето на 400 метри во Париз, Бромфилд сè уште е дел од успешниот тим на Јамајка во штафета на 4x400 метри, кој освои сребро на Светското првенство во 2022 година и бронза на Олимписките игри во Токио 2020 година.

Ноа Лајлс застана во одбрана на својата партнерка, посочувајќи дека уште поимпресивно од нејзините спортски резултати е како се справува со омразата и непочитувањето од сопствената земја.

„Оваа жена е нападната од луѓе кои никогаш не ја запознале, кои никогаш не го слушнале нејзиното име, не ја виделе нејзината насмевка или не научиле во што верува“, изјави Лајлс.

„Празнина“-последна премиера за годинава на Струмичкиот театар

Со премиерата на претставата „Празнина“, која е закажана за задутре, Народниот театар „Антон Панов“ ќе ја спушти завесата на годинашниве нови остварувања. 

Претставата е работена според драмска предлошка, драматизација, работена по мотиви на издвоени сцени од драмскиот текст „Празно“ од авторката Алис Бирч.

Според најавата за претставата, секоја сцена е засебна „приказна“, а пак логичната поврзаност помеѓу сцените не е очигледна, туку таа се насетува некогаш преку реплика, некогаш преку зададена состојба, некогаш поради потребата да се надгради една или повеќе драмски ситуации, некогаш преку драмската атмосфера, некогаш во драмската пауза, некогаш во она што го нема, а сепак е присутно.

-Позицијата на жената и децата во општеството се слика низ сцени во кои тие се поставени во ситуација на соочување со правосудниот систем, соочување со кривичен прогон, одземена слобода, затворски услови, соочување со злосторство, личната трансформација при преиспитување на сопствената вина, личната трансформација при состојба на каење, личната трансформација преточена во резигнација..., напишано е во најавата за оваа премиера.

Режијата, сценографијата и изборот на музиката се на Васил Христов, драматизацијата на Викторија Рангелова и Васил Христов, асистент на режијата е Драгана Таневска, костимите се на Розе Трајчевска,а дизајнот на рекламниот материјал е на Денко Матевски.

Во „Празнина“ настапуваат Ангелина Тренчева-Ангелова, Коста Ангов, Јасмина Билаловиќ и Ања Митиќ како гостинки, Ванчо Василев, Танкица Стојанова и Игор Тодоров.

Забрана за пловидба од неколку грчки пристаништа поради силниот ветер

Поради силниот ветер што достигнува до осум и десет Бофори, односно над 40 километри на час, од утрово во сила е забрана за пловидба од неколку грчки пристаништа меѓу кои и трите атински, јави дописничката на МИА од Атина.

Бродовите и траектите останаа закотвени на пристаништата во Лаврио, Рафина и најголемото Пиреа во Атина, а единствено сообраќаат оние што пловат кон малите острови во близина на грчката метропола.

Веќе неколку дена Грција е зафатена од невремето „Елена“ што донесе обилни врнежи од дожд во областа Атика, поширокиот регион на Атина и на островот Евија, како и снег на планините.

За помалку од 24 часа, од средата вечерта до вчера попладне, противпожарната служба примила над 100 повици во областа Атика./МИА

Во Албанија отворена лабораторија за кибер безбедност

Националната управа за кибер безбедност на Албанија отвори лабораторија за кибер безбедност - напредна платформа за обработка и симулирање на дигитални закани.

Според објавата на социјалните мрежи, таа лабораторија е создадена за да ги зајакне експертите за кибер безбедност, обезбедувајќи интензивна обука за заштита на критичните инфраструктури и справување со глобалните технолошки предизвици.

Шефот на Националната управа за кибер безбедност, Игли Тафа, рече дека главната цел на оваа лабораторија, во рамките на процесот на дигитализација на Албанија, е да привлече нови таленти.

„Албанија конечно има лабораторија за кибер безбедност. Ова е модерна лабораторија, слична на лабораториите во развиените земји ширум светот, како што се оние во САД, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Сингапур итн. Оваа лабораторија ќе служи како алатка за обука на експерти, јавни и приватни оператори од областа на кибер безбедноста“, рече Тафа.

Според него, таа лабораторија ќе биде отворена и за универзитети, стручни училишта, па дури и за средни училишта.

„Главната цел е да се привлечат таленти. Оваа лабораторија е вистинското место каде што ќе се спроведува практична обука со користење на информатички и оперативни технологии, низ овој широк опсег", посочи Тафа./МИА

притисни ентер