Познат атлетичар е пронајден мртов во автомобил со убодна рана во вратот

Бенџамин Киплагат, спортист од Уганда, е пронајден мртов во Кенија, соопшти полицијата, пренесува France24.com.

Според пишувањата на локалните медиуми, Киплагат бил пронајден во автомобил со убодна рана во вратот, па се претпоставува дека бил нападнат и избоден до смрт.

Киплагат, Кениец по потекло, ја претставуваше Уганда на 3.000 метри стиплчез и се натпреваруваше на неколку Олимписки игри и Светски првенства.

Неговото тело е пронајдено во близина на градот Елдорет, каде што живеат многу спортисти.

– Покрената е истрага, а полицајци се на терен и го истражуваат случајот – изјавил полицискиот командир во Елдорет, Стивен Окал.

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

 Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ на синоќешното свечено отворање на фестивалот додели Почесна „Златна Камера 300“ на Јанаки Манаки.

Во 1996 година фестивалот во Битола на Милтон Манаки му додели награда Почесна „Златна Камера 300“ за животно дело, потсети директорот на фестивалот Симеон Мони Дамески.

-Решивме да ја исправиме оваа неправда и затоа оваа година доделуваме Почесна „Златна Камера 300“ за животно дело на Јанаки Манаки, истакна Дамески.

Наградата беше врачена на Милтон, внукот на Јанаки Манаки кој истакна дека фестивалот „Браќа Манаки“ е уникатен фестивал, еден од малкуте фестивали во светот што ги слават кинематогаферите.

-Прв пат мојот татко ја прими наградата златна „Камера 300“ во името на неговиот татко. Голема е честа и благодарност што оваа награда ја добива нашето семејство, и во име на нашиот Јанаки Манаки, истакна внукот Милтон.

Пред аудиториумот во Битола, директорот на фестивалот Симеон Мони Дамески, најави дека наскоро ќе се постави и споменик на Јанаки Манаки кој се очекува да биде во непосредна близина на споменикот на Милтон Манаки што се наоѓа пред НУ Центар за култура, во центарот на градот.

Денеска во Битола ќе бидат промовирани три, од вкупно 18 ѕвезди на „Патеката на славните“ што се наоѓа на Широк Сокак, а почнува од пред киното Манаки каде се поместени ѕвездите на Милтон Манаки, Јанаки Манаки и Данте Спиноти.

Во Битола синоќа почна 45. издание на интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој годинава се одржува под мотото „Еден е Манаки“.

Најстариот светски фестивал на кинематогаферите за отворен го прогласи претседателката Гордана Силјановска Давкова која заради престој во странство, своите пораки ги искажа низ видео обраќање.

-Со право важниот и чудесен настан „Браќа Манаки“ ги слави и величи кинематограферите како волшебници и магионичари кои од приказната прават слика и филм. Сите ние имаме лична историја запишана во нашата или нечија меморија. Во книгите или во видеозаписите како што Милтон и Јанаки ги запишале и сочувале големите собитија на почетокот на 20 век, но и малите секојдневни работи и активности. Нивните записи се не само историја, туку и уметност, битолска, национална, регионална и светска. Да продолжиме да ги чествуваме и славиме браќата Манаки. Да ги сакаме, негуваме и славиме, филмот и уметноста, да го живееме животот, оти едни и единствени се браќата Манаки, порача претседателката Силјановска Давкова, прогласувајќи го фестивалот за отворен.

Според востановената традиција, на големата сцена во Битола беше доделена наградата „Златна Камера 300“ за животно дело која му припадна на францускиот кинематографер Бруно Далбонел, а ја врачи претседателот на владата Христијан Мицкоски, наградата за особен придонес во светската филмска уметност ја доби Јоланта Дилевска, а ја врачи градоначалникот Тони Коњановски.

Пред аудиториумот во Битола лауреатот Далбонел истакна дека тоа што сакам да го направам е да му вратам на киното за тоа што киното направи за мене, додека пак Дилевска посочи дека признанието е голема награда за сите филмски работници со кои што таа работела. И благодарам на Македонија за оваа награда, рече Дилевска.

Во името на градот домаќин, гостите ги поздрави градоначаликот Тони Коњановски кој нагласи дека Битола продолжува да биде креативен центар за најдобрите светски директори на фотографијата, откривајќи низ времето нови таленти кои денес важат за врвни уметници на филмската фотографија и кинематографија закитени со наградите од нашиот фестивал.

Церемонијалот на свечено отворање на фестивалот беше заокружен со доделување на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, чиј годинашен добитник е Димитар Грбевски, македонски филмски и телевизиски монтажер.

На филмското платно во Битола во моментов се прикажува филмот „Партенопе“ во кој кинематогафер е Дариа Д’ Антонио.

Започна акцијата за отстранување граната од центарот на Белград

Министерот за внатрешни работи на Стрбија , Ивица Дачиќ денеска изјави дека 130 припадници на полицијата учествуваат во преместувањето на артилериска граната, останата од Првата светска војна,

Министерот за внатрешни работи на Стрбија , Ивица Дачиќ денеска изјави дека 130 припадници на полицијата учествуваат во преместувањето на артилериска граната, останата од Првата светска војна, од локација во центарот на Белград на безбедна локација во Делиблатско песочиште, каде што ќе биде уништена.

Тој за Радио телевизија на Србија (РТС) изјави дека станува збор за артилериска граната од калибар 305 мм, тешка повеќе од 280 килограми.

Дачиќ додаде дека се надева оти нема да има компликации при извршувањето на таа акција.

Трамп: Доцна е за уште една претседателска дебата, Американците почнаа да гласаат

 Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори во САД, Доналд Трамп изјави дека е „доцна“ за уште една претседателска дебата бидејќи Американците почнаа да гласаат на изборите.

„Проблемот со друга дебата е што е само доцна, гласањето веќе почна“, нагласи Трамп на митинг во Вилмингтон, Северна Каролина.

Трамп додаде, мислејќи на потпретседателката на САД и демократска кандидатка Камала Харис, дека таа сака да дебатира сега затоа што силно губи.

притисни ентер