Портпаролот на израелската армија го предупреди Иран од понатамошна ескалација

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари го предупреди Иран од понатамошна ескалација по завршувањето на израелските одмазднички напади врз Иран.

- Ако режимот во Иран направи грешка да почне нова рунда на ескалација – ние ќе бидеме обврзани да одговориме, рече Хагари утрово.

- Нашата порака е јасна: Сите оние кои и се закануваат на државата Израел и се обидуваат да го вовлечат регионот во поширока ескалација – ќе платат висока цена, нагласи тој.

- Денеска покажавме дека имаме и способност и решителност да дејствуваме решително – и сме подготвени – во напад и одбрана – да ја браниме државата Израел и народот на Израел, продолжи Хагари.

Хагари рече дека нападите врз воени цели во Иран ги спречиле непосредните закани за Израел. /МИА

Белата куќа го предупреди Иран за последици доколку одговори на новите израелски напади

 Белата куќа соопшти дека вечерашните израелски напади врз Иран треба да ги прекинат директните напади меѓу двете земји, истовремено предупредувајќи го Техеран за последиците доколку одговори.

Висок функционер на Белата куќа рече дека администрацијата верува дека израелската операција треба да ја „затвори директната воена размена“ меѓу Израел и Иран, и оти другите сојузници на САД се согласуваат.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот советник за национална безбедност Џејк Саливан беа информирани за време на нападот, изјавил анонимен функционер.

Тој додал дека израелската операција била „обемна, насочена и прецизна“. Официјалниот претставник нагласи дека САД не биле вклучени во нападот.

Израел во текот на ноќта нападна воени цели во Иран како одговор на ракетните напади на Техеран претходно овој месец.

Иран соопшти дека неговиот систем за противвоздушна одбрана „успешно се спротивставил на израелските напади врз воени цели во провинциите Техеран, Кузестан и Илам со ограничена штета на некои локации“. /МИА

Израелската армија во контролирана експлозија уништи резерви на оружје на Хезболах

Во северниот дел на Израел утрово беа издадени предупредувања за земјотрес по контролираната експлозија на резерви на оружје на либанската милитантна група Хезболах од страна на израелските сили.

Израелската метеоролошка служба соопшти дека издала предупредување за земјотреси откако мерните уреди регистрирале земјотрес по поголема контролирана експлозија што утринава била извршена на северот на Израел, пренесе порталот Инет.

Во експлозијата биле уништени резерви на оружје на Хезболах, се вели во соопштението./МИА

Гвардиол: Меси беше мојот идол

 Хрватскиот фудбалски репрезентативец, Јошко Гвардиол даде свое видување за настапите од почетокот на сезоната.

На осум натпревари од сезоната во Премиер лигата, дефанзивецот на Манчестер Сити постигна два гола.

- Мојот идол беше Меси. Кога играш дефанзивец 10-15 години, се заморуваш од тоа. Како помлад, играв насекаде - крилен играч, дефанзивен играч за врска, офанзивен играч за врска, па дури и напаѓач. Се чувствувам удобно во која било позиција и често завршувам на внатрешната лева страна бидејќи тоа го сака тренерот, рече Гвардиол.

Пред да дојде во Манчестер сити, Гвардиол играше за Динамо Загреб и за Лајпциг. /МИА

притисни ентер