Поранешниот англиски репрезентативец- педофил, пуштен од затвор по половина отслужена казна

Поранешниот англиски репрезентативец Адам Џонсон (31) , осуден на шест години затвор , излезе на слобода по отслужена половина од казната.

Поранешниот фудбалер на Садерленд и Манчестер Сити е осуден поради сексуален напад врз 15 годишна обожавателка. Таткото на Адам пристигнал утрово со Мерцедес со затемнето стакла и го однел поранешниот репрезџентативец во неговата вила во Еден , село во округот Дурам.

Џонсон за време на судскиот процес повеќе пати го лажел судијата , со цел да ја задржи платата како фудбалер на Садерленд , која изнесувала 60 000 фунти неделно.

Како сексуален престапник тој сега по излегувањето од затвор ќе треба на полицијата да и ги предаде информациите за своето движење и престој , како и банкарската сметка. Ќе може да работи само ако добие одобрение од службеникот за условно пуштање на слобода.

Исто така нема да смее да остане на само со својата 4 годишна ќерка Ајла, а социјалните служби ќе прават проценка за ризик од средбите на девојчето со него. Исто важи и за други деца.

Џонсон кон овие и ред други услови ќе треба да се придржува во наредните 15 години , што било предуслов да биде пуштен на слобода по само три од пресудените шест години затвор.

Хамас ќе одговори на планот за примирје во Газа во Египет в понеделник

Висок функционер на Хамас изјави денеска дека групата ќе го даде својот одговор на последниот  предлог на Израел за прекин на огнот во Газа в понеделник во Египет.

„Делегација на Хамас предводена од Калил ал-Хаја утре ќе пристигне во Египет... и ќе го достави одговорот на движењето“ на израелскиот предлог за време на состанокот со египетските разузнавачи, рече функционерот кој одби да биде именуван во изјавца за француски медиуми.

Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо е во трансфер плановите на Манчестер Јунајтед, објави денеска каталонскиот весник „Спорт“.

Според истиот извор, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на 25-годишниот Уругваец и е подготвен да му понуди на каталонскиот клуб повеќе од 80 милиони евра за трансферот.

Во моментов Араухо води преговори за продолжување на договорот со Барселона, но според медиуми, англискиот тим е во позиција да му понуди поповолни услови.

Араухо се пресели во Барселона во летото 2018 година.

притисни ентер