Поради тајфунот „Кратон“ во Тајланд евакуирани 4.000 лица

Околу 4.000 луѓе се евакуирани во Тајван поради тајфунот „Кратон“, кој донесе силен ветер и обилни врнежи.

Во изминатите четири дена, најмалку 93 сантиметри дожд паднаа во крајбрежната област Таитунг, а 29 сантиметри паднаа во пристанишниот град Каосиунг пред тајфунот „Кратон“.

Тајфунот, кој генерира ветрови со брзина од 209 километри на час, се очекува утре наутро да стигне до густо населениот западен брег на Тајван, соопшти Централната метеоролошка управа.

Тајфуните ретко се случуваат на западниот брег на Тајван, наместо тоа често ја погодуваат планинската, источна страна на островот.

Властите ги затворија училиштата и владините канцеларии низ островот и ги откажаа сите локални летови.

Во источниот дел на округот Хуалиен, повеќе од 3.000 луѓе се евакуирани од населбите подложни на свлечишта.

Речиси 200 луѓе во југозападниот град Таинан и повеќе од 800 жители на јужниот дел на округот Пингтунг, исто така, беа евакуирани.

Утринава центарот на тајфунот беше на околу 130 километри југозападно од Каосиунг, движејќи се североисточно со брзина од околу осум километри на час. Градоначалникот на Каосиунг, Чен Чимаи, претходно ги предупреди жителите да не се приближуваат до областите подложни на поплави и лизгање на земјиштето во близина на реки, мориња и планини.

Тој го спореди интензитетот на „Кратон“ со тајфунот „Телма“, кој го опустоши Каосиунг во 1977 година и уби 37 луѓе. Во Каосиунг, повеќето продавници и ресторани се затворени втор ден по ред. Речиси 40.000 војници се подготвени за да помогнат во спасувањето. Тајфунот ги погоди северните филипински острови во понеделникот, при што загинаа четири лица, а најмалку 5.000 се евакуирани, соопштија властите.

Диди доживеал нервен слом во притвор!?

Откако сфатил дека нема да излезе од притвор за празниците, контроверзниот музичар Паф Диди доживеал нервен слом?

Контроверзниот рапер Шон Диди Комбс кој беше уапсен во средината на септември, а Божиќ го помина зад решетки оваа година е во хаос. Тоа што празниците ги поминал во притвор наводно му било многу тешко и како што пренесува Мирор доживеал „нервен слом“.

Диди е во притвор во Њујорк, обвинет за рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и злосторства поврзани со проституција. Освен тоа, неколку лица го обвинија за физичко и сексуално насилство. Се очекува раперот да го чека во притвор неговото судење закажано за 5 мај 2025 година, со оглед на тоа што веќе три пати му била одбиена кауција.

Откако сфатил дека нема да биде надвор од притвор за Божиќ, доживеал нервен слом и ги молел чуварите да го однесат на преглед во затворската болница, што тие го одбиле.

Извори за медиумите изјавија дека Диди верувал дека ќе може да излезе со кауција бидејќи со себе имал „силен правен тим“, што не се случило.

Потврдена пресуда против Трамп за сексуално злоставување

Одлуката ја донесе тричлен судски совет на Вториот окружен апелациски суд во Менхетен.

Федерален суд во САД ја потврди пресудата од пет милиони долари кои Џин Керол треба да ги добие според тужбата против Доналд Трамп, откако поротата го прогласи поранешниот претседател за виновен за сексуално злоставување и клевета на поранешната колумнистка на списанието „Ел“.

Одлуката ја донесе тричлен судски совет на Вториот окружен апелациски суд во Менхетен.

Пресудата од мај 2023 година произлегува од инцидент од 1996 година во продавницата „Бергдорф Гудман“ во Менхетен. Керол изјави дека Трамп ја силувал, а тој во октомври 2022 година на мрежата „The Social Truth“ нејзиното тврдење го нарече измама.

Поротата не утврди дека се случило силување, но додели 2,02 милиони долари за сексуален напад и 2,98 милиони долари за клевета. Друга поротај, во јануари 2024 година, пресуди дека Трамп треба да ѝ плати на Керол 83,3 милиони долари за клевета поради изјавите од јуни 2019 година, кога првпат ја негираше нејзината приказна.

Трамп тврдеше дека не ја познава Керол, дека „не е негов тип“ и дека приказната е измислена за да ја промовира својата книга. Тој поднесе жалба за пресудата од 83,3 милиони долари.

Судските процеси продолжуваат и покрај тоа што Трамп повторно беше избран за претседател на изборите на 5 ноември.

Гаши: Ако веќе неколку пати ни се случуваат бегства треба да утврдиме зошто

Немам информации каде би можел да биде Артан Груби, но доколку лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека знае каде е, тогаш тој треба да се повика и да се праша – вели за Канал 5 претседателот на Собранието Африм Гаши.

-Меѓуетничките односи во Македонија се кревки уште од независноста и секогаш треба да се внимава на тие теми.Многу е важно граѓаните да знаат дали некои работи се поради меѓуетнички тензии или политичка корист.Владејачката коалиција не работи врз основа на притисоци едни кон други. Во нашата предизборна програма уставните измени не беа услов. Како мнозинство имаме заеднички став за уставните измени и бараме гаранции за да го обезбедиме процесот, рече меѓудругото во интервјуто за Канал 5 Гаши.

Во видеото погледнете го целиот разговор на Јован Ѓоргоски со спикерот Африм Гаши.

притисни ентер