Погба може да ја продолжи кариерата во САД или Саудиска Арабија

 Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија или САД, пренесува инсајдерот Николо Шира.

Неколку клубови од овие земји веќе покажале интерес за 31-годишниот Французин.

На 4 октомври Судот за спортска арбитража (CAS) го намалил периодот на дисквалификација на Погба поради кршење на антидопинг правилата од 4 години на 18 месеци. Суспензијата на играчот ќе важи до март 2025 година.

На 5 октомври беше објавено дека Јувентус ќе го раскине договорот со Погба.

Во акција на „Скопска Пивара“ од дното на Охридското Езеро извадени речиси 4 километри мрежи

Успехот на оваа акција е потврда за нашата постојана посветеност кон заштита на природата. 

Во рамки на платформата Скопско „Наша гордост, наша одговорност“ деновиве по втор пат беше спроведена акцијата за чистење на Охридското Езеро од т.н. мрежи-духови, реализирана преку активност на „Пивара Скопје“ како општествено одговорна компанија и Нурачкиот центар „Амфора“ од Охрид.

Активностите спроведени од четворица нуркачи во периодот од 1 до 4 овој месец се спроведуваа на четири локации на дното на езерото, при што во 78 нуркања се извадени вкупно 3856 метри мрежа.

„Успехот на оваа акција е потврда за нашата постојана посветеност кон заштита на природата. Овие рибарски мрежи со години се таложеле на дното на езерото, претставувајќи закана за биодиверзитетот и заштитените видови што живеат во ова уникатно природно богатство Со платформата Наша гордост наша одговорност’. ‘Скопско’ се стреми да направи значителни промени во начинот на кој се грижиме за нашите природни ресурси. Охридското Езеро е наше национално богатство, и нашата цел е да го зачуваме чисто и безбедно за идните генерации“, вели Марта Завкова, менаџер во „Пивара Скопје“.

Инаку, мрежите-духови се напуштени, изгубени или оставени рибарски мрежи кои продолжуваат да бидат стапица за риби, птици и други организми и се уште една значителна закана за кревкиот еко-систем на Охридското Езеро. Редовните акции за чистење се клучни за спречување на акумулацијата на мрежи духови. Ако овие мрежи не се отстрануваат редовно, последиците можат да бидат сериозни намалувајќи ги рибните популации и предизвикувајќи долгорочна штета на биодиверзитетот и локалната економија.

„Горди сме што сме дел од оваа иницијатива што има за цел да го зачува Охридското Езеро и неговите ендемски видови. Со заеднички сили успеавме да отстраниме значителен дел од мрежите-духови кои претставуваа закана за живиот свет во езерото. Ова е важен чекор кон обновување на подводниот екосистем“, вели Јован Секулоски од нуркачкиот клуб Амфора.

Од „Пивара Скопје“ посочуваат дека компанија ориентирана кон иднината, преку платформата „Наша гордост, наша одговорност“ ќе продолжи да дејствува во сферата на заштита на животната средина , во обид да ги обедини граѓаните, организациите и институциите кои ги делат истите вредности и заложби за одржлив развој, со крајна цел подигнување на колективната свест и движење напред кон одржливо општество.

Музиката може да поттикне побрз раст и развој на растенијата

Изложувањето на растенијата на монотон звук ја стимулира активноста на габите, коишто пак, може да поттикнат побрз развој на растенијата, покажува ново истражување. 

Наодите на Универзитетот „Флиндерс“ во Аделаида, Австралија, се објавени во списанието „Бајолоџи летерс“ (Biology Letters).

Ова откритие оди во насока на потврда на можноста дека музиката може да биде корисна за побрз раст на земјоделските и градинарските култури.

- Дали може да влијаеме на микробните заедници на почвата или растенијата како целина? Може ли да го забрзаме процесот на обновувањето на земјиштето со стимулирање со природни звуци? Каков ефект може да има ова врз фауната на земјата? Има многу важни прашања што не окупираат и на што работиме, појасни водечкиот автор на испитувањата, Џејк Робинсон.

И забавно-научното ТВ-шоу „Разбивачи на митови“ (Mythbusters) своевремено ја тестираше оваа хипотеза со повеќе видови музика. Полунаучните наоди открија дека дет-металот и класичната музика (Моцарт) се наводни „малку поделотворни“ врз растенијата од другите видови музика.

Имајќи предвид дека растителниот свет денес се соочува со низа предизвици и проблеми за коишто е одговорен човекот. Имено, поради ерозијата на почвата, уништувањето на шумите, загадувањето и зголемената опасност од исчезнување на одредени растителни видови, научниците стравуваат дека иднината на светот биодиверзитетот и посевите да бидат загрозени.

Врз основа на претходни испитувања, каде што бактерија „E. coli“ била изложена на звучни бранови, австралиските истражувачи го испробаа влијанието на звукот врз растот и развојот на габата „Trichoderma harzianum“.

Оваа габа често се користи во органското земјоделство поради нејзината способност да ги заштити растенијата од патогени, да ја подобри количината на хранливи материи во почвата и да го забрза растот. Така, научниците ја изложиле флората на звукот „Tinnitus Flosser Masker на 8 kHz“. Тоа е комбинација од различни звуци на различни фреквенции што човечкото уво може да ги слушне, наменети за смирување на тинитусот (зуење во ушите) или за запивање на бебињата.

- Замислете да го слушнете звукот на старо радио меѓу каналите. Ги избравме овие монотони звуци од контролирани, експериментални причини, но можеби, разновиден или природен звучен пејзаж, би било подобар избор, изјави Робинсон.

Според едно објаснение, акустичниот бран се претвора во електрично полнење што ги стимулира печурките, и тоа е познато како „пиезоелектричен ефект“. Се работи за создавање електричен полнеж (а со тоа и електричен напон) на површината на специјално исечен кристал, којшто е еластично деформиран од надворешна сила.

А пак, друга теорија се однесува на ситните рецептори на габичните мембрани наречени механорецептори. Тие можат да се споредат со илјадниците механорецептори на човечката кожа одговорни за сетилото за допир, со што човекот одговара на притисок или вибрации.

- Ние претпоставуваме дека звучните бранови ги стимулираат овие механорецептори во габите, коишто потоа предизвикуваат верига биохемиски настани што ги вклучуваат или исклучуваат гените, како што се оние одговорни за растот, рече Робинсон.

Тој додаде дека прелиминарните истражувања посочуваат дека габите реагираат на звукот, но науката сè уште не знае дали тоа им користи и на растенијата. Тоа ќе значи оти истражувањето продолжува.

До крајот на денов сончево со мала до умерена локална облачност, среда и петок дожд

Времето до крајот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Само во Полошката Котлина во поголем дел од денот ќе се задржи ниска облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 27 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Температура до 24 степени.

Синоптичарите најавуваат дека во текот на оваа седмица во утринските часови по котлините ќе има ниска облачност, а во текот на денот насекаде ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време. Во среда и петок ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.

- Утринските температури утре изутрина ќе бидат пониски, а потоа и утринските и дневните ќе бидат во пораст, соопштуваат од УХМР.

притисни ентер