Почина помладиот брат на Мадона

Помладиот брат на кралицата на попот Мадона, Кристофер Циконе, починал во петокот на 63-годишна возраст. 

Семејството ѝ ја потврди тажната вест на јавноста.

Кристофер почина по долга борба со ракот. Беше исклучително близок со својата сестра, поп-дивата, а на почетокот на нејзината кариера беше дури и резервен член на нејзината танцувачка постава, а подоцна и шминкер, пренесува TMZ.

Грузиски сон повторно почнува процедура за отповикување на претседателката Зурабишвили

Владејачката партија Грузиски сон повторно поведе процедура за отповикување на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили.

Претседателот на грузискиот Парламент, Шалва Папуашвили наведе и дека е планирно поднесување на уште една тужба пред Уставниот суд поради „странските посети на Зурабишвили без одобрение на Владата.

Тој додаде дека тужбата пред Уставниот суд на Грузија ќе биде поднесена пред изборите во Грузија.

- Ако тоа успее, мандатот на Саломе Зурабишвили ќе биде скратен за околу еден месец. Овој чекор е повеќе од симболичен карактер, па прекршителката на Уставот, Саломе Зурабишвили, ќе влезе во историјата не само како поранешна претседателка, туку и како суспендирана претседателка, истакна Папуашвили.

Грузиски сон се обиде да ја отповика Зурабишвили во октомври 2023 година поради турнејата за поддршка на европската интеграција без дозвола на Владата, но тогаш на владејачката партија и недостасуваа неколку гласови во Парламентот. Таа по постапката за импичмент оствари неколку странски посети без согласност на грузиската Влада, вклучително и минатата недела во Франција, Германија, Полска и Белгија.

Донарума: Критиките не ме засегаат

Голманот на Пари Сен-Жермен,  Џанлуиџи Донарума се осврна на синоќешното реми со Ница (1:1) во 7. коло од Лига 1.

- Првото полувреме не помина добро, мораме да играме подобро. Мора да додадеме на интензитет, ова е исклучително важно. Во вториот дел одигравме подобро. Многу сум лут што повторно примивме гол. Треба да бидеме поагресивни. Критиките не ме засегаат, јас сум подготвен за тоа, изјави Донарума за „L’Equipe“.

Италијанецот изминатите неколку дена е критикуван во француските медиуми поради лошите изданија на неколку натпревари на ПСЖ. Се шпекулира дека му е загрозено и местото во почетниот состав.

По седум кола ПСЖ е на второто место во поредокот во Француското фудбалско првенство со 17 бодови.

Скопје на глобалната мапа: Климатон 2024 – Заедно кон позелен град

Уникатна е приказната за едно вакво глобално движење кое го обединува светот во заедничка цел и воедно овозможува видливост за локалните решенија, размена на искуства и експертиза. 

На 25 и 26 октомври во организација на Центарот за развој на менаџери и претприемачи (CEED Hub) Скопје , стартапи, иноватори, ентузијасти, студенти и активисти ќе се натпреваруваат за најдоброто решение за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје. Climathon е глобална иницијатива на EIT Climate-KIC, водечка европска агенција и заедница за климатски иновации, која обединува 60-тина градови кои бараат решение за клучните климатски предизвици ширум светот. Се организира од 2015 година, а досега се вклучени околу 600 организатори и одржани 1.000 настани со над 30.000 учесници.

„Уникатна е приказната за едно вакво глобално движење кое го обединува светот во заедничка цел и воедно овозможува видливост за локалните решенија, размена на искуства и експертиза. CEED Hub Skopje е првата организација во нашата земја која организира климатони под оваа франшиза кога за прв пат во 2023 беше претставен предизвикот за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје. Настанот вообичаено се случува во ист период во многу светски градови, на пример оваа година Скопје ќе има Климатон во ист ден со Торонто“, вели Елена Хаџи Пецова од CEED Hub Skopje.

CEED Hub Skopje ги поканува сите заинтересирани да се пријават и да учествуваат на климатонот, без разлика дали се веќе формирани тимови или поединци со иновативни идеи на кои ќе им биде доделен тим. Краен рок за пријавување е 15 октомври, а ќе бидат избрани најмногу 10 тимови. Наградниот фонд за победничкиот тим е 6.000 евра, обезбеден од Шпаркасе Банка.

Пријавувањето е на следниот линк.

Настанот е структуриран како интензивен дводневен хакатон каде тимовите на учесници ќе работат на развивање решенија за еколошки предизвици специфични за Скопје, како загадување на воздухот, енергетска ефикасност, управување со отпадот и сл. Стручни ментори ќе ги водат тимовите во текот на настанот, а учесниците ќе ги претстават своите идеи пред комисија.

Ова иницијатива е организирана во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од американската непрофитна организација Унапредување на економиите за посилни заедници (IESC), во партнерство со Центарот за развој на менаџери и претприемачи (CEED Hub) Скопје и Младински образовен форум.

УСАИД

притисни ентер