Во акција на „Скопска Пивара“ од дното на Охридското Езеро извадени речиси 4 километри мрежи

Успехот на оваа акција е потврда за нашата постојана посветеност кон заштита на природата. 

Во рамки на платформата Скопско „Наша гордост, наша одговорност“ деновиве по втор пат беше спроведена акцијата за чистење на Охридското Езеро од т.н. мрежи-духови, реализирана преку активност на „Пивара Скопје“ како општествено одговорна компанија и Нурачкиот центар „Амфора“ од Охрид.

Активностите спроведени од четворица нуркачи во периодот од 1 до 4 овој месец се спроведуваа на четири локации на дното на езерото, при што во 78 нуркања се извадени вкупно 3856 метри мрежа.

„Успехот на оваа акција е потврда за нашата постојана посветеност кон заштита на природата. Овие рибарски мрежи со години се таложеле на дното на езерото, претставувајќи закана за биодиверзитетот и заштитените видови што живеат во ова уникатно природно богатство Со платформата Наша гордост наша одговорност’. ‘Скопско’ се стреми да направи значителни промени во начинот на кој се грижиме за нашите природни ресурси. Охридското Езеро е наше национално богатство, и нашата цел е да го зачуваме чисто и безбедно за идните генерации“, вели Марта Завкова, менаџер во „Пивара Скопје“.

Инаку, мрежите-духови се напуштени, изгубени или оставени рибарски мрежи кои продолжуваат да бидат стапица за риби, птици и други организми и се уште една значителна закана за кревкиот еко-систем на Охридското Езеро. Редовните акции за чистење се клучни за спречување на акумулацијата на мрежи духови. Ако овие мрежи не се отстрануваат редовно, последиците можат да бидат сериозни намалувајќи ги рибните популации и предизвикувајќи долгорочна штета на биодиверзитетот и локалната економија.

„Горди сме што сме дел од оваа иницијатива што има за цел да го зачува Охридското Езеро и неговите ендемски видови. Со заеднички сили успеавме да отстраниме значителен дел од мрежите-духови кои претставуваа закана за живиот свет во езерото. Ова е важен чекор кон обновување на подводниот екосистем“, вели Јован Секулоски од нуркачкиот клуб Амфора.

Од „Пивара Скопје“ посочуваат дека компанија ориентирана кон иднината, преку платформата „Наша гордост, наша одговорност“ ќе продолжи да дејствува во сферата на заштита на животната средина , во обид да ги обедини граѓаните, организациите и институциите кои ги делат истите вредности и заложби за одржлив развој, со крајна цел подигнување на колективната свест и движење напред кон одржливо општество.

Цената на становите во Скопје продолжува да расте

Становите и останатите недвижнини поскапија за 8% во третиот квартал од годинава, покажуваат податоците на народната банка.

Цените на недвижнините годинава бележат континуиран раст. во првиот квартал цените пораснаа за 4,6%, додека во вториот квартал растот беше од 11%. трендот на раст на цените на недвижнините во земјава почна во 2021 година, а во следната 2022 година цените достигнаа највисоко ниво.

Според податоците на државниот завод за статистика годинава изградбата на станови расте. така во јули за кога има и последни податоци планирани за градба биле 808 станови. Се гради во сите региони, а најмногу во скопје и во пелагонискиот регион. Последниот попис во земјава инаку, покажа дека 36% од становите се празни.

МЕПСО: Јавната набавка за хортикултурно уредување, е од претходното раководство

Јавната набавка за хортикултурно уредување, е постапка која ја распишала и  ја спровело претходното раководство на АД МЕПСО и наша определба е да не се потроши ниту еден денар за овој целосно непотребен трошок.

Потребата за ваква набавка е наведена во планот на јавни набавки за 2024 г., истата е објавена во месец мај а одлуката за избор на најповолна понуда е донесена на крајот на јули од страна на менаџерскиот тим во заминување. Бидејќи постапката беше во финална фаза, а соочени со можноста од правни последици, АД МЕПСО ја потпиша истата.

Инаку станува збор за рамковна спогодба склучена за временски период од 12 месеци што значи дека не постои обврска за искористување на средствата. Како нов менаџерски тим цениме дека набавката за хортикултурно уредување не е неопходна и за истата нема да се доставуваат нарачки. До овој момент не постојат финансиски импликации по однос на оваа спогодба и уверуваме така ќе биде до истекот на спогодбата.

Оттука цениме дека денешната прес конференција е само блед обид на ДУИ преку напади на кадрите на Села, компанијата да ја вовлече во партиски препукувања.

Ја повикуваме јавноста да ја следи реализацијата на набавката преку електронскиот систем за јавни набавки затоа што јавноста има право да знае како се трошеле и трошат средствата на компанијата која е во државна сопственост.

Инаку ова не е прв пример за непотребно трошење пари од страна на претходниот менаџерски тим ако се знае дека од буџетот на компанијата се трошеле пари за донации и спонзорства и таму каде што не било неопходно при што за оваа намена буџетот е пречекорен за околу 10 милиони денари.

Со почит,

АД МЕПСО

Градоначалникот Ѓорѓиевски на изложба на изработки на децата со церебрална парализа

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес ја посети изложбата на изработки подготвени од децата со церебрална парализа, по повод одбележување на Светскиот ден на лицата со церебрална парализа. 

Поставена е во Домот на култура “Билјана Беличанец”, каде овие дечиња се дружеа со градоначалникот и останатите посетители.

-Секогаш тука за моите најдраги пријателчиња! По повод Светскиот ден на лицата со церебрална парализа, денес се одржа изложба подготвена од вредните рачиња на овие мои најдобри другарчиња. Темата на која твореа е Македонија, а тука беше претставено целото наше културолошко непроценливо наследство и традиција кои се дел од нашата историја, корени и нашата иднина гледана преку очите на лицата и децата со церебрална парализа. Овој ден е само уште еден повод да се сретнеме и да си го разубавиме секојдневието, бидејќи нашите дружби се доста чести. Следејќи ги нивните потреби, им отворивме клуб како соодветен простор за игра и дружење, кој е целосно финансиран од мене и мојот тим. Внимаваме на нивната социјализација, на нивната инклузија и како човек и градоначалник секогаш ќе бидам тука за нив. Сите заслужуваат еднаква шанса. Ви благодарам за денешниот ден и прекрасните подароци-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

притисни ентер