Флик: Во име на цела Барселона му посакувам брзо закрепнување на Карвахал

Тренерот на Барселона, Ханс Флик, искажа поддршка за фудбалерот на лутиот ривал, Реал Мадрид, Дани Карвахал кој во саботата ги скина вкрстените лигаменти на десното колено.

- Му посакувам се најдобро на Дани во име на цела Барселона. Брзо да закрепне, изјави Флик.

Карвахал се повреди на натпреварот против Виљареал (2:0) во 9. коло од шпанската Ла Лига.

Реал вчера објави дека на играчот му биле дијагностицирани скинати предни вкрстени лигаменти, скинати надворешни колатерални лигаменти и скината тетива на десната нога. Карвахал ќе го пропушти остатокот од сезоната.

ДУИ: Бурим Латифи од МЕПСО потроши 15.000 евра за купување цвеќе

Демократската унија за интеграција денеска извести за неодговорното работење на МЕПСО и директорот на оваа важна институција Бурим Латифи кој реализира тендери за Хортикултурно уредување или народски кажано купува цвеќе за  над 1.000000 денари.

Демократската унија за интеграција денеска извести за неодговорното работење на МЕПСО и директорот на оваа важна институција Бурим Латифи кој реализира тендери за Хортикултурно уредување или народски кажано купува цвеќе за сума од над 1.000.000 денари.

Во прилог ви го праќаме говорот од Прес-конференцијата за медиуми исто така ги имате и Рамковната спогодба за јавна набавка на услуги.

Денеска сме тука да ја известиме јавноста за несовесното работење на МЕПСО, и нивниот Директор Бурим Латифи, кадар на партијата на Изет Меџити и негов прв братучед, кој наместо да го подготви електроенергетскиот сектор за престојната зима, реализира тендери за Хортикулурно уредување, или народски кажано купува цвеќиња за сума од над 1.000.000 денари.

Првата активност на новиот директор, братучед на Џентлменот Меџити, уште пред да се запознае со неговите вработени, е да купи цвеќе.

Ова е целосно не домаќинско работење на компанија која главна задача му е енергетскиот сектор, а не купување на цвеќиња за 15.000 Евра во време кога граѓаните не можат да ги плаќат сметките за електрична енергија.

Замислете, наместо да им се помогне на граѓаните во делот на енергетската сиромаштија МЕПСО со Бурим Латифи плаќат цвеќиња- калемени рози по 9.000 ден парче.

Ги повикуваме институциите да постапат веднаш а ние следствено ќе ги следиме на дневна основа сите нелегитимни узурпатори на институциите во нивното работење и ќе ги известиме надлежните институции за сите злоупотреби.

ДУИ

Таравари: На терен се инспектори за да се испитаат сите факти околу смртта на 14 месечното дете

На терен се инспектори и членови на Комисијата за да се испитаат сите факти околу смртта на 14 месечното дете.

Инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат од утринава вршат инспекциски надзор во болницата Козле и Детската клиника во Скопје, откако завчера почина 14 месечно дете, а претходно неговите родители барале да биде хоспитализирано, но не е примено на Детската клиника во Скопје, потврди денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, кој по одбележување на Денот на органодарителството одговараше на новинарски прашања. Министерот за здравство, Таравари истакна дека утринава имал состанок со директорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

-Првиот состанок утрово беше со директорот, екипата веќе е на терен. Комисијата веќе е формирана и се наоѓа на работа, на терен за да ги испита сите факти и аргументи, изјави Таравари.

Тој потврди дека инспекторите на ДЗСИ и на Комисијата која е формирана од негова страна веќе од 9 часот се во двете болници во Скопје.

Инаку, министерот за здравство, Таравари вчера потврди дека детето кое почина на Детската клиника претходно било одбиено да се хоспитализира и истакна „некој мора да сноси одговорност кога има вакви трагични случаи во здравствениот систем“ .

Во акција на „Скопска Пивара“ од дното на Охридското Езеро извадени речиси 4 километри мрежи

Успехот на оваа акција е потврда за нашата постојана посветеност кон заштита на природата. 

Во рамки на платформата Скопско „Наша гордост, наша одговорност“ деновиве по втор пат беше спроведена акцијата за чистење на Охридското Езеро од т.н. мрежи-духови, реализирана преку активност на „Пивара Скопје“ како општествено одговорна компанија и Нурачкиот центар „Амфора“ од Охрид.

Активностите спроведени од четворица нуркачи во периодот од 1 до 4 овој месец се спроведуваа на четири локации на дното на езерото, при што во 78 нуркања се извадени вкупно 3856 метри мрежа.

„Успехот на оваа акција е потврда за нашата постојана посветеност кон заштита на природата. Овие рибарски мрежи со години се таложеле на дното на езерото, претставувајќи закана за биодиверзитетот и заштитените видови што живеат во ова уникатно природно богатство Со платформата Наша гордост наша одговорност’. ‘Скопско’ се стреми да направи значителни промени во начинот на кој се грижиме за нашите природни ресурси. Охридското Езеро е наше национално богатство, и нашата цел е да го зачуваме чисто и безбедно за идните генерации“, вели Марта Завкова, менаџер во „Пивара Скопје“.

Инаку, мрежите-духови се напуштени, изгубени или оставени рибарски мрежи кои продолжуваат да бидат стапица за риби, птици и други организми и се уште една значителна закана за кревкиот еко-систем на Охридското Езеро. Редовните акции за чистење се клучни за спречување на акумулацијата на мрежи духови. Ако овие мрежи не се отстрануваат редовно, последиците можат да бидат сериозни намалувајќи ги рибните популации и предизвикувајќи долгорочна штета на биодиверзитетот и локалната економија.

„Горди сме што сме дел од оваа иницијатива што има за цел да го зачува Охридското Езеро и неговите ендемски видови. Со заеднички сили успеавме да отстраниме значителен дел од мрежите-духови кои претставуваа закана за живиот свет во езерото. Ова е важен чекор кон обновување на подводниот екосистем“, вели Јован Секулоски од нуркачкиот клуб Амфора.

Од „Пивара Скопје“ посочуваат дека компанија ориентирана кон иднината, преку платформата „Наша гордост, наша одговорност“ ќе продолжи да дејствува во сферата на заштита на животната средина , во обид да ги обедини граѓаните, организациите и институциите кои ги делат истите вредности и заложби за одржлив развој, со крајна цел подигнување на колективната свест и движење напред кон одржливо општество.

притисни ентер