Пиволенд по тринаесети пат во Скопје

Во Паркот на Франкофонијата од денеска до 19-ти октомври ќе се одржува 13. издание на најстариот пивски фестивал во Скопје, Пиволенд. 

Фестивалот кој традиционално се одржува од 2009 година, за посетителите ќе понуди повеќе од 30 разновидни брендови на пива, со повеќе од 100 видови индустриско и занаетчиско пиво, вкусни деликатеси како и повеќе од 40 музички артисти. Фокусот и оваа година е на поддршка на македонската музичка сцена и Скопје ќе пулсира во ритамот на рокенролот, реге, панк, хип хоп, поп и блуз, а своја шанса да се претстават пред македонската публика ќе имаат и млади и надежни имиња.

На главната сцена на Пиволенд ќе настапат Бадминтонс, Морал, Паркети, Викеда, Д Далтонс, Пичвајз, Занаду, Деменси, Гуру Харе Бенд, Диџеј Славе, Бело Копче, Огнен Здравковски, Културно Уметнички Работници и многу други.

За најмладите во сабота е подготвена и дневна програма, а на сцената ќе свират млади бендови од училиштата „Ентерпрајз“ и „Мјузик лаб“.

Почетокот на фестивалот денеска е од 18:00, а од организацијата испраќаат покана до сите љубители на пивото: „Бидете дел и од овогодишното издание на Пиволенд за заедно да продолжиме една убава скопска традиција и да го исполниме нашето мото- Дојди, види, испиј!“

Николоски: Се работи на проектирање на нов Мост кај Башино Село на влезот во Велес

Во однос на најавата за  брзата пруга, министерот Николоски потенцира дека линијата ќе поминува во Велес и за 25 минути ќе се пристигнува од Велес до Скопје. 

Јавното претпријатие за државни патишта работи на проектирање и со буџетот за следната година ќе има изведувач којшто ќе треба да го изгради новиот мост на Вардар кај Башино Село на еден од влезовите во Велес, најави министерот за транспорт и врски Александар Николоски при денешната посета на Велес.

- Мислам дека нема да помине долго време. Ќе оди многу брзо. Ние сме три месеци на власт, така што побрзо од ова не може. А во однос на сигурноста на постоечкиот мост се согласувам дека тој е небезбеден и не може да се реконструира, односно не може да се репарира постојниот мост и затоа треба да се изгради нов мост, појасни Николоски.

Во однос на најавата за брзата пруга, министерот Николоски потенцира дека линијата ќе поминува во Велес и за 25 минути ќе се пристигнува од Велес до Скопје.

На новинарско прашање за водоводот кон велешкото село Раштани на кој веќе веќе 4-5 години се работи, и дека има најави дека предметот е откочен, министерот рече дека имало проблеми и дека таа работа се завршила.

Во однос на проектите со коишто општините аплицираат, Николоски рече дека не сака да звучи амбициозно, но мисли дека е многу веројатно најголем дел, ако не и сите да ги изгласаатна денешната седница на Владата.

-Од тука одам на седница на Влада, преку 90 проценти од проектите се кај мене во Министерството за транспорт и истите заедно со тимот во Министерството за транспорт ги завршивме. Сакам да се заблагодарам на целиот тим којшто работеше на оваа работа навистина завршија огромна работа и на мојот кабинет којшто целосно се вложи во оваа работа, така што проектите од страна на Министерството за транспорт се одобрени, остануваат другите министерства да ја завршат својата работа и се надевам дека денес попладне можеме да излеземе со информација дека проектите се усвоени на седница на Влада, најави Николоски.

Министерот додаде дека за Велес се работи за подземна гаража.

– Тоа е дел од проектите, а за следна година ќе има и други проекти. Затоа кажав дека градоначалникот е прв којшто ги искористи измените на Законот за урбанистичко планирање со коишто се олеснува изградба на катни гаражи, додаде тој.

На прашање дали целосно ќе оди изградбата на гаража или ќе се оди по фази, Николоски рече дека ќе оди во две фази, една годинава и другата в година, а целосно до година ќе биде завршена.

На прашање на МИА за несообраќањето на возови на пругата Скопје – Тетово – Кичево, министерот одговори дека за жал во моментов нема сообраќај, имајќи предвид дека не е електрифицирана, а дизел локомотивите се скапа работа за одржување.

-Истата приказна е и со Штип – Кочани. Тоа е една од работите коишто ги работиме со „Македонска железница – Инфраструктура“ целосна електрификација на постојните пруги, затоа што во моментов економска каква таква исплатливост има само за Коридорот 10 којшто е целосно електрифициран, појасни Николоски.

На новинарско прашање дали Владата купува нови возови и нови локомотиви, министрот Николоски одговори. дека засега тоа не е во план.

- Имаме план постојните да ги репарираме и да ги ставиме во функција. Дотогаш ќе ги возиме изнајмените. Изнајмените се карго, не се во транспортниот дел. За карго имаме четири изнајмени, појасни Николоски.

Тој информира дека постојните стари возови ќе ги репарираат во велешката фабрика за шински возила „Колска“.

Житошански со велосипед од Крушево до Нова Градишка во чест на Тоше

Со велосипед од Крушево до Нова Градишка во чест на Тоше.

По шест дена и изминати 900 километри до Хрватска, прилепчанецот Стефан Житошански доцна синоќа стигна на местото каде пред 17 години македонската поп икона го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Стефан возел сам, имал само логистичка поддршка поради проблеми со коленото. Најголем мотив му дала пораката која за време на патувањето ја добил од мајката и сестрата на Проески.

Пладнево во Крушево пристигнаа и 13 македонски маратонци, кои секоја година традиционално трчаат во чест на Тоше од Нова Градишка до Крушево. Нив ги пречека градоначалникот Христоски, но и многу вљубеници во музиката на Проески.

Тоше загина во 2007-ма година, на 26-годишна возраст, кога автомобилот со кој патуваше кон Хрватска удри во камион.

Неговата смрт го потресе целиот регион, беше обожуван од илјадници фанови. Во својата куса, но исклучително богата кариера изведе многу концерти ширум Балканот, а неговите песни подеднакво се слушаат и денес.

Бислимовски: Дополнителен час евтина струја преку ден нема да има до крајот на годинава

Дополнителен еден час дневна евтина тарифа на струја сепак нема да има до крајот на годината.

Дополнителен еден час дневна евтина тарифа на струја сепак нема да има до крајот на годината – анализите на регулаторна покажале дека доколу се воведе во периодот од 12 до 16 часот кога цената на берзата се и најниски, ќе треба да се укине вечерната од 10 до 12 часот на полноќ кога цените се далеку повисоки. Причина за ваквата ситуација е ударот кој изминатиов период се случи со цеnите во регионот, кој беа повисоки во однос на останатите држави од ЕУ поради, како што појасниле од Европската енергетска заедница високите температури, но и поради тоа што земјите од регионов не биле доволно енергетски поврзани. Првиот човек на регулаторна Марко Бислимовски вели потребна е сериозна анализа, а за да не ни се случуваат вакви работи во иднина, предлага заедничка регионална берза.

„ Најниски цени имаме во периодот од 12 до 16 часот. Тоа се цени на берзата ХУПЕКС под 50 евра за мегават час. Значи таму постои апсолутно не за еден туку за еден час плус. Но за жал на пазарот од 20 часот до 24 часот цените се убедливо високи. Ако се следи пазарот воведување на евтина би било од 12 до 16, но ќе треба онаа од 22 часот до 24 кога цените се високи, да се укине.“- изјави Марко Бислимовски – претседател на РКЕ..

Со стартот на идната година се очекува цената на струјата на берзите да расте. Каква цена ќе плаќаат граѓаните од 1 јануари ќе се знае најверојатно идниот месец.

„Ги добивме барањата од електро дитрибуција, МЕПСО и МЕМО. Најбитните елементи ќе бидат набавката на загубите... Во овој момент не сакам да шпекулирам и не благодарно е да кажувам дали ќе се зголеми и ќе се намали цената на електрична енергија.... сега да видиме ЕВН ХОУМ треба да распише тендер. Да видиме колку проценти ќе обезбеди ЕСМ, дали од слободниот пазар, по која цена, колкави количини. “ изјави Марко Бислимовски – претседател на РКЕ.

Во однос на цената на парното Бислимовски вели таа останува стабилна до следното лето, иако не очекува промени сепак вели би се довела во прашање само ако се случи драматична промена на цената кај природниот гас.

притисни ентер