На сеопфатни дискусии ќе се бара решение за законите за Судски совет и за Јавно обвинителство

На сеопфатни дискусии ќе се бара решение за законите за Судски совет и за Јавно обвинителство, дебатите почнуваат од следниот месец.

Нема да бидат површни туку сеопфатни и отворени за сугестии и критики од сите релевантни чинители дискусиите што ќе ги иницира Министерството за правда за законите за Судскиот совет и за Јавното обвинителство, со цел да се создаде решение што ќе гарантира независност на овие институции, рече министерот Игор Филков на прес-конференција по повод сто дена Влада.

Информираше дека јавните дебати ќе почнат идниот месец и нивна цел ќе биде да се најде најприфатливо решение, нагласувајќи дека Судскиот совет и Јавното обвинителство „мора да бидат ослободени од каква било форма на политичко мешање и да функционираат единствено во служба на правдата“.

-Овие тела ќе бидат реформирани за да работат со најголем интегритет, фокусирајќи се на професионалноста и строгото почитување на владеење на правото, рече Филков во отчетот.

За законот за Судски совет, на кој веќе работеше една работна група, министерот посочи дека ќе има „нова и видоизменета работна група“.

Притоа нагласи дека предизвик во оваа насока ќе биде тоа што Министерството за правда не располага со документот со препораките од Оценската мисија на Европската комисија по однос на Судскиот совет.

Лога го повикува Филков на јавна дебата

 Поранешниот министер за правда Кренар Лога преку објава на Фејсбук информира дека писмото од Оценската мисија е добиено по електронски пат и дека едниот дел од писмото било наменето за јавност, а другиот дел бил класифициран. 

- Тоа писмо е архивирано од службено лице во Министерството кое ракува со доверливи материјали, но, нормално, Радица не може да го добие додека нема безбедносен сертификат. Истото писмо, со дозвола на Мисијата, е споделено и со работната група, односно со претседателот академик Владо Камбовски, напиша Лога на Фејсбук.

Според Лога, со Министерството за правда раководи Радица Лазареска Геровска, а министерот Филков е само потписник. Во однос на промопредавањето, Лога наведува дека во тој период бил а семеен одмор за што добил решение од Владата.

- Се вратив два дена по неговиот избор, на 26-ти, и неколку пати го барав г. Филков на телефон и преку СМС пораки, а потоа и преку Кабинетот. Бев информиран дека тој ќе ме побара, но, за негова несреќа, сè уште е затворен во својот Кабинет од својата шефица на Кабинетот, која не му дозволува да комуницира. За трагикомедијата да биде поголема, тој сè уште продолжува да молчи. За сите тие важни теми тој нема став, повторува една банална реченица "и премиерот е право и меѓународните сојузници се у право" се крие од јавноста и чека писмен одговор од г-ѓа Радица, напиша Лога.

За возниот парк, како што пишува, е ист со оној што го користеле и претходните министри, а тврди и дека Министерството било оставено без долгови. За вработените во подрачните канцеларии за бесплатна правна помош, посочува дека се исти повеќе години.

- За сите овие тврдења, но и за 100-дневниот период на министерот Филков, ќе имам јавно обраќање и брифинг со новинари. Го предизвикувам министерот Филков на јавна дебата, било еден на еден или со учество на госпоѓа Радица од негова страна, напиша Лога на Фејсбук.

Министерот за правда Игор Филков денеска на прес-конференција рече дека документот со препораките од Оценската мисија на Европската комисија бил земен од претходниот министер за правда. Нагласи дека за ова во тек е постапка и дека ќе се бара одговорност. Посочи дека го презел Министерството без примопредавање и со испразнет кабинет од потребната документација, но со тукушто набавени чадори, маици, торби, чаши и други предмети, секој во количина од над 200 парчиња. Фактурата за сите овие работи била во износ од 956 илјади денари, но неплатена.

Тројца малолетници тепале нивен врсник во Велес

Рано утринава во 02:00 часот во Полициската станица Велес, четириесет и четиригодишниот татко Ш.Ј. од Велес пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници.

Тепачката се случила на улица „Димитар Влахов“, лоцирана од левата страна на градот во Велес.

Портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, информира дека СВР Велес превзема мерки за расчистување на настанот.

Николоски: Се работи на проектирање на нов Мост кај Башино Село на влезот во Велес

Во однос на најавата за  брзата пруга, министерот Николоски потенцира дека линијата ќе поминува во Велес и за 25 минути ќе се пристигнува од Велес до Скопје. 

Јавното претпријатие за државни патишта работи на проектирање и со буџетот за следната година ќе има изведувач којшто ќе треба да го изгради новиот мост на Вардар кај Башино Село на еден од влезовите во Велес, најави министерот за транспорт и врски Александар Николоски при денешната посета на Велес.

- Мислам дека нема да помине долго време. Ќе оди многу брзо. Ние сме три месеци на власт, така што побрзо од ова не може. А во однос на сигурноста на постоечкиот мост се согласувам дека тој е небезбеден и не може да се реконструира, односно не може да се репарира постојниот мост и затоа треба да се изгради нов мост, појасни Николоски.

Во однос на најавата за брзата пруга, министерот Николоски потенцира дека линијата ќе поминува во Велес и за 25 минути ќе се пристигнува од Велес до Скопје.

На новинарско прашање за водоводот кон велешкото село Раштани на кој веќе веќе 4-5 години се работи, и дека има најави дека предметот е откочен, министерот рече дека имало проблеми и дека таа работа се завршила.

Во однос на проектите со коишто општините аплицираат, Николоски рече дека не сака да звучи амбициозно, но мисли дека е многу веројатно најголем дел, ако не и сите да ги изгласаатна денешната седница на Владата.

-Од тука одам на седница на Влада, преку 90 проценти од проектите се кај мене во Министерството за транспорт и истите заедно со тимот во Министерството за транспорт ги завршивме. Сакам да се заблагодарам на целиот тим којшто работеше на оваа работа навистина завршија огромна работа и на мојот кабинет којшто целосно се вложи во оваа работа, така што проектите од страна на Министерството за транспорт се одобрени, остануваат другите министерства да ја завршат својата работа и се надевам дека денес попладне можеме да излеземе со информација дека проектите се усвоени на седница на Влада, најави Николоски.

Министерот додаде дека за Велес се работи за подземна гаража.

– Тоа е дел од проектите, а за следна година ќе има и други проекти. Затоа кажав дека градоначалникот е прв којшто ги искористи измените на Законот за урбанистичко планирање со коишто се олеснува изградба на катни гаражи, додаде тој.

На прашање дали целосно ќе оди изградбата на гаража или ќе се оди по фази, Николоски рече дека ќе оди во две фази, една годинава и другата в година, а целосно до година ќе биде завршена.

На прашање на МИА за несообраќањето на возови на пругата Скопје – Тетово – Кичево, министерот одговори дека за жал во моментов нема сообраќај, имајќи предвид дека не е електрифицирана, а дизел локомотивите се скапа работа за одржување.

-Истата приказна е и со Штип – Кочани. Тоа е една од работите коишто ги работиме со „Македонска железница – Инфраструктура“ целосна електрификација на постојните пруги, затоа што во моментов економска каква таква исплатливост има само за Коридорот 10 којшто е целосно електрифициран, појасни Николоски.

На новинарско прашање дали Владата купува нови возови и нови локомотиви, министрот Николоски одговори. дека засега тоа не е во план.

- Имаме план постојните да ги репарираме и да ги ставиме во функција. Дотогаш ќе ги возиме изнајмените. Изнајмените се карго, не се во транспортниот дел. За карго имаме четири изнајмени, појасни Николоски.

Тој информира дека постојните стари возови ќе ги репарираат во велешката фабрика за шински возила „Колска“.

притисни ентер