Платформата за родова еднаквост за двојното убиство во Кратово: Станува збор за самоодбрана

Жртва на семејно насилство која излезот од физичкиот напад го нашла во самоодбрана со нож или убиство со умисла при семејно насилство, како што го квалификува Јавното обвинителство? Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Реконструкција на улици во Припор, изградба на детско катче и реконструкција на игралишта

Со бројни случувања Кисела Вода денес го одбележува својот 69-ти роденден. 

Покрај семејниот ден кој се одвиваше во паркот Македонија, се реализираше и уште еден обемен инфраструктурен проект, четврти во оваа роденденска седмица. Во Припор, каде што беше присутен градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, започна асфалтирање на улици на површина од 7000 квадратни метри. Се работи за улица 15, крак на улица 14, улица 30, улица 29, како и уште неколку помали краци низ оваа населба. Воедно, како што најави тој, ќе се врши реконструкција на фудбалското и игралиштето за баскет, а е се гради и ново детското катче во ПОУ “Круме Кепески.

-Денес сме во населбата Припор каде во рамки на одбележувањето на роденденската седмица започнуваме со еден обемен проект за асфалтирање на улици на површина од 7000 квадратни метри. Ова е уште еден голем чекор во реализацијата на моето ветување дадено пред граѓаните дека до крајот на мојот мандат ќе нема неасфалтирана улица во општината. Конкретно, реконструкција периодов ќе претрпат улиците “15”,”29”, “30”, кракот на улицата “14” и уште неколку помали краци. Ова не се единствените градежни активности што ги преземаме во Припор. Имено, во ПОУ “Круме Кепески” инвестираме во изградба на ново детско катче, а постојните фудбалско и кошаркарско игралиште ќе ги реконструираме, со што најмладите ќе добијат нов простор за игра и разонода-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски, уште еднаш поканувајќи ги сите на големиот роденденски концерт на Суперхикс и пријателите кој започнува вечерва во 19 часот во Расадник.

Италијанската премиерка Мелони: Антисемитизмот и расизмот не се споиви со нашата партија

Италијанската премиерка Џорџа Мелони остро ги осуди расистичките и антисемитските изјави на некои членови на младината на владејачката партија Браќа на Италија.

Обраќајќи се пред новинарите во Брисел, Мелони изјави дека антисемитизмот и расизмот се неспоиви со нејзината партија, откако двајца водечки членови на Националната младина поднесоа оставка поради наводни антисемитски коментари кон еврејски сенатор.

- Многупати сум кажала и повторувам, оние кои имаат расистички, антисемитски или носталгични чувства, едноставно погрешно ја разбираат нашата партија, бидејќи тие чувства се неспоиви со Браќа на Италија, неспоиви со италијанската десница и неспоиви со политичката линија што јасно ја дефиниравме во изминатите години, истакна таа.

Мелони исто така го критикуваше методот на известување на Fanpage, левичарски интернет весник, кој објави извештај со видео и аудио снимки од членови на Националната младина кои користат расистички навреди и нацистички поздрави.

Истрагата на Fanpage, насловена „Младината на Мелони“, предизвика шок во редовите на Браќа на Италија, додека Мелони се обидуваше да ја зацврсти репутацијата како умерен глас на европската сцена.

Претседателот на Еврејската заедница во Рим, Виктор Фадлун, ги осуди срамните слики од расизмот и антисемитизмот што произлегоа од истрагата на Fanpage и повика на преземање соодветни мерки против вклучените членови. /МИА

Коџаџику: ДУИ „ги избриша“ Албанците во последниот попис на населението во 2021 година

Анализата која што ја направивиме од официјалните бројки на Заводот за статистика, за бројот на гласачи односно жители на ниво на градови и села покажува дека имаме недостиг на регистрирани граѓани.

Прашањето е кој ги брише Aлбанците во Македонија, и како може село Грчец да има 36 жители и 2.000 гласачи, посочи на денешната прес-конференција Мерита Коџаџику од Демократско движење.

Таа вели дека во селото Грчец во Сарај, Заводот за статистика смета дека селото има 36 жители.

- Како е можно ова кога ова село има 2.000 запишани гласачи. Оваа појава на нелогични разлики се забележува во повеќето населени места каде живеат Албанци. Заводот за статистика или не излеглe да ги регистрираat овие жители, или по регистрацијата биле избришани со копче. Според последниот Попис, Мала Речица има 2468 жители, но 8216 гласачи, село Турчан во Гостивар има 1208 жители, но 4501 гласачи;

Како што додава, селото Мало Турчане во Гостивар има 96 жители, но 709 гласачи, а Грчец со 36 жители, има 1946 гласачи.

-Јавно прашуваме дали заменик директорот во Заводот за статистика Илми Селами и Артан Груби го имаат информирано Али Ахмети дека во Грчец и Мала Речица им избришале население? Или да заклучиме дека ДУИ имале намера да ги иселат сите Албанци во дијаспора и едноставно брзајќи избришаа илјадници Албанци пред да го добиваат тоа што е симболично за нив, куферот за да се отерат од татковината, рече Коџаџику.

притисни ентер