Италијанската премиерка Мелони: Антисемитизмот и расизмот не се споиви со нашата партија

Италијанската премиерка Џорџа Мелони остро ги осуди расистичките и антисемитските изјави на некои членови на младината на владејачката партија Браќа на Италија.

Обраќајќи се пред новинарите во Брисел, Мелони изјави дека антисемитизмот и расизмот се неспоиви со нејзината партија, откако двајца водечки членови на Националната младина поднесоа оставка поради наводни антисемитски коментари кон еврејски сенатор.

- Многупати сум кажала и повторувам, оние кои имаат расистички, антисемитски или носталгични чувства, едноставно погрешно ја разбираат нашата партија, бидејќи тие чувства се неспоиви со Браќа на Италија, неспоиви со италијанската десница и неспоиви со политичката линија што јасно ја дефиниравме во изминатите години, истакна таа.

Мелони исто така го критикуваше методот на известување на Fanpage, левичарски интернет весник, кој објави извештај со видео и аудио снимки од членови на Националната младина кои користат расистички навреди и нацистички поздрави.

Истрагата на Fanpage, насловена „Младината на Мелони“, предизвика шок во редовите на Браќа на Италија, додека Мелони се обидуваше да ја зацврсти репутацијата како умерен глас на европската сцена.

Претседателот на Еврејската заедница во Рим, Виктор Фадлун, ги осуди срамните слики од расизмот и антисемитизмот што произлегоа од истрагата на Fanpage и повика на преземање соодветни мерки против вклучените членови. /МИА

Турист загинал додека нуркал низ позната атракција во Грција

Државјанин на Велика Британија се удавил додека нуркал низ потонат брод во близина на брегот на Грција, а како што пренесуваат медиумите, морето во моментот на неговото нуркање било разбранувано.

Мажот, наводно, западнал во неволја додека пливал кај потонатиот брод Епаноми, популарна атракција во близина на Солун.

Локалните извештаи велат дека други загрижени пливачи го вклучиле алармот за време на викендот поради лошите временски услови.

Известено е 1-то пристанишно одделение на префектурата Миханион на Централната пристаниште во Солун, бидејќи било испратено возило за негово спасување. Напорите на болничарите да му го спасат животот биле неуспешни и тој бил прогласен за мртов на местото на настанот, јавува Мирор.

Мажот бил пренесен во болницата Хипократ. Обдукцијата ја наредила Капетанијата на пристаништата која ја води истрагата.

Потонатиот брод Епаноми, кој се наоѓа во северна Грција, го посетуваат и локални жители и туристи кои нуркаат во кристално чистите сино-зелени води. Бродот потонал зимата 1970 година додека превезувал почва и сега е едно од најпопуларните места за нуркање во земјата.

Позната пејачка ги збуни фановите со бизарниот настап: Зошто ја мачкаат со сладолед? (ВИДЕО)

Камила Кабело настапи на фестивалот Гластонбери, а нејзиниот бизарен настап се прошири на социјалните мрежи.

Пејачката настапи со танчерки во костими кои ѝ ставаа сладолед на телото. Како и да е, уверете се сами.

@irenouken sangria wine stuck in my head #camilacabello #glastonbury @Camila Cabello ♬ original sound - irenouken

Настапот предизвика различни реакции, а додека некои се прашуваа што штотуку гледале, други беа воодушевени.

„Зошто ја мачкаат со сладолед?“, „Девојката се брука“, „Можам слободно да кажам дека Камила нема да добие нови обожаватели затоа што всушност ја гледам“, „Посакувам некој да ми покаже како изгледаше моето лице за време на воведната песна на Камила, Кабело во Гластонбери, бидејќи искрено, бев збунет“, се дел од коментарите.

Драма во авион: Над 30 патници се повредени поради силните турбуленции (ВИДЕО)

Патничкиот авион „Боинг 787-9 Дримлајнер“ на Ер Европа принудно слета во Бразил поради силни турбуленции во кои се повредени 30 лица.

Авионот летал од Мадрид кон Монтевидео кога се случил инцидентот, соопшти авиокомпанијата, јавува Би-би-си.

Летот UX045 бил пренасочен кон аеродромот Натал во североисточен Бразил на пат кон главниот град на Уругвај, објави шпанската компанија на X.

Оттаму додаваат дека повредените патници „примаат помош“.

Авионот, во кој имало 325 патници, наиде на турбуленции над Атлантикот додека се приближуваше до бразилскиот брег, изјави портпаролот на Ер Европа.

Авионот слетал нормално и го пречекале голем број амбулантни возила.

Аеродромските власти соопштија дека на некои патници им била потребна медицинска помош и биле пренесени во најблиската болница.

Локален медицински тим за бразилските медиуми изјавил дека лекувале најмалку 30 патници од различни националности и дека 10 од нив биле пренесени во болница.

Пациентите се здобиле со повреди на главата за време на турбуленциите, вклучувајќи фрактури на черепот и исекотини на лицето, додаде тимот.

Инцидентот се случува неколку недели откако лет на Сингапур ерлајнс беше погоден од силни турбуленции над Мјанмар, при што беа повредени неколку луѓе, а еден Британец загина.

Тешките турбуленции се ретки, но неодамнешните студии покажаа дека климатските промени може да го зголемат ризикот.

притисни ентер