Следното претставување на „iPhone“ ќе биде историско?

Гласините за моделите на „iPhone“ и „iPad“ што се виткаат кружат на интернет во последните неколку години, но нема официјални информации од „Apple“.

Некои претходни гласини ја спомнаа 2026 година или дури 2027 година, но се чини дека свитливите уреди сепак би можеле да пристигнат малку порано.

Како што објави „Tech Radar“, повикувајќи се на извештаи поврзани со тајванските медиуми, „iPhone Fold“ би можел да се појави на пазарот веќе следната година.

Според извори од Тајван, кои наводно се поврзани со производители на компоненти, „Apple“ е во чест контакт со партнерите за да се подготви за почеток на производството на уреди до крајот на оваа година.

Ако ова е навистина точно и ако свитливиот „iPhone“ е навистина планиран за септември 2025 година, тоа би можело да биде најголемото лансирање на телефони на „Apple“ во историјата.

Имено, веќе се пишуваше дека во септември следната година ќе пристигне комплетно нов модел на телефон на „Apple“ – „iPhone 17 Air“ или „Slim“, кој треба да го замени моделот „Plus“, а сега се чини дека кога би бил тој модел, компанијата би можела да го претстави „iPhone Fold“ исто така.

Како причина поради која „Apple“ ги забрза плановите за развој на телефони со флексибилен екран, „Tech Radar“ ја споменува конкуренцијата, бидејќи „Samsung“, „Huawei“, „Google“ и други компании чии телефони работат на „Android“ веќе претставија неколку генерации на вакви уреди.

Извор: Б92

Сиљановска Давкова го прими генерал Метин Ѓурак, началник на ГШ на Вооружените сили на Турција

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими генерал Метин Ѓурак, началник на Генералштабот на Вооружените сили на Република Турција.

На средбата беше разговаранo за севкупните билатерални односи меѓу двете држави во областа на одбраната, коишто бележат континуиран развој, во духот на НАТО сојузништвото и стратешкото партнерство во сите области од заемен интерес.

Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова го нагласи исклучително значајниот придонес на турските вооружени сили преку воено-финансиските договори, како и годишните планови за соработка кои обезбедуваат финансиска поддршка, воена опрема, одбранбени системи и обука на нашиот воен персонал.

Изразувајќи задоволство од непоколебливата и конкретна поддршка од Турција и турските институции од осамостојувањето на македонската држава, претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи нејзината заложба за дополнително негување и зајакнување на блиските врски меѓу двете држави и за поттикнување на меѓусебни посети на високо ниво, соопштуваат од Кабинетот на претседрателката .

Меџити се сретна со новоименуваниот амбасадор на Бугарија Жељаско Радуков

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија, Жељаско Радуков.

Меџити, откако му го честиташе именувањето на новата функција, на бугарскиот амбасадор му посака успешна работа во нашата земја, како и продолжување на соработката во сите области од интерес на двете земји.

Двајцата соговорници изразија волја за отворен дијалог, зајакнување на трговската размена, како и протокот на луѓе меѓу двете земји, преку позитивна волја и добри намери.

Амбасадорот Радуков минатиот месец е именуван на оваа позиција, а го наследи долгогодишниот бугарски амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, се наведува во соопштението.

Алишан: Лицата со попреченост бараат итна средба со владата

Очекуваме средба од која ќе произлезе преговарачка рамка и вметнување во уставот на лицата со попреченост.

Лицата со попреченост бараат итна средба со владата за формирање на преговарачка рамка која како што велат ќе им овозможи подостоинствен живот. Суарет Алишан од коалицијата „Менуваме“ вели дека тие очекуваат лицата со попреченост што побргу да станат уставна категорија, и очекуваат поголема грижа за нивните потреби од страна на државата.

притисни ентер