Пешевска: Пораката од Стејт департментот е дека никој нема да биде поштеден од законот

Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот, јас неколку пати кажав во јавноста дека е силна порака, дека никој нема да биде поштеден од законот и дека секој треба да одговара за она што се огрешил. 

Но, ме зачудува фактот што СДС беше седум години во коалиција токму со ДУИ и вицепремиер беше Артан Груби и цело време додека ние критикувавме и баравме одговори за одредени криминали и тендери во четири очи, огромни суми украдени и така натаму, СДС молчеа, вели Жаклина Пешевска, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ во нејзиното вечерашно гостување на Канал 5 телевизија во емисијата „Само Вистина“.

Според неа, СДС молчеле затоа што немале доволен коалициски капацитет и влада која се одржувала на стаклени нозе, па во името на коалицијата претходно, во изминатиот период се воздржувале, а сега одеднаш ги отвораат очите и почнуваат да зборуваат.

„Тој синдром јас им го забележaв во Собрание, мислам дека малку, простете на израз, забораваат како се однесуваат, да не речам ги фаќа амнезија, забораваат како се однесуваа кога беа министри, самобендисано, ноншалантно, за да сега целосно се сменија. И видете во овој криминал соучесници се токму членови од вашата партија и се надевам дека правдата ќе ги стигне.

Пешевска дополнува дека жали што СДС се ставени во позиција да бранат нешто што не се брани и додека некој наполнил џебови и вреќи со пари, СДС сега треба да го штитат. Во контекст на ДУИ таа смета дека нивното оградувањето од Артан Груби е само уште еден показател дека никој околу себе не сака да има човек од криминална природа или „труло дрво“ и со тоа си ја штитат партијата.

„Каде беа претходно кога цело време укажувавме, видете сега, после година дена играње фудбал во канцелариите на владата, сега се освестил Бујар Османи да каже дека тоа видео не требало да излезе. Прво, не требало така да се однесуваат во државните институции и каде бевте госпоѓо Тренчевска вие тогаш да реагирате, кога ние зборувавме, кога се поларизираше јавноста и која е фактурата што вие не ја спречивте и криминалите и еден куп пари што се однесоа од државната каса кога вие бевте во коалиција со ДУИ?“, рече Пешевска.

Видео: Експлозија во трговски центар во Русија

Најмалку едно лице загина, а седум се повредени во експлозија на гас во трговски центар во рускиот град Владикавказ, соопштија локалните служби за итни случаи

.

Според руските медиуми, експлозијата се случила на третиот кат од трговскиот центар додека вработените ги подготвувале продавниците за отворање.

Експлозијата предизвика пожар, а во моментов околу 800 квадратни метри малопродажен простор е зафатен во пламен, вклучувајќи го и покривот на зградата.

Претседателот на руска Северна Осетија најави дека е на лице место, каде што е распореден и оперативниот штаб, а во тек е и процесот на гаснење на пожарот.

Без струја дел од корисниците во општините Сарај, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Сарај, Бутел и Ѓорче Петров.

Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од село Љубин, општина Сарај.

Во периодот од 10.00 до 12.30 часот, струја ќе немаат корисниците од цела населба Радишани, општина Бутел.

Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците околу претпоследна и последна 22-ка, во село Волково, општина Ѓорче Петров.

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии

Во Собранието за денеска се закажани седници на пет комисии.

Во Собранието за денеска се закажани седници на пет комисии - Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно правната комисија.

Членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе расправаат по предлог законите за изменување и дополнување на Законот за електронско управување и електронски услуги, на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, на Законот за генетски модифицирани организми, на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух, на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, на Законот за управување со отпад. Исто така и за предложените измени на Законот за заштита од бучава во животната средина, на Законот за животната средина, на Законот за водите, на Законот за управување со пакување и отпад од пакување и на Законот за заштита на природата, сите во второ читање.

Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика за рсправа е Предлог на законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, по скратена постапка, а на Комисијата за финансирање и буџет Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, по скратена постапка.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа по предлог законите за изменување на Законот за платите на судиите, на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, на Законот за платите на јавните обвинители, на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, на Законот за пратениците, на Законот за управната инспекција и на Законот за инспекциски надзор, сите по скратена постапка.

Членовите на Законодавно правната комисија ќе дискутираат по Предлог на законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, предлог законите за изменување на Законот за платите на судиите, на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, на Законот за платите на јавните обвинители, на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, на Законот за управната инспекција и на Законот за инспекциски надзор, како и по Предлог на законот за изменување на Законот за пратениците, сите по скратена постапка.

притисни ентер