Без струја дел од корисниците во општините Сарај, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Сарај, Бутел и Ѓорче Петров.

Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од село Љубин, општина Сарај.

Во периодот од 10.00 до 12.30 часот, струја ќе немаат корисниците од цела населба Радишани, општина Бутел.

Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците околу претпоследна и последна 22-ка, во село Волково, општина Ѓорче Петров.

Бобан Илиоски и Милијана Релиќ прогласени за спортисти на годината

Министерството за спорт вечерва ги додели наградите за најдобрите македонски спортисти, тренери и тимови за 2024 година. 

Спортист на годината е Бобан Илиоски - кикбокс маитаи, а спортистка таеквондистката Милијана Релиќ.

Илиоски освои 1-во место во категоријата -86кг., на Европското првенство во кикбокс маитаи, одржано во Атина, додека Релиќ стигна до четвртфиналето на Летните Олимписки Игри 2024 во Париз.

Во категоријата млад спортист на годината, наградата ја доби Силвио Мировски за неговото прво место во кикбокс маитаи во категоријата до 71 кг на Светското Првенство во Будимпешта. Млада спортистка на годината е ракометарката Ива Младеновска, која со својот тим го освои 18-то место на Европското Првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Најуспешен машки национален тим е ракометниот национален тим-сениори, кој го освои 17-то место на Европското Првенство во Германија. Најуспешен женски национален тим е ракометниот национален тим-сениорки, кој го освои 18-то место на Европското Првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Наградата за најуспешен спортист на лице со инвалидитет ја доби Оливера Наковска Бикова за нејзините две осми места во финалето на 10м воздушен пиштол и 25м спортски пиштол на Параолимписките Игри 2024 во Париз.

Најуспешен тренер/селектор за 2024 година е Кирил Лазаров, кој ја водеше ракометната репрезентација, а најуспешна национална спортска федерација е Таеквондо федерацијата.

Признанието за најуспешен училишен спортски клуб од основните училишта го доби Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од Скопје, а најуспешен училишен спортски клуб од средните училишта е Средното училиште „Јане Сандански“ од Струмица.

Најуспешна универзитетска екипа за оваа година е машката кошаркарска екипа на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

Специјално признание за достоинствено претставување на земјава на олимписките игри, светските и европските првенства, Лига на шампионите и бројни меѓународни ракометни натпревари добија ракометните судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Откритие на годината за талентиран млад спортист кадет за 2024 година е Теодор Стојановски, кој освои сребрен медал на Европското таеквондо првенство за кадети.

Сопругата на Асад е тешко болна- Асма има 50% шанси да преживее

Асма ал Асад наводно е тешко болна и боледува од леукемија.

Таа веќе некое време живее во изолација, а лекарите ѝ даваат 50 отсто шанси за преживување, пишува The Telegraph.

Сопругата на соборениот сириски диктатор Башар ал-Асад се држи подалеку од другите за да се спречи инфекција и не може да биде во иста просторија со никој друг.

Нејзиниот татко Фаваз Ахрас се грижел за својата ќерка во Москва, а извори блиски до нејзиното семејство велат дека нејзиниот татко бил со скршено срце.

Асад и неговата сопруга побараа азил во Москва откако неговиот брутален режим ја загуби власта по 13 години разорна граѓанска војна.

Претседателството на Сирија во мај годинава објави дека на тогашната прва дама ѝ била дијагностицирана акутна миелоидна леукемија, агресивен рак на коскената срцевина и крвта.

Таа, исто така, претходно се лекуваше од рак на дојка и во август 2019 година објави дека болеста е целосно исчистена по една година лекување.

Британски Телеграф пишува дека леукемијата ѝ се вратила по период на ремисија.

„Асма умира. Таа не може да биде во иста соба со никого“, рече еден извор кој бил во директен контакт со претставник на семејството во последните недели.

Друг извор, кој бил во контакт со семејството во Москва, вели дека е многу опасно кога ќе се врати леукемијата.

Британските медиуми јавуваат дека Асма заминала на лекување во Москва пред нејзиниот сопруг Башад да побегне во Русија и да побара азил.

Нејзиниот татко, истакнат кардиолог од Харли Стрит, се грижел за неа во последните шест месеци, прво во Обединетите Арапски Емирати, а подоцна и во Москва.

Откритието доаѓа по информациите дека таа е уморна од ограничувањата што ѝ се ставени во Москва и дека бара лекување во Лондон и сака развод.

Двојката Асад не ги коментираа медиумските извештаи, иако Кремљ подоцна негираше дека таа сака да се разведе од сопругот.

Том Круз на сите свои познаници секоја година им испраќа ист божикен подарок (ВИДЕО)

Актерот Том Круз на своите пријатели секој Божиќ им го испраќа истиот подарок - торта направена од бело чоколадо и кокос.

Ова го открија многу пријатели и колеги на Том кои со години го добиваат истиот подарок. Минатата година тиктокерката Дејна Шварц, чиј сопруг работеше со Круз, покажа како изгледа тортата.

„Секоја година Том Круз им праќа на стотици луѓе ист празничен подарок“, објасни таа. „Тој секогаш испраќа бела чоколадна торта од кокос“, откри таа. Нејзиниот сопруг со години работел како сценарист на бројни проекти со Круз и така завршил на листата. „Оваа торта е толку добра што се омажив за Иан главно поради неа“, се пошегува Тиктокерката.

Актерката Коби Смалдерс, најпозната по улогата на Робин во „Како ја запознав мајка ти“, гостуваше во шоуто на Џими Фалон во 2022 година и го потврди истото. Двајцата го снимаа Џек Ричер во 2016 година и оттогаш се во добри односи. Таа откри дека оттогаш актерот секоја година ѝ праќа торта.

„Тоа е торта од бело чоколадо и кокос и морам да признаам дека е вкусна. Ја чувам во фрижидер и трае до март бидејќи секој момент земам парче. Не знам зошто, не сум љубител на слатки, но ова е одлично“, рече тогаш актерка.

Тогаш водителот Џими Фалон откри дека го добива истиот подарок и го нарече „Том Круз торта“. Претходно Кирстен Данст, Хенри Кавил и Џејмс Корден открија дека го добиваат истиот подарок. Патем, наведената торта е прекриена со слатко од бело чоколадо и рендан кокос, а може да се купи во пекарницата Доан во Вудленд Хилс, Калифорнија.

Том Круз еднаш раскажа како испраќа торта на широк список на познаници за празниците, а за тоа откри и малку чудна причина. „Сакам слатки, но ги избегнувам поради тренинзите и подготовките што ги поминувам за филмови. Затоа им ги испраќам на сите“, вели тој.

притисни ентер