Пенков: Основниот постулат на буџетот за 2025 година е забрзан економски раст

Денес во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет на која што се расправа Предлог буџетот за 2025 година се обрати пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Златко Пенков .

Денес во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет на која што се расправа Предлог буџетот за 2025 година се обрати пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Златко Пенков кој нагласи дека Владата со буџетот за следната година применува нов концепт и визија кои се базирани на реални макроекономски претпоставки.

„Основниот постулат е забрзан економски раст, пред се како резултат на реализација на крупни инфраструктурни проекти, проектите во единиците на локалната самоуправа како и странските директни инвестиции. Според мене три клучни збора кои мора да ги знаеме а тоа се растот, реализацијата и развојот", обасни Пенков.

Пенков нагласи дека доколку се направи сублимат од овие три клучни зборови се добива, раст на бруто домашниот производ преку реализација на владините програми за забрзан развој на државата.

„Буџетот претставува слика на општествените потреби од една страна проекции за приходи а од друга страна распределба на расходите. На приходната страна детерминирани се 358 милијарди денари, на расходната страна имаме 400,2 милијарди денари а дефицитот е проектиран на 41,3 милијарди денари. Во делот на приходната страна кај буџетските приходи, спомнатата сума значи раст на наплатата за 13% во споредба со усвоениот ребаланс на буџетот. За 2025 година приходите од данокот на додадена вредност се детерминирани на 86,7 милијарди денари, секако овде доаѓаат акцизите, данокот на личен доход и сл“, рече Пенков.

Тој потенцираше дека даночната политика ќе се базира на намалување на сивата економија, поголема наплата на средствата во државниот буџет за да се постигне целта, односно одржливиот економски раст и развој.

„Даночната политика ќе се базира на намалување на сивата економија која зафаќа 30 до 39% односно пола од економијата отпаѓа на сивата економија, што е незамисливо и недозволиво за една економија како што е македонската. Значи, даночната политика од една страна ќе се базира на намалување на сивата економија, поголема наплата на средствата во државниот буџет, а целта секако е одржливиот економски раст и развој“, рече Пенков, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Кинезите се обидуваат да го зголемат наталитетот, и претседателот Си со сериозна порака

Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на повеќе напори за одржување на стапката на фертилитет и бројот на населението во Кина, објави државната новинска агенција Ксинхуа, бидејќи земјата се соочува со ефектите од стареењето на населението.

„Правниот систем што ги надгледува проблемите со населението и репродукцијата треба да се подобри за да помогне во зајакнувањето на демографијата“, Ксинхуа го цитираше Си во написот што ќе биде објавен утре во официјалното списание на Комунистичката партија на Кина.

Стапката на наталитет во Кина, со население од околу 1,4 милијарди, минатата година паднала на рекордно ниско ниво. Индија ја престигна Кина и стана најнаселена нација во светот.

Стареењето на населението го оптоварува кинескиот пензиски систем, и покрај тоа што земјата ја напушти својата 35-годишна политика за едно дете во 2015 година, таа се бори за зголемувањето на наталитетот, особено бидејќи руралното население мигрирало во градовите во потрага по работа.

„Кина треба да воспостави и подобри политики за поддршка на наталитетот за да промовира долгорочен балансиран развој на населението и треба да го зајакне развојот на човечките ресурси за да ја зголеми понудата на работна сила.“, рече Си.

Си рече дека Кина треба да ја подобри координацијата меѓу кинескиот народ, економијата и ресурсите за да обезбеди „безбедност на луѓето“.

Во последниве месеци, кинеските власти открија мерки за подобро планирање на семејството и родителство и повикаа на напори за изградба на „млада култура на бракови и раѓање деца“ во обид да се зголеми стапката на наталитет.

Италијанец оперирал кила на приватна клиника и по неколку дена починал, истрагата е во тек

Маж (50) починал неколку дена по операција на кила во приватна клиника во Сиракуза.

Витo Адамo, по потекло од Кастелмар дел Голфо, требало да биде отпуштен на 28 октомври од клиника во Сиракуза, но тој ден почнал да се чувствува лошо, објави ТП24.

По неговата смрт, обвинителството наредило обдукција, бидејќи се сомневаат дека нешто „тргнало наопаку“ за време на операцијата.

Тој денеска е погребан на црковните гробишта Санта Рита на местото каде го поминал целиот свој живот.

Истрагата се уште е во тек, а посебно внимание е насочено на медицинската документација по операцијата, која, според лекарите, била успешна.

Колку ќе заработи Тајсон, а колку Пол од мечот што го очекува целиот свет?

Легендарниот боксер Мајк Тајсон (58) и Јутјуберот и боксер Џејк Пол (27) ноќеска ќе се соочат во професионален меч кој ќе се одржи на стадионот АТ&Т во Арлингтон, во американската држава Тексас.

Настанот за боречки вештини ќе има седум различни борби, а кулминацијата меѓу Тајсон и Пол треба да започне околу четири часот наутро по средноевропско време.

Иако конечната заработка од натпреварот ќе се знае дури по настанот, односно по расчистувањето на Нетфликс (борбата ќе биде прикажана на таа платформа), и двајцата борци неформално објавија колку пари треба да добијат. Така Пол ќе добие околу 40 милиони долари или двојно повеќе од Тајсон кој би требало да заработи 20 милиони долари.

Според Форбс, Тајсон во кариерата заработил околу 430 милиони долари. Најдоходовната борба против Ленокс Луис ја имаше кога заработи над 103 милиони долари, а според Форбс уште четири пати во кариерата заработил повеќе од 20 милиони долари. Пол во кариерата се борел 11 пати (сооднос 10-1), а се проценува дека на тој начин заработил околу 15 милиони долари.

притисни ентер