Колку ќе заработи Тајсон, а колку Пол од мечот што го очекува целиот свет?

Легендарниот боксер Мајк Тајсон (58) и Јутјуберот и боксер Џејк Пол (27) ноќеска ќе се соочат во професионален меч кој ќе се одржи на стадионот АТ&Т во Арлингтон, во американската држава Тексас.

Настанот за боречки вештини ќе има седум различни борби, а кулминацијата меѓу Тајсон и Пол треба да започне околу четири часот наутро по средноевропско време.

Иако конечната заработка од натпреварот ќе се знае дури по настанот, односно по расчистувањето на Нетфликс (борбата ќе биде прикажана на таа платформа), и двајцата борци неформално објавија колку пари треба да добијат. Така Пол ќе добие околу 40 милиони долари или двојно повеќе од Тајсон кој би требало да заработи 20 милиони долари.

Според Форбс, Тајсон во кариерата заработил околу 430 милиони долари. Најдоходовната борба против Ленокс Луис ја имаше кога заработи над 103 милиони долари, а според Форбс уште четири пати во кариерата заработил повеќе од 20 милиони долари. Пол во кариерата се борел 11 пати (сооднос 10-1), а се проценува дека на тој начин заработил околу 15 милиони долари.

Паника во авион: Луѓето врескаат, предмети паѓаат - пилотот бара принудно слетување (ВИДЕО)

Застрашувачки снимки го покажуваат моментот кога патнички авион налетал на силни турбуленции, поради што патниците „летаат“ кон таванот.

Авионот полн со патници се упатил кон Мајами, кога свртел среде лет и се вратил во Европа.

Деветчасовниот вчерашен лет на Scandinavian Airlines од Стокхолм бил речиси на својата дестинација кога бил принуден да сврти и да се врати назад по алармантната ситуација.

Откако прелетал во турбуленции над Гренланд, полниот авион се вратил во базата во Копенхаген на проверки поради загриженост за технички проблеми. Патник на летот, кој патувал со жена, објавил видео на кое се гледа како патниците врескаат поради турбуленциите.

Една жена која седела во неговиот ред била фрлена нагоре.

„Погледнете како нејзините стапала го допираат таванот! Мислев дека ќе умреме“, напишал тој.

@exportfromus.carsnipers flight between #stockholm and #miami #flight #flightaccident #news #stockholmtomiami #stockholm #miami #carsnipers ♬ original sound - CarSnipers

Според авиокомпанијата, во авионот имало 254 патници и едно бебе. Патник на летот рече дека најмалку едно лице е повредено, но портпаролот на авиокомпанијата рече дека немало повредени.

Како што рекоа, морале да се вратат назад бидејќи немале соодветна опрема во Мајами за да ги извршат проверките. На патниците им се понудени хотелски соби и вечерва полетаа за Мајами.

Дрво падна врз жена додека се шетала по снежна патека, едвај ја извлекоа (ВИДЕО)

Зимата полека пристигнува, а освен снег, санкање и невреме, носи и потенцијално опасни ситуации.

На пример, под тежината на белата прекривка, гранките се кршат и дрвјата паѓаат. Токму тоа ѝ се случило на една жена.

Додека се движела по патеката, немала поим дека дрво ќе падне врз неа. Таа останала да лежи неподвижна, под тешките гранки.

На помош ѝ пришле случајни минувачи кои се нашле на лице место, ја спасиле и ја однеле на првата клупа.

Иако жената се држела за глава, најверојатно не е тешко повредена. Драматичната сцена ја снимила надзорна камера од блиската куќа.

Повторно е отворен ресторан во Швајцарија на височина од 3.000 метри, по пожарот пред 2 години

Две години откако беше изгорен во пожар, спектакуларниот швајцарски панорамски планински ресторан на 3.000 метри повторно е отворен.

Редизајнот по големиот пожар го извршил познатиот архитект Марио Бота, кој веќе ја изградил оригиналната зграда во завеаните швајцарски Алпи.

Ресторанот се наоѓа на надморска височина од 3000 метри во скијачката зона Glacier 3000 во близина на селото Ле Диаблере над Женевското езеро, објави Ројтерс.

Во новата зграда е подобрена противпожарната заштита и енергетската ефикасност, велат од управата на скијачкиот центар. Сега на трите страни на зградата има соларни панели кои можат да произведат околу 100.000 киловат часови електрична енергија годишно.

Од сѐ уште непознати причини, при пожарот една ноќ во септември 2022 година, се запалија два ката, но темелите не биле оштетени.

притисни ентер