Италијанец оперирал кила на приватна клиника и по неколку дена починал, истрагата е во тек

Маж (50) починал неколку дена по операција на кила во приватна клиника во Сиракуза.

Витo Адамo, по потекло од Кастелмар дел Голфо, требало да биде отпуштен на 28 октомври од клиника во Сиракуза, но тој ден почнал да се чувствува лошо, објави ТП24.

По неговата смрт, обвинителството наредило обдукција, бидејќи се сомневаат дека нешто „тргнало наопаку“ за време на операцијата.

Тој денеска е погребан на црковните гробишта Санта Рита на местото каде го поминал целиот свој живот.

Истрагата се уште е во тек, а посебно внимание е насочено на медицинската документација по операцијата, која, според лекарите, била успешна.

Паника во авион: Луѓето врескаат, предмети паѓаат - пилотот бара принудно слетување (ВИДЕО)

Застрашувачки снимки го покажуваат моментот кога патнички авион налетал на силни турбуленции, поради што патниците „летаат“ кон таванот.

Авионот полн со патници се упатил кон Мајами, кога свртел среде лет и се вратил во Европа.

Деветчасовниот вчерашен лет на Scandinavian Airlines од Стокхолм бил речиси на својата дестинација кога бил принуден да сврти и да се врати назад по алармантната ситуација.

Откако прелетал во турбуленции над Гренланд, полниот авион се вратил во базата во Копенхаген на проверки поради загриженост за технички проблеми. Патник на летот, кој патувал со жена, објавил видео на кое се гледа како патниците врескаат поради турбуленциите.

Една жена која седела во неговиот ред била фрлена нагоре.

„Погледнете како нејзините стапала го допираат таванот! Мислев дека ќе умреме“, напишал тој.

@exportfromus.carsnipers flight between #stockholm and #miami #flight #flightaccident #news #stockholmtomiami #stockholm #miami #carsnipers ♬ original sound - CarSnipers

Според авиокомпанијата, во авионот имало 254 патници и едно бебе. Патник на летот рече дека најмалку едно лице е повредено, но портпаролот на авиокомпанијата рече дека немало повредени.

Како што рекоа, морале да се вратат назад бидејќи немале соодветна опрема во Мајами за да ги извршат проверките. На патниците им се понудени хотелски соби и вечерва полетаа за Мајами.

Дрво падна врз жена додека се шетала по снежна патека, едвај ја извлекоа (ВИДЕО)

Зимата полека пристигнува, а освен снег, санкање и невреме, носи и потенцијално опасни ситуации.

На пример, под тежината на белата прекривка, гранките се кршат и дрвјата паѓаат. Токму тоа ѝ се случило на една жена.

Додека се движела по патеката, немала поим дека дрво ќе падне врз неа. Таа останала да лежи неподвижна, под тешките гранки.

На помош ѝ пришле случајни минувачи кои се нашле на лице место, ја спасиле и ја однеле на првата клупа.

Иако жената се држела за глава, најверојатно не е тешко повредена. Драматичната сцена ја снимила надзорна камера од блиската куќа.

Повторно е отворен ресторан во Швајцарија на височина од 3.000 метри, по пожарот пред 2 години

Две години откако беше изгорен во пожар, спектакуларниот швајцарски панорамски планински ресторан на 3.000 метри повторно е отворен.

Редизајнот по големиот пожар го извршил познатиот архитект Марио Бота, кој веќе ја изградил оригиналната зграда во завеаните швајцарски Алпи.

Ресторанот се наоѓа на надморска височина од 3000 метри во скијачката зона Glacier 3000 во близина на селото Ле Диаблере над Женевското езеро, објави Ројтерс.

Во новата зграда е подобрена противпожарната заштита и енергетската ефикасност, велат од управата на скијачкиот центар. Сега на трите страни на зградата има соларни панели кои можат да произведат околу 100.000 киловат часови електрична енергија годишно.

Од сѐ уште непознати причини, при пожарот една ноќ во септември 2022 година, се запалија два ката, но темелите не биле оштетени.

притисни ентер