Пендаровски во Њујорк оствари средба со кралот на Јордан, Абдула Втори

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со кралот на Јордан, Абдула Втори.

На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се дефинирани со меѓусебно почитување и разбирање, како и добра соработка во меѓународните организации и институции со посебен акцент на ОН.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за акредитацијата на пет наши универзитети во Јордан кои им овозможија на македонски студенти да го продолжат своето образование во Јордан и нагласи дека високото образование е клучна компонента за идниот развој и напредок на двете општества.

Соговорниците разговараа и за заедничките цели за стабилност, безбедност и просперитет на регионот на Балканот и на Блискиот Исток, каде што Македонија и Јордан имаат просперитетна етничка разновидност и ја споделуваат истата политика на толеранција, соживот и почитување, градејќи општества во кои се негуваат етничката и верската различност.

Претседателот Пендаровски и кралот Абдула Втори разменија мислења и информации за актуелностите на Балканот и на Блискиот Исток, како и за посветеноста и придонесот на двете држави во постигнувањето одржлив мир и стабилност во двата региона, при што претседателот Пендаровски истакна дека македонските позиции се усогласени во рамките на ЕУ и во координација со земјите-партнери на НАТО Алијансата, соопштуваат од кабинетот на претседателот.

Телата на тројцата убиени Срби во Бањска им се предадени на семејствата

Телата на Стефан Недељковиќ од Звечан,како и Бојан Мијаиловиќ и Игор Миленковиќ од Лепосавиќ,кои загинаа во конфликт со косовската полиција во Бањска на 24 септември денеска им беа предадени на семејствата во Институтот за судска медицина во Приштина.

На преземањето на телата присуствувале адвокатите на семејствата, како и претставници на косовската полиција.

Стефан Недељковиќ ќе биде погребан во Врњачка Бања, а Бојан Мијаиловиќ и Игор Миленковиќ во Лепосавиќ.

На семејствата не им биле врачени обдукциските наоди, иако надлежните приштински власти соопштија дека обдукцијата е завршена.

Недељковиќ, Мијаиловиќ и Миленковиќ беа убиени во конфликт меѓу локалните Срби и косовската полиција на 24 септември, во селото Бањска, на северот на Косово, објави Телеграф.

Наредната недела се очекува да се реши проблемот со дијабетичарите

Министерот за здравство Фатмир Меџити најави дека пет илјади глукомери пристигнале, а наредната недела треба да пристигнат уште 17 илјади, со што би се ставил крај на проблемот со апарати и ленти за мерење на шеќерот во крвта.... 

Министерот за здравство Фатмир Меџити решение за проблемот со ленти за мерење шеќер и апарати го гледа во воведување на референтни цени во аптеките и секој корисник до одредена цена може да земе ленти и апарат.

„И дијабетичарите бараат дека најдобро е да биде со референтни цени. Што подразбира тоа? За да појасниме тоа значи дека кога пациенти ќе оди во аптека и ќе има една квота сума на финансиски средства до каде ќе го покрива ФЗОМ на тоа кој сака каков бренд ќе сака таков ќе земе. Знаете дека еден тендер за дијабетичарите е две години и ние некои припреми законски да направиме. Последниот тендер трае околу година ипол и по две години нема да има доцнење на тендери“, вели Меџити.

По реакцијата од здруженијата на луѓето со дијабет дека немало за сите корисници ленти и апарати, а тие што ги добиле биле спакувани во ќеси без декларации министерот објснува и гарантира дека се до добар квалитет, а воедно ги замолиле дистрибутерите да ставаат декларции. Во Октомври сите дијабетичари ќе ги имаат и лентите и мерачите на шеќер, вели Меџити.

„Стигнаа пет илјади апарати, а наредна недела ќе има уште 17 илјади“ вели Фатмир Меџити министер за здравство.

Комисијата за заштита од дискриминација ќе утврдува дали државата ги диксриминирала пациентите со дијабетес, затоа што 9 месеци ги остави без ленти и глукомери. Претставката од дијабетичарите е веќе примена и најдоцна за два месеци Комисијата ќе треба да одлучи дали е извршена дискриминација на повеќе од 40.000 граѓани мораа сами да се снаоѓаат и од сопствен џеб да купуваат ленти и апарати помагала за да ја контролираат болеста.

Во Катланово одбележана 75-годишнина од егзодусот на Македонците од егејскиот дел на Македонија

Преспанскиот договор очекувано донесе нов ветер во односите меѓу Македонија и Грција, но траумите од минатато се уште тешко заздравуваат.. 

Од Грција, преку Битола и Војводина, до Скопје. Тешки пет години од своето детство доживеал Епидиј Бојаров при протерувањето на македонското население од егејскиот дел на Македонија во време на граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година.

Денес, 75 години од тој немил настан, се одржа помен во Катланово за загинатите борци од Демократската армија на Грција. И после толку години, траорните сеќавања на Бојаров се уште се свежи. Такво нешто, вели тој, тешко е да се опише со зборови.

Роден во Кајлари, бил принуден дел од тинејџерските години да ги помине по различни прифатилишта, далеку од родната грутка и своите родители.

„Ние од 1944 година бевме префрлени во Југославија. Не преселија од Битола во Сомбор. Гаково, од Гаково назад во Македонија и најпосле бевме во Стајковци. И во 1949 година бевме префрлени во Маџари. Тоа време не се опишува. Не може никој да го опише какво беше тоа време.

Tокму Катлановската бања била една од болниците каде биле згрижени повеќе од 6.000 борци. Половина од нив биле оперирани, додека пак над 200 лица им подлегнале на тешките повреди.

Дека споменот за децата бегалци живее се горди и дел од здруженијата на децата бегалци. Тие веруваат дека споменот ќе продолжи да живее и во иднина.

„По потпишувањето на Преспанскиот договор, стравувавме дека активностите на егејските здруженија во Македонија ќе замрат, и дека државните власти нема да пружат поддршка во организирањето на нови средби. Меѓутоа, демантот дојде следните години. Сега знаеме дека по природното заминување на генерацијата деца-бегалци, нивното место го заземаат нивните потомци кои достоинствено ја продолжуваат традицијата на своите родители и дедовци“

Околу 22.000 македонски деца биле прогонети од егејскиот дел на Македонија и префрлени во Албанија и тогашна Југославија, при што биле распоредени во собирни центри во Романија, Унгарија, тогашна Чехословачка и Полска.

притисни ентер