Парулеска сребрена на ЕП во традиционално теквондо

Селекторот Лазарески очекува нови медали.

Селекторот Марјанчо Лазарески изјави дека очекува македонската репрезентација во традиционално теквондо да продолжи со успешните настапи на Европското првенство кое се одржува во Италија, откако Христијана Парулеска го освои сребрениот медал.

На ЕП во традиционално теквондо, чиј домаќин до 24 април е италијанскиот град Јесоло, македонската репрезентација, предводена од селекторот Лазарески, е претставена со седум натпреварувачи, од кои три во женска и четири во машка конкуренција.

- Натпреварувањата продолжуваат и сметам дека имаме квалитетни натпреварувачи и реални очекувања за уште одличја, изјави селекторот Лазарески, по успешниот настап на охриѓанката Парулеска и освоеното второ место.

На ова прво ЕП во традиционално теквондо, по пандемијата на коронавирусот, учествуваат натпреварувачи од 27 земји, а најбројни се репрезентациите на Украина, Чешка, Грција, Англија и Италија.

Блинкен: Воената соработка на Русија со Иран, Северна Кореја и Кина мора да се запре

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен синоќа изјави дека е неопходно да се запрат обидите на Иран, Северна Кореја и Кина да ја поддржат „руската воена машина“ за да се постигне мир во Украина.

- Има два непосредни и меѓусебно поврзани чекори кои мораме да ги преземеме. Прво, треба да одговориме на растечката соработка на Русија со Северна Кореја и Иран, изјави американскиот државен секретар на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на ситуацијата во Украина, пренесува Укринформ.

Тој потсети дека Иран и испорачува беспилотни летала на Москва и оти има изградено фабрика за производство на беспилотни летала во Русија, како и дека пред само неколку недели „и предаде на Русија стотици балистички ракети со краток дострел“.

Во меѓувреме, според Укринформ, Северна Кореја ја снабдува на Русија со оружје и муниција, вклучително и ракетни фрлачи и милиони артилериски гранати.

- Со овие акции на Иран, Северна Кореја и Русија прекршени се бројни резолуции на Советот за безбедност на ОН, за кои гласаше Руската Федерација и како постојана членка сноси посебна одговорност за нивното спроведување, рече Блинкен.

Тој нагласи дека Северна Кореја заедно со Иран добива помош од Русија да ги заобиколи санкциите и дополнително да ја дестабилизира ситуацијата во нивните региони.

- Северна Кореја и Иран не се единствените кои и помагаат на Русија. Кина, уште една постојана членка на овој Совет, е водечки снабдувач на алатки, микроелектроника и други стоки што Русија ги користи за обнова, снабдување, изградба на својата воена машина и поддршка на брутална агресија, продолжи Блинкен.

Тој ги критикуваше повиците на Пекинг да се запре испораката на оружје во зоната на конфликтот.

- Постои длабока разлика: Русија е агресорот, Украина е жртвата. Русија се бори за освојување, Украина се бори за опстанок. Ако другите земји престанат да ја поддржуваат Русија, инвазијата на Путин наскоро ќе заврши. Ако не биде поддржана, Украина може брзо да престане да постои, нагласи Блинкен.

Тој додаде дека вториот чекор што можат да го направат членките на Советот за безбедност на ОН е да ги поддржат иницијативите на Украина кон праведен и одржлив мир.

- Украина повеќепати изјави дека дипломатијата е единствениот начин да се стави крај на оваа војна и дека е подготвена за преговори. Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за таков мир, потсети Блинкен.

Тој додаде дека најбрзиот начин за промовирање на мирот е едноставен.

- Да се запрат оние кои ја поддржуваат и охрабруваат агресијата на Путин и бараат праведен мир во согласност со принципите на Повелбата на Обединетите нации, заклучи Блинкен.

Концерт на Синтезис за 30-годишниот јубилеј

Групата Синтезис, еден од најзначајните амбасадори на македонската музика, денеска ќе го одбележи својот 30-годишен јубилеј со спектакуларен концерт во Македонската Филхармонија. 

Со повеќе од 500 концерти одржани на сите континенти, Синтезис се докажа како најзначајниот извозен музички продукт од Македонија. Тие настапувале во некои од најпрестижните концертни сали и фестивали ширум светот, каде што ја презентирале македонската музичка култура и традиција. Нивната мисија е да ја зачуваат македонската традиционална музика, но и да ја облагородат со нови музички форми и елементи кои ја прават релевантна за денешната публика.

- Цели три децении, Синтезис со посветеност и страст ја чува и развива македонската музичка традиција. Овој јубилеен концерт ќе биде кулминација на нивното триесетгодишно патешествие и ќе претставува незаборавен настан за македонската публика. На јубилејниот концерт, заедно со своите гости, Синтезис ќе изведе дел од своите најпознати композиции кои го обележуваан нивниот пат низ годините, стои во соопштението од организаторите на концертот.

Формирана во 1995 година, Синтезис ја започна својата кариера со уникатна визија – да ја оживее и презентира македонската традиционална музика на современ начин. Со комбинирање на старите фолклорни звуци со модерни аранжмани, групата брзо се истакна на македонската музичка сцена и понатаму на меѓународната. Нивниот прв албум, „ДД Синтезис“, беше објавен во 1996 година и веднаш предизвика позитивни реакции кај публиката и критиката. Групата ја продолжи својата успешна приказна со албумите „Swinging Macedonia“(2000) и други значајни изданија кои го истакнаа нивниот автентичен звук.

Трамп: САД треба да се повлечат од војната во Украина

 Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави синоќа дека САД треба да се повлечат од војната во Украина и дека демократската потпретседателка Камала Харис и претседателот Џо Бајден немаат намера да го сторат тоа.

-Бајден и Камала не воведоа во војната во Украина и сега не можат да не извлечат. Не можат да не извлечат, рече Трамп во својот говор во државата Џорџија.

САД немаат војска во Украина, но обезбедија воена и хуманитарна помош вредна милијарди долари.

-Мислам дека сме заглавени во таа војна, освен ако не станам претседател. Ќе ја прекинам. Ќе преговарам и ќе излеземе. Мораме да излеземе. Бајден вели ’не заминуваме додека не победиме’. Што ќе се случи ако победат, рече Трамп.

притисни ентер