Парадоксално: Не му плаќале здравствено, треба да даде отказ за да се оперира

Македонски шуми не му плаќале здравствено, треба да даде отказ и да се пријави во АВРМ за да се оперира. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Месец дена притвор за косовскиот Србин обвинет за воени злосторства

Основниот суд во Приштина му одреди денеска едномесечен притвор на косовскиот Србин Срѓан Лазовиќ, кој е осомничен за сторено кривично дело „Воено злосторство врз цивилното население“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лазовиќ е осомничен дека за време на војната во Косово во 1998-99 година извршил злосторства врз цивилното население во селото Панорц, општина Малишево.

Тој беше уапсен од косовската полиција во четвртокот, на 27 јуни, во Лепосавиќ, во северно Косово. /МИА

Реконструкција на улици во Припор, изградба на детско катче и реконструкција на игралишта

Со бројни случувања Кисела Вода денес го одбележува својот 69-ти роденден. 

Покрај семејниот ден кој се одвиваше во паркот Македонија, се реализираше и уште еден обемен инфраструктурен проект, четврти во оваа роденденска седмица. Во Припор, каде што беше присутен градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, започна асфалтирање на улици на површина од 7000 квадратни метри. Се работи за улица 15, крак на улица 14, улица 30, улица 29, како и уште неколку помали краци низ оваа населба. Воедно, како што најави тој, ќе се врши реконструкција на фудбалското и игралиштето за баскет, а е се гради и ново детското катче во ПОУ “Круме Кепески.

-Денес сме во населбата Припор каде во рамки на одбележувањето на роденденската седмица започнуваме со еден обемен проект за асфалтирање на улици на површина од 7000 квадратни метри. Ова е уште еден голем чекор во реализацијата на моето ветување дадено пред граѓаните дека до крајот на мојот мандат ќе нема неасфалтирана улица во општината. Конкретно, реконструкција периодов ќе претрпат улиците “15”,”29”, “30”, кракот на улицата “14” и уште неколку помали краци. Ова не се единствените градежни активности што ги преземаме во Припор. Имено, во ПОУ “Круме Кепески” инвестираме во изградба на ново детско катче, а постојните фудбалско и кошаркарско игралиште ќе ги реконструираме, со што најмладите ќе добијат нов простор за игра и разонода-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски, уште еднаш поканувајќи ги сите на големиот роденденски концерт на Суперхикс и пријателите кој започнува вечерва во 19 часот во Расадник.

Италијанската премиерка Мелони: Антисемитизмот и расизмот не се споиви со нашата партија

Италијанската премиерка Џорџа Мелони остро ги осуди расистичките и антисемитските изјави на некои членови на младината на владејачката партија Браќа на Италија.

Обраќајќи се пред новинарите во Брисел, Мелони изјави дека антисемитизмот и расизмот се неспоиви со нејзината партија, откако двајца водечки членови на Националната младина поднесоа оставка поради наводни антисемитски коментари кон еврејски сенатор.

- Многупати сум кажала и повторувам, оние кои имаат расистички, антисемитски или носталгични чувства, едноставно погрешно ја разбираат нашата партија, бидејќи тие чувства се неспоиви со Браќа на Италија, неспоиви со италијанската десница и неспоиви со политичката линија што јасно ја дефиниравме во изминатите години, истакна таа.

Мелони исто така го критикуваше методот на известување на Fanpage, левичарски интернет весник, кој објави извештај со видео и аудио снимки од членови на Националната младина кои користат расистички навреди и нацистички поздрави.

Истрагата на Fanpage, насловена „Младината на Мелони“, предизвика шок во редовите на Браќа на Италија, додека Мелони се обидуваше да ја зацврсти репутацијата како умерен глас на европската сцена.

Претседателот на Еврејската заедница во Рим, Виктор Фадлун, ги осуди срамните слики од расизмот и антисемитизмот што произлегоа од истрагата на Fanpage и повика на преземање соодветни мерки против вклучените членови. /МИА

притисни ентер