Паолини го освои трофејот во Дубаи

Италијанската тенисерка Јасмине Паолини е победничка на ВТА 1000 турнирот во Дубаи, ОАЕ.

Паолини во денешното финале беше поуспешна од Русинка Ана Калинскаја во три сета. Мечот траеше 2 часа и 16 минути и заврши со резултат 4:6, 7:5, 7:5 во корист на италијанската претставничка.

Дваесет и петгодишната Русинка двапати сервираше ас, направи четири двојни грешки и реализираше шест брејк топки од осум шанси. Паолини немаше ниту еден ас, направи една двојна грешка и седум брејк топки реализира од девет можности.

Паолини го освои својот втор ВТА трофеј во сингл. Пред тоа таа стана победничка и на три турнири во двојки.

Од друга страна, Калинскаја не успеа да ја освои својата прва ВТА титула во сингл. Сепак, за време на турнирот во Дубаи, Русинката победи три претставнички на Топ 10 – Ига Швјонтек (1), Елена Остапенко (9) и Коко Гоф (3). /МИА

Мицкоски најави робусна акција за справување со корумпираните обвинители и судии

Премиерот Мицкоски рече дека е жестоко разочаран од однесувањето на Обвинителството кое не постапува по индициите на ревизорите за корупција и криминал.

Премиерот Мицкоски рече дека е жестоко разочаран од однесувањето на Обвинителството кое не постапува по индициите на ревизорите за корупција и криминал и најави дека доколку за брзо не се промени нешто,ќе спроведат како што рече, робусна акција.

Една година без Вања-се чекаат одговори за нејзиното грабнување и свирепа смрт

Зошто беше убиена 14 годишната Вања Ѓорчевска и кој се стои зад злосторството кое ја потресе земјава но и регионот? 

Денеска се навршува точно една година од нејзиното грабнување утрината на 27 ноември а се започна откако нејзината мајка на социјалните мрежи објави дека Вања е исчезната. Шест дена подоцна нејзиното тело ќе биде пронајдено кај местото Дупки во близина на скопското село Бразда. Полицијата на 2 декември лани приведе пет лица кои ги поврза со исчезнувањето на Вања, а Влатко Кешишев, кој тогаш е еден од осомничените, го посочува местото каде е закопано девојчето. Вања била киднапирана од влезот на нејзината зграда кога излегла од домот за да оди на училиште.

-Двете од лицата кои биле со возилото цитроен, а по претходно добиена информација која ја имале вечерта пред извршувањето на грабнувањето, дека девојчето ќе биде само и во колку часот, во влезот од зградата го земаат и е ставено практично со врзани раце и нозе и во една вреќа за спиење и го ставаат во цитроенот,- изјави – Оливер Спасовски – Поранешен министер за внатрешни (04.12.2023).

На сето ова му претходи исчезнувањето на 74 годишниот велешанец Панче Жежовски. Неговиот цитроен ќе биде клучен двата случаи да се поврзат и да ја однесе полицијата до реното кангу и првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо.

-Панче должел некои 500 евра и така веројатно е избран како жртва за да се земе колата и да се изврши грабнувањето,- изјави – Гаврил Бубевски – ОЈО Скопје (04.12.2023).

Љупчо Палевски, ќе соопшти тогаш МВР, на 5 декември е уапсен во Беликесир, Турција. Неколку месеци подоцна ќе биде екстрадиран во Македонија а во меѓувреме скопското обвинителство поднесе обвинение за случајот. Заедно со него на обвинителна клупа седнаа и Влатко Кешишев, Велибор Манев и Боре Видевски, како и Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања на првото судско рочиште на 20 септември годинава. Мотивот, според обвинението е да се изнудат пари од мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска.

Сите обвинети тогаш негираа вина, а судската постапка продолжи со испитување на сведоци кои ги предложи обвинителството. Полициските инспектори кажаа дека обвинетите признале и го посочувале Палевски за организатор, потоа Кешишев достави изјава со која го бранеше Палчо за потоа да каже дека истиот му ја наметнал. Обвинителството пак уверуваше дека сепак располага со цврсти докази првообвинетиот.

-ОЈО Скопје има доволно цврсти докази со коишто ќе докаже, товарот којшто на обвинетите им се става на терет дека го сториле во критичните моменти. По изведувањето на вербалните докази, следи изведувањето на материјалните докази со кои во целост ќе се доразјаснат одредени околности коишто во јавност оставаат прашалници што и како се случило,- изјави - Жаклина Крстевска Јосифовска – Обвинител (25.11.2024).

Она што за што јавноста се уште не доби одговор е зошто Вања била убиена без да се бараат пари од семејството со оглед на тоа и мајката Зорица и нејзините родители во судница кажаа дека такво нешто немало. Се спомена само порака во вибер група, но и експертската јавност смета дека обвинителството има тешка задача пред себе во докажувањето на мотивот. Одговор се очекува од испрашувањето на обвинетите кое ќе се случи на крајот од судската постапка.

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни, вели Попов

МАНУ секогаш била отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во Академијата, без оглед на нивната етничка верска или каква била друга припадност. 

За политичките партии и нивните влијанија никогаш немало место во МАНУ, а науката и уметноста не треба да се етнизираат, порача претседателот на Академијата Живко Попов во обраќањето по повод денот на ману.

-Она што е карактеристично за нашата мултиетничка Академија е фактот дека во неа кандидатите за членство и академиците никогаш не се прашувале да се изјаснат за нивната етничка припадност, имало дури периоди кога академиците Македонци не биле мнозинство во институцијата. Во Македонија како и во сите земји унитарни земји од регионот и насекаде во светот постои само една национална академија која ја претставува државата во европските и во други меѓународни асоцијации на академии, па оттука актуелниот притисок за формирање на моноетничка албанска академија го сметам за нерационален и неоснован,- -Живко Попов.

Попов кажа и дека МАНУ ја прифаќа поканата од премиерот Мицкоски заедно со Владата и универзитетската заедница да ја унапредат националната стратегија за развој на државата во која ќе се дефинираат националните приоритети и најави амбициозна програма со фокус на многубројните проблеми во образованието и науката, демографските предизвици, реформите во правосудството, здравството, земјоделството, културата.

-Намерата за ревитализирање на конекцијата меѓу МАНУ и врвот на државата заслужува посебно внимание во услови на се позабележливо отсуство на основните вредносни параметри врз кои се гради општествениот систем. Оттука во оваа пригода во мое и во име на МАНУ особено би сакал да упатам срдечна благодарност до претседателот на Владата, проф. Христијан Мицкоски за безрезервната поддршка на Академијата, изјави Попов.

Претседателот на МАНУ во обраќањето се осврна и на проблемите со соседите и според него последиците од Договорите со Грција и Бугарија со кои земјата направила болни компромиси, без да почне преговори со ЕУ. Сепак, Македонија мора достоинствено да продолжи по европскиот пат, смета академик Попов.

-Сепак треба да сме свесни дека ние како мал народ и сиромашна држава само преку рамноправен дијалог и соработка со соседите и ЕУ можеме да дојдеме до разумни и прифатливи решенија за создадените проблеми зачувувајќи го при тоа културното и историско наследство кое му припаѓа на амкедонскиот народ како европска вредност, изјави Попов.

Тој додаде и дека наша обврска како држава на патот кон ЕУ е усогласување на Законот за употреба на јазици со забелешките од Венецијалнста комисија, а МАНУ не смета дека тој треба да се укине туку само да се доуреди за поголема практичност и помалку финансиски трошоци.

притисни ентер