Оливер Спасовски „Hа кавга со Иван“

Последната емисија за оваа полусезона  НА КАВГА СО ИВАН е резервирана за екс министер и премиер а сега пратеник од СДСМ, Оливер Спасовски. 

Ќе остане ли запаметен по легендарното Обиџуко , по пајакот кој удира полицајки, по доделените пасоши на светски вуцибатини или по акцијата на американската ДЕА кога беше запленета 200 кг дрога на Плетвар? Што му забележува на Мицкоски а што на Панче Тошковски? Папагалот Кико, добар ли е? Зошто една нивна пратеничка со пелтечење изговори дека и СДСМ се задоволни за ставањето на Артан Груби на црната листа?

Има ли амбиции да стане лидер на партијата и конечно да ја врати на старите стази на политичката слава и победи, на СДСМ државничка?

Вие можете да му избегате на Оливер, ама тој никогаш нема да избега од вас.

Утре, 23.00h Канал 5 ТВ

НА КАВГА СО ИВАН

гостин Оливер Спасовски

#macedonia #kanal5tv #quarrel_with_Ivan #kavga #television

УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег

Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови (над 25л/м2) каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер (над 60км/ч).

Потоа до четврток ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда.

Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег, особено попладне. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. И во следните три дена ќе има услови за провејување на снег, особено во среда.

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Горан Пандев спортски директор на националните селекции. Илија Најдоски и Агим Ибраими советници на новиот претседател на ФФМ.

Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар.

Веднаш по завршувањето на Вонредно изборно генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ одржа состанок со членовите на Управниот одбор на федерацијата.

На состанокот, на предлог на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, членовите на Управниот одбор на ФФМ го избраа Марјан Стојкоски од ОФС Прилеп за потпретседател на Фудбалската федерација на Македонија на местото од досегашниот потпретседател, Лазар Ракиџиев.

На седницата, исто така, беше констатирана оставката од функцијата генерален секретар на Наталиа Илиевска Божиновска.

За в.д. генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија е назначен Дрилог Ганиу, досегашен заменик на првиот оперативец во „Куќа на фудбалот“.

На предлог на новиот претседател на ФФМ, македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции.

Еден од великаните на македонскиот фудбал, Илија Најдоски заедно со нашиот поранешен репрезентативец, Агим Ибраими се назначени за советници во кабинетот на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна

Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи, покажуваат резултатите од вонредниот мониторинг по вчерашната санација.

Секторот Санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување поради изведување на активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа и по добиените резултати информира дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи.

Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање беше изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимераза верижна реакција метода за микробиолошката анализа.

Вчера беше извршена санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во која учестуваа повеќе од 160 лица технички персонал на ЈП Водовод и канализација, како и 150 административен персонал.

Градоналничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по санацијата изјави дека станува збор за модернизација што за првпат се случува во повеќе од 50, односно скоро 60 години во градот Скопје.

Поради овој сложен оперативен план за санација на главниот цевковод поголем дел од Скопје вчера беше без вода од околу 2 часот, се до санирање на дефектот околу 14 часот, по што започна со постепено полнење на магистралниот цевковод на градот.

притисни ентер