По појавата на птичји грип, ИЈЗ со препораки до граѓаните

Периодот на инкубација за птичјиот грип се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната изложеност со болна или мртва живина. 

Првичните симптоми примарно се респираторни, со покачена температура, треска и кашлица, но може да се јават и нереспираторни симптоми. Симптомите на горниот респираторен тракт - течење на нос и болки во грлото можеби не се вообичаени кај сите пациенти, но, болеста може да напредува до респираторна инсуфициенција, акутен респираторен дистрес синдром (ARDS) и повеќеорганска инсуфициенција.

По појавата на птичјиот грип во Скопската Зоолошка градина, Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните. Оттаму наведуваат дека речиси сите случаи на инфекција со вирусот се поврзани со близок контакт со заразени живи или мртви птици. - Иако можеби имало некои случаи кои не биле откриени, се чини дека вирусот не заразува лесно луѓе и не се шири од човек на човек, врз основа на сегашното знаење и разбирање на оваа болест, велат од ИЈЗ.

- Инфлуенца A(H5N1) е еден од неколкуте вируси на грип што предизвикува високо заразна респираторна болест кај птиците наречена авијарна инфлуенца - или „птичји грип“. Документирани се и инфекции кај цицачи, вклучително и кај луѓето. Периодот на инкубација за инфекција со A(H5N1) се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната позната изложеност на болна или мртва живина. Сепак, периодот на инкубација може да трае и до 14 дена. Инфекцијата со вирусот на грип A(H5N1) може да предизвика низа болести кај луѓето, од благи до тешки, а во некои случаи може да биде дури и смртоносна. Смртноста е до 50 проценти, појаснуваат од ИЈЗ.

Оттаму потенцираат дека заболените треба да се менаџираат правилно за да се спречат тешки болести и смрт.

- Пациентите со лабораториски потврдена инфекција со вирусот на грип со прогресивна, комплицирана или тешка болест - или оние со асимптоматска или лесна болест, но, кои се изложени на зголемен ризик од тешка болест - треба да се лекуваат со антивирусни лекови, на пример „оселтамивир“, што е можно поскоро, наведуваат од ИЈЗ.

Препораките за заштита се да се избегнува контакт со болни или мртви животни, контакт со животни во фарми и пазари за животни, влегување во области каде може да се колат животните, контакт со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет, колење или јадење болни животни.

- Следете ги добрите практики за безбедност на храната како што се избегнување на потрошувачката на сурово млеко, јајца и месо. Одржувајте колективна и лична хигиена, вклучително и редовно миење раце со сапун и вода. Лицата со професионална експозиција треба да ги следат протоколите за работа, како и мерките за превенција поврзани со работното место, нагласуваат од ИЈЗ.

Доколку некој смета дека можеби има птичји грип, од ИЈЗ велат дека веднаш треба да се побара медицинска помош ако се има симптоми слични на грип како треска, кашлица и тешкотии при дишење, или конјунктивитис или други необјаснети симптоми. Да се информира лекарот на лицето за каква било изложеност на болни или мртви животни.

- Дополнително, преземете заштитни мерки: носете маска и ограничете контакт со други луѓе, покривање на устата и носот при кашлање или кивање, правилно фрлање на марамчињата, редовно проветрување на просторот каде се наоѓате, избегнувајте да ги допирате очите, носот или устата и редовно мијте ги рацете со сапун и вода, додаваат од ИЈЗ.

По угинување на гуска во езерцето во скопската Зоолошка градина потврден е случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1.

Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска вчера изјави дека од 15-те вработени во скопската Зоолошка градина, за кои веќе била завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за четворица во текот на денешниот ден ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а кај еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на покачена температура и дијареја, ќе биде извршено тестирање за присуство на птичји грип.

Крава нападна Британка-ја фрли во воздух и ја закачи на роговите: Црвениот кармин е виновен

Ланет Вилтшир (50) била повредена за време на излет во Кент кога била цел на бесна крава. Инцидентот се случил минатата недела.

Била во друштво на мајка ѝ, сестрата и зетот кога забележала дека животното, нормално рурален вид со долго крзно, опасно ѝ се приближува. Пред да може да реагира, веќе било доцна.

Мајката на четири деца го опишала ужасното искуство.

„Забележавме стадо и не сакав да поминам. Сестра ми ми рече дека кравите се пријателски расположени, бидејќи во спротивно би биле во заграден простор. Ја послушав, но не требаше“, објасни таа.

Ланет вели дека една крава почнала да се приближува, но не побегнала, плашејќи се од нејзината реакција.

„Знаев дека нема да биде добро штом ја спушти главата. Во секунда ме фрли во воздух, а потоа ме наби на роговите. Ми ги прободе панталоните и долната облека“, рече таа.

Таа смета дека е вистинско чудо што преживеала само со модринки на бутовите, што може да се види на објавените фотографии.

„Не престанувам да размислувам за нападот. Имам кошмари дека кравата повторно ќе ме нападне“, открила таа.

Таа не знае зошто била цел на напад, но верува дека е виновен нејзиниот црвен кармин, пренесува The Sun.

„Беше страшно. Рогот можеше да ми помине низ ногата. Бев загрижена за мајка ми, која боледува од Алцхајмерова болест, бидејќи ако ѝ се случеше ова, ќе ја убиеше“, изјави Ланет.

Објавен е токсиколошкиот наод на починатиот пејач Лиам Пејн- во крвта имал „розов кокаин“

Објавен е токсиколошкиот извештај на Лиам Пејн.

Пејачот имал траги од комбинација на повеќе дроги во неговиот систем, вклучително и „розов кокаин“, кога паднал од балконот на неговиот хотел и починал, според извештаите на аргентинската полиција.

Прелиминарните резултати од токсиколошките тестови на посмртните останки на Пејн откриле траги од кокаин, бензодиазепини, крек кокаин и „розов кокаин“ кој е комбинација од метамфетамин, кетамин и МДМА. „Делумната обдукција откри дека Лијам Пејн имал повеќе супстанции во неговиот систем кога паднал од балконот на третиот кат од неговата хотелска соба во Буенос Аирес“, се вели во извештајот.

„Овие супстанции вклучуваа „розов кокаин“ - рекреативна дрога која обично е мешавина од неколку дроги, вклучувајќи метамфетамин, кетамин, МДМА и други - како и кокаин, бензодиазепини и крек, најдени во неговиот хотелска соба“, се наведува.

Додека продолжуваат тестовите на супстанции - бел прав, траги од хемиски кристали и лекови на рецепт - пронајдени во неговиот апартман во хотелот каде што починал, резултатите од обдукцијата на неговото тело биле завршени претходно.

Поранешниот пејач на One Direction, Лиам Пејн, почина на местото на настанот од повеќе повреди, вклучително и фрактура на черепот, потврдија службите за итни случаи во Буенос Аирес минатата недела.

31-годишниот пејач паднал од третиот кат во дворот на хотелот Каса Сур во главниот град на Аргентина. Вработените во хотелот во Буенос Аирес каде Лијам Пејн загинал при пад се под истрага за наводно снабдување на пејачот со тешки дроги во деновите пред неговата смрт. Мажите се обвинети дека шверцувале разни наркотици во апартманот на пејачот во хотелот CasaSur во луксузниот кварт Палермо.

Се верува дека камериер и уште еден член на персоналот ја сокриле дрогата во кутија за сапун, која детективите ја пронашле во собата на Лиам по неговата смрт. Се верува дека раководството на CasaSur било свесно за невообичаеното однесување на двајцата вработени и дека еден од вработените бил отпуштен.

Детективите ги испрашувале и вработените за нивната можна улога во смртта на пејачот. „Во хотелот имало двајца мажи кои го снабдувале Лиам со дрога“, открил близок пријател на Лиам Пејн. „Праќаа такси да му земат пакети. Еден од тие луѓе работеше во одделението за чистење.

По смртта на Лиам, забележале дека на домашната адреса на вработениот е испратено такси. „Менаџерот на хотелот го прашал зошто таксито отишло на неговата домашна адреса, а кога не можел да даде објаснување, добил отказ“, додаде тој.

Да потсетиме дека полицијата во Буенос Аирес објави дека хотелската соба на Пејн била „во целосен хаос“ и дека бројни предмети „се скршени и расфрлани“. Во соопштението за медиумите се наведува и дека во внатрешниот двор на хотелот, каде што е пронајдено телото на пејачот, биле пронајдени и шише виски, запалка и мобилен телефон.

Розовиот кокаин, познат како туси, всушност не е кокаин, туку синтетичка дрога која е комбинација од различни психоактивни супстанци, најчесто од семејството на халуциногени фенитиламини, вклучувајќи го и 2C-B.

Оваа супстанца првпат била синтетизирана во 1970-тите, а особено е забележлива по предизвикување интензивни халуцинации. Дрогата има розова боја и често се меша со мириси налик на јагоди, што го прави привлечен за помладите корисници во клубската сцена.

Еден од главните проблеми со туси дрогата е тоа што нејзините состојки варираат, така што корисниците никогаш не знаат точно што земаат, со што се зголемува ризикот од опасни несакани ефекти. Дрогата е поврзана со Колумбија, каде што производството е најраспространето, а најмногу се користи во Шпанија и други европски земји.

Експертите предупредуваат дека туси е исклучително опасен поради неговата непредвидливост и потенцијално токсичните состојки.

Тони кал и шут ја парализираа Италија по силното невреме, илјадници раселени (ВИДЕО)

Италија се опоравува од големите поплави предизвикани од обилните врнежи што го погодија северниот дел на земјата минатиот викенд.

Најлоша е состојбата во провинцијата Емилија Ромања, каде пожарникарите имале над 800 интервенции.

Само во Болоња имало 345 интервенции, најмногу поради калта предизвикана од поројниот дожд. Обилните дождови доведоа и до лизгање на земјиштето и отворање на бројни дупки на патиштата, предизвикувајќи големи проблеми во сообраќајот, пренесе „Раи њуз“.

Пожарникарите на Емилија Ромања изјавија дека „на терен работат 472 единици, од кои 81 пристигнале како засилување од соседните региони, заедно со 157 возила и четири оперативни модули за испумпување на големи количини вода од поплавените подрачја“.

Во текот на ноќта меѓу 19 и 20 октомври, противпожарен хеликоптер спасил семејство со тримесечно бебе. Нивниот дом во Монтеренци, во провинцијата Болоња, бил изолиран поради лошите временски услови. Во Бентивоље, во провинцијата Болоња, продолжува работата на екипи со пумпи за празнење на поплавените простории во градската болница.

Пожарникарите се уште се ангажирани на расчистување на подрачјата зафатени од кал и шут. Во Болоња речиси сите улици се проодни, што го потврдил и градоначалникот Матео Лепоре.

Приватните куќи и електроенергетските објекти на Енел се чистеле со помош на пумпи. Сите електрични услуги кои беа во прекин се обновени. Градот има обезбедено околу 750 онлајн формулари кои досега ги пополниле граѓаните на Болоња за да побараат поддршка

Болоња се расчистува од кал, а граѓаните се соочуваат со првите проблеми во работниот ден (дури и со затворени училишта) по поплавите што го зафатија градот во саботата навечер. Сепак, временската прогноза за наредните денови во оваа провинција предвидува нови врнежи, иако не толку интензивни како претходната недела.

Уште малку врнежи од дожд се очекуваат во среда, кога времето ќе биде „облачно или претежно облачно со повремена облачност која ќе донесе повремени врнежи“. Во вечерните часови врнежите претежно ќе се повлечат на Апенините.

Претходно беше соопштено дека во поплавите загина млад човек, наврнале 200 литри дожд на метар квадратен.

притисни ентер