Двајцата тестирани вработени во Зоолошката градина негативни за птичји грип

Четворица под здравствен надзор, двајца од  вработените во скопската Зоолошка градина утринава тестирани за птичји грип.. 

Лабораториските тестови покажале дека двајцата тестирани поради соменавење од птичји грип се негативни и немаат птичји грип. И двајцата работат во Зоолошката градина. Едниот од тестираните имале зголемена температура, а вториот сам се пријавил за тестирање иако не бил на списокот бидејчи имал симптоми со зголемена телесна температура.

„На ден 21.10 согласно протоколите, направено е тестирање за птичји грип во Одделение за вирусологија во ИЈЗ референтна лабараторија, која е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека 1 ден имало симптоми на покачена телесна температура. Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но на ден 21.10 се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми. Ве известуваме дека по добиените резултати од спроведените тестирања, двете лица се негативни за птичји грип.“

Од Институот за јавно здравје соопштија дека за ваква состојба не е предвидена изолација за ниту еден од вработените во Зоолошката градина.

Во саботата Зоолошката градина беше затворена дел од птиците беа усмртени 35 птици откако било потврдено кај една птица дека починала од птичји грип. Од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека биле почитувани сите протоколи со цел да не се прошири болеста. Зоолошката останува затворена во наредните три недели.

Инфлуенсерка доби 33 милиони прегледи, но ги налути Јапонците- прави акробации во храм (ВИДЕО)

Гимнастичарката и инфлуенсерка Марија дел Мар Перез Банус од Чиле објави видео како изведува акробации во јапонско светилиште, а сцената ги налути Јапонците, но и бројните корисници на социјалните мрежи.

Во клипот, 25-годишната гимнастичарка, која живее во САД, виси на црвена структура и изведува акробации додека хит песната Cha-Cha Slide свири во позадина.

Гимнастичарката ги изведе своите акробации на таканаречените тории, симболичен премин кој го означува влезот во шинтоистички храм и ја симболизира границата што го дели материјалниот од духовниот свет. Поради нејзиниот потег, многумина ја обвинија дека ја навредува јапонската култура, по што таа го избриша видеото. Сепак, видеото се прошири на Х и собра дури 33 милиони прегледи и бројни негативни коментари.

„Ова покажува недостаток на почит кон јапонската религиозна култура и обичаи“, „Се надевам дека никогаш повеќе нема да дојдеш во Јапонија“ и „Странците навистина не знаат ништо. Ако скршат нешто, само ќе побегнат. Посакувам да престане“, беа дел од коментарите.

Некој објавил во коментар дел од локалниот кривичен законик според кој секој кој јавно понижува светилиште, будистички храм, гробишта или друго место за богослужба се казнува со затвор до шест месеци или парична казна до 100.000 јени (613 евра) .

По негативните реакции, инфлуенсерката објавила видео во кое се извинува и објаснува дека не ја разбрала важноста на светилиштето.

"Навистина не размислував за тоа што го правам. Сакам да се извинам илјада пати. Ве молам престанете да ми испраќате пораки и коментари, навистина ми е жал. Се надевам дека можете да разберете, многу ви благодарам", рекла таа.

Албанката, која кај Дубровник предизвика смрт на брат и сестра е осудена на 4 години затвор

Државното обвинителство на Хрватска поднесе жалба на пресудата со која 29-годишната Албанка Клевиша Имери е осудена на четири години затвор за трагична несреќа недалеку од Дубровник.

Бараат построга казна за неа.

Албанката била неправосилно осудена во Жупанискиот суд во Дубровник, кој ја прогласи за виновна за несреќата во април годинава.

Според пресудата, на 09.04.2024 година, околу 20.30 часот, во близина на градот Слано, возачката се движела со автомобил БМВ XM во правец кон Дубровник и почнала да го престигнува автомобилот пред неа.

Меѓутоа, таа не проверила дали може да претекнува безбедно и се судрила со автомобил кој доаѓал од спротивниот правец. Во него загинаа брат и сестра, 21-годишно момче и 19-годишна девојка.

„Жалбата е поднесена против решението за изречената казна бидејќи државното обвинителство смета дека казната е преблага со оглед на тежината и последиците од стореното кривично дело со кое е прикриена смртта на две млади лица, па во жалбата е предложено обвинетата да биде осудена на построга казна“, потврдија од адвокатската канцеларија на Општинската управа во Дубровник.

Инаку, притворот на возачката ѝ е продолжен по неправосилната пресуда, бидејќи таа е странска државјанка и може да побегне од Хрватска, објави Индекс.

ОН: Израел забранува достава на хуманитарна помош на северот на Газа

Израел продолжува да забранува хуманитарна помош да влезе во северниот дел на Појасот Газа за време на големата офанзива во областа, изјави денеска шефот на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (UNRWA) Филип Лазарини.

„Израелските власти продолжуваат да негираат хуманитарни мисии на север со клучни резерви, вклучително и лекови и храна за луѓето под опсада“, рече Лазарини. Тој додаде дека погодените болници останале без струја, додека повредените се без помош.

Шефот на УНРВА рече дека засолништата управувани од агенцијата во северниот дел на Појасот Газа се преполни. „Некои од раселените сега се принудени да живеат во тоалети“, рече Лазарини, додавајќи дека жителите на Газа кои се обидуваат да избегаат „умираат, а нивните тела остануваат на улица“.

Тој посочи дека биле одбиени и барањата за мисии за спасување луѓе под урнатините.

Официјалниот претставник на ОН повика да се обезбеди хуманитарна помош за сите луѓе во Појасот Газа.

„На хуманитарните агенции, вклучително и УНРВА, мора да им се дозволи пристап до северниот дел на Појасот Газа. Задржувањето на хуманитарната помош за постигнување воени цели е знак за тоа колку е низок моралниот компас. Никој не треба да моли за помош или за да му се помогне“, рече Лазарини, додавајќи дека тоа би можело да биде прекин на огнот „почеток на запирање на овој бескраен кошмар“.

Минатата недела, Евро-медитеранскиот монитор за човекови права објави дека израелската забрана за помош оставила 200.000 луѓе во северниот дел на Појасот Газа без храна и вода за пиење.

УНРВА инаку е опфатена со контроверзии откако се појавија извештаи дека некои нејзини вработени можеби учествувале во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври во кој загинаа 1.300 луѓе, од кои повеќето цивили. ОН започнаа истрага, а некои земји ги задржаа донациите за агенцијата.

притисни ентер