Охрид дел од регионалниот Проект за дигитализација на културното богатство

Во Охрид денеска се организираше Инфо-ден за промоција на проектот „Интер-регионално  управување со културното  наследство,  Е  –систем”  (Inter-regional Culturaл Heritage Management е-system).

Овој проект се реализира во рамки на програмата програмата „Interreg Balkan – Mediterranean 2014-2020″ на Европската унија.

Станува збор за иновативен електронски систем за дигитализација на наследството, што има добиено европска награда за иновативност. Со имплементацијата на проектот Охрид ќе биде дел од градовите со дигитализирано културното наследство, заедно со уште три балкански градови, кои се под заштита на УНЕСКО – Самос и Крф во Грција и Ѓирокастро во Албанија.

-Особено ме радува фактот, што имплементацијата на овој проект во Охрид се поклопува со нашите заложби и планови за подобрување на состојбата со заштитата на природното и културното наследство во Охридскиот регион и зачувувањето на статусот на УНЕСКО. Со низа мерки и активности веќе ја поведовме битката за зачувување на Охрид и преку посветена работа ќе ги вложиме сите напори за спречување на понатамошната деградација и девастација на овој регион и ќе се обидеме да ги поправиме сите штети кои се направени во минатото. Убеден сум, дека ќе успееме да извојуваме победа во целокупниот овој процес и дека нашиот регион ќе биде еден позитивен пример за исполнување на сите препораки кои ни се дадени од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, во насока на зачувување на статусот на заштитено подрачје, истакна градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Покрај дигитализација на културното наследство, проектот има за цел да придонесе и кон развојот на културниот туризам и едукација на младите и туристите за значењето на културното наследство. Како резултат на проектот, се очекува oпштина Охрид, за прв-пат да добие дигитална мапа на културното наследство, во која ќе бидат опфатени околу 130 објекти кои имаат посебно културно значење за градот. Податоците од овој систем ќе може да се користат во насока на туристичка промоција, но и за други потреби на општината. /МИА

Министерката Костадиновска Стојчевска ги прими претставниците на списанието „Komun@“

Во организација и со поддршка на амбасадорот на Македонија во Црна Гора, н.е. Зеќир Рамчиловиќ, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, ја прими делегацијата на списанието „Комуна“ („Komun@“) .

Бисера Костадиновска Стојчевска, ја прими делегацијата на списанието „Комуна“ („Komun@“) - претседателот на програмскиот одбор Жељко Рутовиќ, директорот и главен уредник м-р Амер Рамусовиќ и проф. Шефко - Шеки Личина, член на издавачкиот совет на списанието.

Со пофални оценки за карактерот на програмската содржина на „Комуна“, минитерката Костадиновска Стојчевска го апострофираше значењето на заштитата и зачувувањето на идентитетот во денешните глобални процеси.

Во тој дух соговорниците го истакнале значењето на афирмацијата на мултикултуралноста како цивилизациско прашање на унапредувањето и почитувањето на човековите права.

Претставниците на „Комуна“ во оваа прилика го нагласија значењето на регионалната институционална соработка, како и на граѓанските иницијативи и пошироките партнерски проекти со цел унапредување на положбата на малцинските култури и тематски програми од областа на историското пријателство и културните врски на црногорскиот и македонскиот народ.

Директорот и главен уредник на „Комуна“, Рамусовиќ ја запозна министерката и со издавачката дејност на списанието, во која прилика ѝ беше врачена книгата посветена за познатиот македонски новинар и публицист Јанко Николовски - “ПО-етика на животот“, од авторите Жељко Рутовиќ и Мирко Јаковљевиќ. На министерката ѝ беа врачени уште неколку изданија со тематска содржина за историјата и културата на Црна Гора.

Соговорниците се согласни во оценката и потребата за печатење на тематски број на списанието „Комуна“, кое би било посветено на културните, историските и севкупните врски меѓу Македонија и Црна Гора.

На крајот на разговорот, министерката Костадиновска Стојчевска изрази задоволство од тоа што културната јавност на Скопје била во прилика поблиску да се запознае со содржината и вредноста на списанието „Комуна“, кое беше претставено во просториите на Црногорската заедница,се наведува во соопштението.

Тојота има две нови електрични возила, не се наменети за Европа (ФОТО)

Toyota можеби нема да верува во целосна електрификација, но нема да ги игнорира трендовите.

На саемот за автомобили во Пекинг, тие ги покажаа своите напори во Кина, фокусирани на интелигенција, електрификација и диверзификација како дел од нивната трансформација во компанија за мобилност. Тојота дебитираше два нови модели на батерии EV (BEV), bZ3C и bZ3X, како дел од напорите на компанијата да постигне јаглеродна неутралност.

Извршниот потпретседател и главен директор за технологија Хироки Накаџима ги претстави новите автомобили на прес-конференција одржана истиот ден, велејќи: „Каков вид BEV ќе донесе насмевки на лицата на нашите кинески клиенти? Работејќи со нашите партнери во Кина, ова пребарување нè доведе до bZ3C и bZ3X. Моделите претставени како концептни автомобили на минатогодишниот Auto Shanghai се надградени за масовно производство. Тојота планира да започне со продажба на двата модела во Кина во рок од една година.

Моделот bZ3C е заеднички развиен од Toyota, BYD, FAW и Intelligent ElectroMobility R&D Center. Дизајниран околу концептот „рестартирање“, овој динамичен кросовер BEV со препознатлив стил се фокусира на карактеристики кои создаваат забавен личен простор за корисниците на Gen Z.

Моделот bZ3X беше заеднички развиен од Toyota, Guangzhou Automobile Group Co., Ltd., GAC Toyota Motor Co., Ltd. и IEM. Овој SUV BEV ориентиран кон семејството нуди голем внатрешен простор заснован на концептот за обезбедување на мобилен „удобен дом“.

Двата модели се опремени со најнови системи за помош на возачот и паметни кокпити.

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен заради иднината на државата, нема откажување

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Аеродром порача дека ако десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ добие преголема моќ, тоа ќе ги убие ЕУ перспективите. 

ВМРО ќе ја одложува евроинтеграцијата во недоглед, тие немаат ниту план, ниту се доследни во остварување на стратешките цели. Тоа го правеше и Груевски, тие само ќе продолжат кај што застана тој. Оваа земја нема да се помести ни милиметар напред со ВМРО. Ќе глумат дека работат, а во реалноста нема ништо да се менува. Сме го виделе тоа со Груевски, знаеме како изгледа. Не сакаме само лоша реприза на неговото владеење, нагласи Ковачевски.

Ковачевски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање и да ја дадат довербата за Пендаровски и за СДСМ бидејќи силен СДСМ во Собранието е потребен заради иднината на државата!

Основната цел на нашата програма е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што знаеме дека само на тој начин може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство, порача Ковачевски.

Ковачевски во своето обраќање пред граѓаните на Аеродром истакна дека СДСМ е единствената политичка партија која никогаш нема да се откаже од инклузијата и која константно придонесува мултиетничкиот карактер на Македонија.

Но, деновиве, за жал, слушам опасни наративи кои може лесно да разгорат меѓуетничка нетрпеливост. Лидерите на ВМРО и на ДУИ се однесуваат во најмала рака неодговорно и кон државата и кон граѓаните. Им порачувам на Мицкоски и на Ахмети – граѓаните се свесни за вредноста на мирот и стабилноста што ги гради СДСМ, граѓаните знаат дека на сите нѝ треба европска иднина, а не враќање 20 години во минатото. Престанете да се препукувате со штетни скандирања и закани, кои никому не носат добро. Ние нема да ви дозволиме да си играте со европската иднина на нашите деца! Граѓаните нема да ви дозволат да се коцкате со нивната иднина, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Аеродром, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер