Битиќи: Не смееме да дадеме шанса ВМРО-ДПМНЕ да ја загрози европската иднина

„Потребно е СДСМ да биде водечкиот глас во Владата и во Собранието, потребно е поради иднината на државата и за зачувување на европските перспективи на идните генерации. “

„Наследниците на Груевски не смеат да добијат преголема моќ, тоа е опасност за европската иднина“, порача на денешните средби со жителите на скопската општина Гази Баба, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Тој порача дека не е време за откажување, за кревање на рацете од битката за Македонија и затоа на 8-ми мај треба да се спротивставиме на желбите за изолација.

„Мораме да се сплотиме за да ги одбраниме нашите европски вредности и да ја одбраниме нашата држава од разорните политики и желбата за изолација на наследниците на десничарскиот режим на Груевски“, рече Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ, Битиќи предупреди дека доколку се дозволи на парламентарните избори да се врати нереформираното ВМРО-ДПМНЕ, ќе треба многу време за земјата повторно да се врати на вистинскиот пат.

„Секој од нас има важна улога во обликувањето на судбината на државата, никој не е изоставен од одговорноста. На 8-ми мај секој глас еднакво се брои. Секој глас нема да биде само заокружување на број, туку влог во наследството кое ќе го оставите зад себе“, порача на жителите на оваа скопска општина, во населбата Железара, Битиќи, воедно нагласувајќи дека грешките во владеењето може да се поправат, но поделбите предизвикани од национализмот не се надминуваат лесно.

Битиќи посочи дека СДСМ има јасна програма и план со кои ќе ѝ донесе добро на Македонија.

„Гласот за ВМРО-ДМНЕ не ѝ носи добро на Македонија, а само со заокружување на бројот еден може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Може да нè казните, но истовремено ќе ги казните и сопствените деца. Краткорочната казна за прогресивните политички сили ќе има долгорочни последици. Затоа, потребно е силно СДСМ во Собранието“, порача Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

Двојно повеќе претставки добила комисијата минатата година во однос на 2022

Двојно повеќе претставки добила Комисијата за заштита и спречување дискриминација минатата година, во однос на 2022 година.

Како што покажува годишниот извештај, основите за дискриминација се личното својство и општествениот статус, сексуалната ориентација и родовиот идентитет и националната и етничката припадност.

Богев: Состанок со претставници на дел од туристичките агенции,истакната важноста за соработка

​Современиот пристап во менаџирањето со границите, бара нови начини на справување со предизвиците, кои од година во година се сè понеизвесни.

Во пресрет на престојната летната туристичка сезона која се очекува да биде рекордна по однос на бројот на патници, денес во седиштето на РЦ за ГР ЈУГ во Кавадарци, се одржа работен состанок со претставници на дел од туристичките агенции кои најчесто организираат превоз на патници на јужната граница. За време на состанокот, беа потенцирани мерките и активностите што ги презема граничната полиција со цел да се обезбеди побрз и поефикасен проток на патници и возила. На состанокот беше истакната важноста на соработката меѓу полицијата и туристичките агенции. Од моја страна присутните претставници беа запознати со активностите кои ги превзема граничната полиција за обезбедување на безбедно и ефикасно преминување на границата, особено за време на зголемениот проток на патувања во летниот период. МВР, односно РЦ за ГР ЈУГ за време на летната туристичка сезона ќе превземе соодветни мерки за побрз проток патници и возила, а дел од нив се однесуваат на:- Зголемување на бројот на персонал: За време на летната сезона, ќе се ангажираат дополнителен број на полициски службеници на граничните премини за да се намали времето на чекање.

- Координација и соработка: Засилена е соработката со останатите РЦ за ГР, а особено со РЦ за ГР “Север“ за координирано управување со протокот на патници и возила кои патуваат на релација север-југ и обратно.

- Беа истакнати и специфични мерки насочени кон туристичките агенции за да се овозможи побрз проток на организирани групи, како посебни ленти за туристички автобуси и воспоставени посебни процедури за патници кои патуваат организирано со туристички автобуси со цел намалување на времето на чекање и побрз премин на организираните групи.

- Во текот на летната туристичка сезона РЦ за ГР “ЈУГ“ ќе организира низа на превентивни активности на граничните премини преку кои патниците ќе бидат запознаени и ќе добијат информативни материјали со насоки и упатства за процедурите на граничната контрола.По презентирањето на мерките, следеше дискусија во која претставниците на туристичките агенции имаа можност да поставуваат прашања и да дадат предлози за понатамошно подобрување на соработката. Беше истакната потребата од постојана комуникација и брза размена на информации меѓу граничната полиција и туристичките агенции.Состанокот заврши со заклучок дека е неопходна континуирана соработка и заеднички напори за да се обезбеди ефикасен и брз проток на патници и возила на јужната граница. Претставниците на туристичките агенции ја изразија својата благодарност до раководството на РЦ за ГР ЈУГ за организираниот состанок и за преземените мерки, и истакнаа дека ќе ги информираат своите патници за сите важни аспекти на граничната контрола. Исто така туристичките агенции ја пофалија работата на граничната полиција на јужната граница во борбата со нелојалната конкуренција во делот на меѓународниот превоз на патници и стока, каде се санкционираат сите превозници кои не поседуваат соодветни лиценции и друга потребна документација.

Состанокот резултираше со зацврстување на соработката и заедничка определба за подобрување на условите за патување за време на летната туристичка сезона. Јас како Началник на РЦ за ГР ЈУГ, и понатаму ќе го застапувам и промовирам проактивниот пристап во справувањето со предизвиците, а истовремено ќе ја јакниме и довербата кај граѓаните.

Информација од Началник на Регионален Центар за Гранични работи Југ. Славчо Богев

Нетанјаху: Со гадење ја отфрлам споредбата меѓу демократски Израел и убијците на Хамас

Апсурдно и нов облик на антисемитизам, вака израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го оцени барањето на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд во Хаг за апсење на израелскиот премиер и неговиот министер за одбрана.

Апсурдно и нов облик на антисемитизам, вака израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го оцени барањето на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд во Хаг за апсење на израелскиот премиер и неговиот министер за одбрана, Јоав Галант за наводни воени злосторства против човештвото во појасот Газа. Натанјаху порача дека не постои меѓународен притисок што може да им ги врзе рацете да се борат против оние кои сакаат уништување на Израел.

-Како премиер, со гадење ја отфрлам споредбата на хашкиот обвинител меѓу демократски Израел и убијците на Хамас. Toa e комплетно искривување на реалноста. Со каква дрскост го споредувате Хамас кој убиваше, палеше, масакрираше, силуваше и ги киднапираше нашите браќа и сестри, со израелските војници кои водат праведна војна. , вели Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Освен за израелските челници, обвинителот Карим Кан побара налози за апсење и за лидерската тројка на Хамас, Јахја Синвар, Мухамед Деиф и Исмаил Ханија. Барање на обвинителот, кој го сомничи Нетанјаху за убиства, прогон, предизвикување глад и истребување во Газа, ги подели западните сојузници. За Франција и Белгија барањето е оправдано и евентуалните злосторства треба да бидат кривично гонети. За САД, Германија и Италија неприфатливо е радикалното движење и израелската влада да се стават во ист кош. Бајден одлуката ја нарече срамна.

-Дозволете ми да бидам јасен, ја отфрламе апликацијата на МКС за налози за апсење на израелските лидери. Што и да имплицираат овие налози, не постои еквивалентност меѓу Израел и Хамас. Она што се случува (во појасот Газа) не е геноцид. , изјави Џо Бајден, претседател на САД.

Дали ќе има потерници по петтемина лидери на Израел и на Хамас ќе треба да одлучи предистражниот совет на Меѓународниот суд, откако ќе ги испита доказите на обвинителот. Доколку бидат прифатени, налогот за апсење, конкретно за Нетанјаху повеќе би имал симболичен ефект. На пример Израел и САД досега не го признале овој суд, па оттука премиерот не може да биде уапсен на израелска територија, но може да биде приведен ако е во посета на земја членка на судот, кој досега го признале 123 светски држави.

притисни ентер