О.Центар предлага општествено корисна работа за малолетниците кои вршат вандализам

Општествено корисна работа за малолетниците и нивните родители доколку дивеат и уништуваат низ општините, бараат од Општина Центар. 

Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека веќе се изготвени и доставени предлози за измени на Законите за семејство, основно и средно образование со кои доколку некое дете направи штета на јавните добра ќе врши општествено корисна работа како метење улици, фарбање на огради.. Покрај ова од општината на темата вандализам се држат и обуки и работилници на наставниот кадар и учениците.

-Почнавме одредени програми за држење на обуки и на наставниот кадар, ќе продолжиме со учениците за да се подигне свеста. Отпочнавме одредени предлог законски измени со цел да се вметнат поригорозни мерки за прекршување односно оштетување на јавното добро.. Законски измени не само во делот на зголемување на казните за оштетување на урбана опрема, туку општествено одговорна работа каде што би се вклучиле и децата и родителите за да ја подигнеме свеста на што повисоко ниво, - Горан Герасимовски – градоначалник на општина Центар.

Иако општествено корисната работа е добра воспитна мерка, во пракса таа ретко наоѓа примена, а за нејзино користење во вакви случаи неопходни се законски измени - објаснува адвокатот Јанаки Митровски. Она што во моментов постои како санција на малолетни лица при уништување на урбанистичка опрема е посебна одредба од Законот за прекршоци на јавен ред и мир, со која родителот на малолетното лице кој го извршил прекршокот, одговара поради запуштеност. Сепак, Митровски вели дека и ова ретко се случува во пракса, па смета дека е потребно да се генерираат повеќе вакви постапки.

-Општествено корисна работа е алтернативна мерка која што се дава наместо казна затвор и е предвидена со Кривичен законик од тие причини не може да се изрекува за прекршоците за јавен ред и мир, меѓутоа треба да се размислува во правец да се направат законски измени на тој закон и како санкција покрај глоба да биде и општо корисна работа која воглавно се прави во слободни, денови празници, викенди,- Јанаки Митровски – адвокат.

Градоначалникот на општина центар Горан Герасимовски на брифинг со новинарите покрај справувањето со вандализмот кај младите, кажа дека приоритетни проекти на општината во периодот кој следи се и изградба на нова општинска зграда, поставување на смарт улично осветлување, изградба на подземни паркинзи, реконстукција на спортски сали, училишта и градинки..

Бојковска: Со буџетот за 2025 се предвидува милијарда денари за вложување во опрема во МВР

Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на Комисијата за финансирање и буџет, истакна дека до сега не било доволно вложувано за опрема и машини, како и за јавната безбедност во МВР.

„Дали цените дека со претходниот буџет којшто сте го имале, сте вложиле доволно за вложување во опрема и машини и јавната безбедност, бидејќи секој втор граѓанин по анализите и по мерење на истражувања на мислење на граѓаните, кажува дека граѓаните не се чувствуваат безбедно’’, нагласи Бојковска.

Пратеничката говорејќи за Предлог-буџетот за 2025 истакна дека конкретно за оваа ставка за вложувањата, во Буџетот се предвидува зголемување од 167% или над милијарда денари.

„Ценам дека треба нашата тенденција да се сведе кон што е можно поголеми вложувања во овој сектор. Особено кога се работи за безбедноста на граѓаните и особено кога се работи во вложување на капацитетите во МВР и оваа тендеција треба да продолжи’’, заклучи таа, се наведува во партиското соопштение.

Унгарија, и покрај добрите врски со Путин се подготвува за војна

Унгарија најави дека ќе инсталира систем за противвоздушна одбрана во североисточниот дел на земјата бидејќи заканата од ескалација на украинско-руската војна е „поголема од кога било“.

Министерот за одбрана Кристоф Шалај-Бобровнички рече дека Унгарија верува дека ќе се преговара за мир што е можно поскоро, а тоа преку дипломатски средства, а не со „воено решение“.

„Меѓутоа, мора да се биде подготвен за сите можности, поради што наредив неодамна купените системи за противвоздушна одбрана да бидат преместени на североисток од земјата. Заканата од ескалација на украинско-руската војна е поголема од кога било“, рече унгарскиот министер за одбрана.

Унгарија, која е членка на ЕУ и НАТО, често е критикувана од своите сојузници бидејќи се чини дека е многу поблиска до Русија отколку до другите членки на алијансата и ЕУ, особено откако унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва во јули оваа година.

Во тоа време, телото рече дека треба да се преземат многу чекори за да се стави крај на војната.

„Го направивме првиот чекор за повторно воспоставување на дијалогот“, рече тогаш Орбан.

Шутаров: За да може да функционира ЈСП бараме да се прецизира 2,5 милијарди литри нафта

Советниците на СДСМ со предлог решенија сакаат да помогнат за да се надминат проблемите во градот Скопје. Затоа излеговме со три конкретни мерки кои бараме преку Заклучоци да ги усвои Советот.

Советниците на СДСМ со предлог решенија сакаат да помогнат за да се надминат проблемите во градот Скопје. Затоа излеговме со три конкретни мерки кои бараме преку Заклучоци да ги усвои Советот, рече советникот на СДСМ, Гордан Шутаров на вонредната седница на Советот на Град Скопје.

СДСМ со најдобра намера побара свикување на седница на Советот, презентиравме три предлог мерки, разумни предлози за постепено надминување на проблемот.

-Предлог на СДСМ за финансиска инекција од државата, со Закон, е соодветно решение и досега се практикувало. Пример е 2018 година кога владата ги финансираше општините за да ги покријат долговите и за да може општините да функционираат. Со негова измена и дополнувања по скратена постапка, рече Шутаров.

Коректна е одлуката на Владата да доделу субвенции, тоа беше предлог и на СДСМ, но тука се јавуваат отворени прашања и нема наведно колкав износ.

-Затоа СДСМ бара заклучок, да го наведеме износот, од 2,5 милиони литри којшто би биле доволни за ЈСП да јз извршува функцијата до крајот на годината, кога веќе треба да стапи на сила и буџетот за следната година. Затоа бараме и за оваа ставка поддршка, рече советникот на СДСМ, Гордан Шутаров.

-Граѓаните со право реагираат со коментари од типот „леле што му се случува на Скопје“. Од тоа што го гледаат во Скопје како хаос и катаклизма, од тоа што го дозволивте како мнозинство во советот. Најреалниот одговор е дека Скопје не постои моментално само заради политика и инает. Скопје е блокиран Град, заглавен, нечист, без јавен превоз. Тоа е Скопје во 21 век, во којшто ништо не функционира освен политиката, рече Шутаров, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер