Новото судење за Навални започнува следната недела

Затворениот руски дисидент Алексеј Навални следната недела во среда ќе има ново судење за екстремизам, објави руската новинска агенција ТАСС.

Првото рочиште за новиот случај ќе започне во среда, јави ТАСС, повикувајќи се на Московскиот градски суд. Судењето нема да биде отворено за јавноста. Тој се соочува со седум обвиненија, вклучувајќи основање, финансирање и работење во екстремистичка организација, поттикнување екстремизам и тривијализација на нацизмот.

Московскиот градски суд пред две години пресуди дека Антикорупциската фондација (ФБК), основана од Навални, е екстремистичка организација. ФБК објави докази за корупција на водечки политичари, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин.

Навални, најпознатиот руски дисидент, е во затвор повеќе од две години. Тој беше отруен со нервниот агенс Новичок на патување во Сибир во летото 2020 година, а потоа беше лекуван во болница во Берлин. Дисидентот ја обвинува домашната руска разузнавачка служба ФСБ дека стои зад обидот за атентат. Кремљ ги отфрла обвинувањата.

Навални беше уапсен по неговото пристигнување во Русија во јануари 2021 година под обвинение за прекршување на условите од претходната условна затворска казна.

Минатата година тој беше осуден на девет години затвор под особено тешки услови за измама. Амнести интернешенел го признава како затвореник на совеста, а Европскиот суд ја прогласи неговата казна за неправедна, пренесе Индекс.хр.

Јовев прифаќа да биде советник на Меџити, но не се откажува од правната битка за разрешувањето

За мене е чест министерот да ме повика за советник во областа на кардиохиругија, се разбира дека ќе размислам и секако тој треба да ме повика.

Но, сметам дека моето место е овде каде што припаѓам да останам прв човек на клиниката за кардиохиругија, изјави професорот Сашко Јовев. Тој вели дека никогаш немало мобинг на клиниката а тоа покажало и потпишаната петицја од страна на вработените. Денеска претседателот на партијата на Алијанса за Албанците Арбен Таравари рече дека Јовев не можел да биде директор бидејќи не бил каридохириг, туку само тораклаен хирург. Јовев го покани да ги види сите негови дипломи.

Јовев вели дека дека се уште не го потпишал решението за промена. Но дека и доколку не биде директор тој се уште ќе остане кардиохирург на клиниката.

шест илјади доктори членови на Македонското Лекарско Друштво го повикаа министерот Меџити да ја преиспита својата одлука, бидејќи ова е порака дека вредните доктори се казнуваат.

Професорот Јовев поддршка доби и од здружението „Нефрон“ и бара министерот да ја преиспита одлуката.

Меџити го повика Јовев да му биде национален советник за кардиохирургија

Сакам да ми биде советник за трансплантација, кажа Меџити.

Сашко Јовев не менаџирал добро со Клиниката, се кршел Законот за здравствена заштита, има нерегуларности потврдени од Комисија на Министерството и затоа е санкциониран, ама сакам да ми биде советник за трансплантација, кажа Меџити пред камерите по брифингот со новинарите. Ќе одлучам дали ќе го разрешам и организацискиот директор, но да знаете дека во здравството не може никој да биде султан и не може вечно да биде на функција, раскажуваше Меџити на брифингот, тврдејќи дека Јовев му бил другар и одлуката не била субјективна и не се однесувала на поканата за отварање на хибридната сала, иако контролата од посебна комисија се спровела по настанот.

Пред новинарите, членовите на Комисијата што беа присутни на брифингот, помеѓу кои и Д-р Елена Ристеска кажаа дека контролата направена пред околу една недела потврдила дека вработените сестри, болничари, техничари и лекари не се евидентирале со картички за влез и излез, Клиниката не доставувала финансиски извештаи на шест месеци, а меѓудругото во 2022 се дежурало без да се добие согласност од Министерството. Изјава во камера не сакаа да дадат, ама зад неа кажаа дека не било физички возможно еден лекар 30 дена по 24 часа во неделата да оди на работа, да има 200 повици и 8 дежурства во еден месец. Иако спомена дека ги разбира реакциите во јавноста, Меџити одби да ја коментира изјавата на неговата заменичка Маја Манолева која за Канал 5 кажа дека не се согласува со неговата одлука.

Минисерот кажа дека контролата започнала откако дошол на функција и не се почнало токму од Кардиохирургија, туку се спроведувала во 20 болници, дел од директорите биле разрешени, а некои сами си заминале. Инаку, Клиниките за неврологија, дерматовенерологија, ендокринологија и уште неколку добија нови раководства, а токму директорските позиции беа предмет на договор за Алијансата за Албанците да влезе во Владата.

Оставките на двајца членови на Судскиот совет ќе бидат констатирани на утрешната седница

За утре во 11 часот е закажана седницата на Судскиот совет на која ќе треба да се констатираат оставките кои вчера ги поднесоа двајцата членови, врховната судијка Мирјана Радевска Стефкова и апелациониот судија Зоран Герасимовски.

Официјалните информации зошто двајцата се одлучија на ваквиот чекор се очекува да бидат објавени на седницата, иако Герасимовски вчера во куса изјава за Канал 5 кажа дека една од причините е тоа што Советот станал непродуктивен поради нерасчистените односи на одредени членови. Како ќе функционира советот понатаму и кога би се избрале нови членови засега останува непознато. Според Миша Поповиќ од Институтот за демократија оставките на двајцата членови се чекор во вистинаска насока, а неговите очекувања се дека и останатите ќе ги напуштат функциите во советот и ќе дадат можност на нови членови да продолжат со овозможување на независност и квалитет во работата на судството.

„ Ова е шанса за судската фела да покаже промена она што го пропушти во изминатитот период да го направи, а тоа е да побара одговорност од судскиот совет, сега има шанса да именува членови кои ќе застапуваат квалитет во правосудството.// Доколку видиме други оставки на оние членови што се бираат во Собранието очекувам промена и на дискусиите на процесот на номинација да се искористи добрата пракса од именувањата на ДКСК во која ќе има јавна расправа во Собранието. “-Миша Поповиќ – Институт за демократија

На утрешната седница на советот ќе се избира и нов потпретседател кој ќе седне на местото на досегашниот заменик Селим Адеми, кој заседаваше со седницата на која на скандалозен начин беше разрешена доскорешната претседателка Весна Дамева.

притисни ентер