Новиот кривичен законик е завршен и доставен до ЕК велат од Министерството за правда

Новиот кривичен законик е завршен и доставен на мислење до Европската комисија, потврдуваат од Министерството за правда.

За кривичниот законик кој во скратена постапка и со европско знаменце беше донесен минатата година во септември, комисијата во најновиот извештај повтори дека истиот ја ослабнал правната рамка и негативно влијаел на гонењето на корупцијата и порачува следната година да биде донесен нов законик во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди за да го подобри меѓудругото своето досие особено на случаите на висока корупција.

Со новиот кривичен законик треба да се вратат измените на членот 353 и 394 на кривичниот законик, со кои беа намалени затворските казни за злоупотребата на службена должност и за злосторничко здружување. Откако ќе се добие мислење од комисијата, ако нема забелешки кривичниот законик оди во владина процедура по што се проследува до собранието..

Пукање во Орландо, малолетник уби две лица, 6 повредени

За време на прославата на Ноќта на вештерките во Орландо, САД дошло до пукање во кое според првичните информации загинале две лица, а шест лица се ранети.

Првите податоци од истрагата укажуваат дека убиствата ги извршил малолетник.

Повикот во полиција дошол околу 01:00 часот. Снимките од местото на настанот покажуваат дека бројни полициски возила ја блокираат областа.

Не е познато што му претходело на пукањето.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е пример за политичка комедија со ликови кои крадат во секоја прилика

 СДС е пример за политичка комедија со ликови кои крадат во секоја прилика, ВМРО-ДПМНЕ реализира проекти во корист на граѓаните

СДС е пример за политичка комедија. СДС луташе кога требаше да се работи Коридор 8 барајќи само начини како да стават пари во џеб, ВМРО-ДПМНЕ гледа како да реализира проекти, а не да ги краде граѓаните.

За време на СДС, секој ден беше нова епизода од ,,Скандал во Македонија“. Време е СДС да прифати дека нивната ера заврши.

ВМРО-ДПМНЕ, не се потпира на наследството од претходната власт, кое беше повеќе за хумористични шоуа – најдобар пример за тоа е Венко Филипче.

СДС треба да престане да ги рециклира истите соопштенија како фиока со истрошени сценарија. Се чини дека освен одговори, им треба и мапа да сфатат дека нивната улога во првите редови на политичката сцена е завршена.

СДС ги погазија ветувањата, а време е да ги погазат и сценаријата.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на последната седница за пратенички прашања, даде одговор на сите дилеми.

За СДС пратенички прашања се и непозната појава. Нивните одлуки во минатото поминуваа без транспарентност, отчетност, и вон фокусот на јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата која граѓаните му ја дадоа на 8 мај, а реформите веќе

СДС треба да се навикне на новата реалност, во политичката игра, местото за подучување е резервирано за победници.

РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО НА СДС

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Харис: Коментарите на Трамп за жените се навредливи

Потпретседателката на САД, Камала Харис рече дека коментарот на Доналд Трамп дека ќе ги заштити жените, без разлика дали тоа им се допаѓа или не, покажува дека републиканскиот претседателски кандидат не ги разбира правата на жените.

Потпретседателката на САД, Камала Харис рече дека коментарот на Доналд Трамп дека ќе ги заштити жените, без разлика дали тоа им се допаѓа или не, покажува дека републиканскиот претседателски кандидат не ги разбира правата на жените да „носат одлуки за сопствените животи, вклучително и за сопственото тело“.

„Мислам дека тоа е навредливо за сите, патем“, рече Харис пред да замине да го помине денот во кампања во клучните западни држави Аризона и Невада. Таа се надоврза на тие забелешки на нејзиниот митинг во Феникс:

- Тој едноставно не ја почитува слободата на жените или интелигенцијата на жените да знаат што е во нивен најдобар интерес и соодветно да носат одлуки. Но, ние им веруваме на жените. Коментарите на Трамп доаѓаат додека тој се бори да се поврзе со женските гласачи и додека Харис ги вовлекува жените во двете партии со порака насочена кон слободата. Таа тврди дека жените треба да бидат слободни да донесуваат сопствени одлуки за нивните тела и дека ако Трамп биде избран, ќе следат нови ограничувања додека двете кампањи се тркаат кон претседателските избори во вторник.

притисни ентер