Норис стартува прв на Хунгароринг

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Унгарија, откако постави најбрзо време во квалификациите благодарение на кругот што го извозе за 1:15.227 минути.

Првиот стартен ред го комплетира неговиот тимски колега Оскар Пјастри со заостанување од 0,022 секунди. Трет трката ќе ја започне актуелниот шампион Макс Верстапен, кој беше за 0,046 секунди побавен од возачот на Мекларен.

Исходот од квалификациите го реши несреќата на Јуки Цунода на две минути пред крајот. Возачот на РБ малку пошироко излезе од свиокот 3, помина преку тротоарот, „скокна“ во воздух и нанесе штета на својот автомобил, како и појавата на црвени знамиња.

Трката на Хунгароринг е закажана за в недела во 15 часот./МИА

Пристигнува новиот Супермен!!!

Трејлерот за новиот филм предизвика различни реакции, познат е и датумот на објавување.

Студиото DC го објави првиот тизер за долгоочекуваниот филм за Супермен, во режија на Џејмс Ган. Познат по својата работа на „Marvel's Guardians of the Galaxy“, Ган, заедно со Питер Сафран, го предводат студиото DC, а овој филм го означува почетокот на нивниот нов филмски универзум.

Улогата на легендарниот суперхерој ја толкува младиот актер Дејвид Коренсвет, кој ќе го толкува Супермен во неговите дваесетти. Оваа верзија ќе го прикаже херојот во фаза каде што тој веќе има одредено искуство, но сè уште не е целосно формиран.

Иако деталите од приказната сè уште не се откриени, тизерот покажа голем број херои и негативци на DC кои ќе се појават во филмот. Рејчел Броснахан, од серијата „Чудесната госпоѓа Мејзел“, ја игра Лоис Лејн, додека Николас Хулт ја презема улогата на злобниот Лекс Лутор Гисондо го игра Џими Олсен, пријателот и фотографот на Супермен, додека Пруит Тејлор Винс го портретира неговиот очув Џонатан Кент.

Премиерата на „Супермен“ е закажана за 11 јули 2025 година.

Гвардиола: Ни требаше оваа победа, по Нова година ќе биде подобро

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази задоволство од успехот на неговиот тим над Лестер со 2:0. 

Ова беше прв успех за „граѓаните“ во последните два месеци, на средбата број 500 за Каталонецот на чело на шампионот на Англија.

-Ни требаше оваа победа. Не се претставивме најдобро, но да се надеваме дека со победите ќе успееме да се прикажеме во подобро светло. Победата беше важна и бидејќи второто полувреме беше многу рамноправно и тешко. Ја немавме потребната енергија да ги одиграме сите 90 минути на високо ниво, но се надеваме дека во новата година ќе можеме подобро да одговориме, изјави Гвардиола по мечот.

Според Каталонецот, Сити е во ситуација кога резултатите се најважни и единствено на што размислуваат е освојување на бодови.

-Денес работите испаднаа добро, а сега имаме домашен меч пред нас. Ни олесна. Тоа е зборот што најдобро опишува како се чувствуваме. Постигнавме неверојатни работи, но сега се бориме да победиме во натпреварите и полесно ни е, додаде тој.

Сондата на НАСА која помина покрај Сонцето, сè уште работи

НАСА соопшти дека нејзината соларна сонда Паркер е „безбедна“ и работи нормално откако успешно го завршила најблиското приближување до Сонцето од вештачки објект во историјата.

Леталото помина на само 6,1 милиони километри од површината на Сонцето на 24 декември, летајќи низ надворешната атмосфера на Сонцето, наречена корона, во мисија што треба да им помогне на научниците да дознаат повеќе за ѕвездата најблиску до Земјата.

НАСА соопшти дека оперативниот тим во лабораторијата за применета физика Џон Хопкинс во Мериленд добил сигнал од сондата непосредно пред полноќ во четвртокот.

Се очекува леталото да испрати детални телеметриски податоци за неговиот статус на 1 јануари, додаде НАСА.

Патувајќи со брзина до 692.000 км/ч, леталото издржа температури до 982 степени Целзиусови, се наведува на веб-страницата на НАСА.

„Оваа студија на Сонцето „одблиску“и овозможува на Соларната сонда Паркер да направи мерења кои им помагаат на научниците подобро да разберат како материјалот во овој регион се загрева до милиони степени, од кое потекло е сончевиот ветер и како енергетските честички се забрзуваат до брзини блиску до брзината на светлината“, додава агенцијата.

Соларната сонда Паркер беше лансирана во 2018 година и постепено влегува во сè потесни орбити околу Сонцето, користејќи ја гравитацијата на Венера додека лета покрај планетата.

притисни ентер