Низ Москва , наместо тенкови , парадираа комунални возила (ВИДЕО)

Иако под парада во Москва, најчесто се подразбира дефиле на моќна воена технологија и илјадници војници,  руската престолнина вчера покажа дека може да организира и помалку необична парада.

Овој пат во Москва продефилираа услужни возила, кои секој ден се грижат за градот од 12 милиони жители..

Граѓаните на главниот руски град имаа можност да видат поворка од пожарникарски возила, возила на итната помош, камиони за чистење на сметот и на сите други јавни служби, кои секојдневно сообраќаат по улиците.

Организаторите велат дека оваа поворка била најголема во историјата на Русија и Европа..

Хамас ќе одговори на планот за примирје во Газа во Египет в понеделник

Висок функционер на Хамас изјави денеска дека групата ќе го даде својот одговор на последниот  предлог на Израел за прекин на огнот во Газа в понеделник во Египет.

„Делегација на Хамас предводена од Калил ал-Хаја утре ќе пристигне во Египет... и ќе го достави одговорот на движењето“ на израелскиот предлог за време на состанокот со египетските разузнавачи, рече функционерот кој одби да биде именуван во изјавца за француски медиуми.

Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо е во трансфер плановите на Манчестер Јунајтед, објави денеска каталонскиот весник „Спорт“.

Според истиот извор, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на 25-годишниот Уругваец и е подготвен да му понуди на каталонскиот клуб повеќе од 80 милиони евра за трансферот.

Во моментов Араухо води преговори за продолжување на договорот со Барселона, но според медиуми, англискиот тим е во позиција да му понуди поповолни услови.

Араухо се пресели во Барселона во летото 2018 година.

притисни ентер