Нетанјаху рече дека во последните денови три пати разговарал со Трамп

 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека во изминатите неколку дена трипати разговарал со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „за да го зајакне здравиот сојуз меѓу Израел и САД“.

- Тоа беа добри и многу важни разговори, рече Нетанјаху.

- Ги делиме истите ставови за иранската закана, со сите нејзини компоненти и опасноста што ја претставува. Гледаме и големи можности за Израел во областа на мирот и неговото проширување, како и во други области, додаде тој.

Малите простори ве фрустрираат? Инспирирајте се од ова мало станче од 31 квадрат

Уредувањето е мал стан е предизвик во кој сопствениците на просторот често мора да ги усогласат своите желби со малкуте квадрати и да ја истакнат својата креативна страна.

Иако „мисијата“ на моменти се чини невозможна, малите станови може да се уредат многу интересно. Но, за секој сантиметар да има своја цел и да блесне во полн сјај, потребно е трпение, снаодливост, креативност и барем понекогаш подготвеност за компромис.

Ако наскоро ве чека уредување на мал стан, не е лошо да се инспирирате од оние кои веќе успешно ја завршиле таа работа.

Една корисничка на Инстаграм која живее во станче од 31 m2 со сопругот и детето, редовно споделува фотографии од секој агол на своите потполно искористени квадрати, како доказ дека со желба и доза креативност, секој агол на еден простор може да воодушевува со својот изглед.

Од фотографиите се гледа дека малиот простор не му се потребни само ѕидови, функционалност и основни парчиња мебел, туку во него може да има простор и за цела низа украси, детали, растенија.

И еве уште неколку совети за уредување на малиот простор:

Кај малите станови, главна цел е да заштедата на просторот, исто така важно е просторот да биде прозрачен, во светли тонови и со многу простор за складирање.

Користете огледала за да направите просторот да изгледа поголем - стратешки поставените огледала можат да направат просторот да изгледа поголем. Тие создаваат илузија на длабочина, ја рефлектираат светлината и го прават просторот посветол и поотворен.

Направете ја собата да изгледа повисока со помош на завеси - завесите помагаат просторот да изгледа повисок одошто е. Кога ги закачувате завесите, монтирајте ги шипките што е можно поблиску до таванот, бидејќи тоа прави прозорците да изгледаат поголеми.

Внимателно изберете го вашиот мебел - обрнете особено внимание на големината на мебелот и не купувајте парчиња што се преголеми за просторот што го имате. Најдобро е мебелот да биде по мерка за максимално искористување на просторот. Добро е пред да тргнете да купувате мебел, да ја измерите просторијата.

Паметно избирајте ги боите. Добро е познато дека белата боја визуелно го зголемува просторот, но добро е да ја комбинирате со други бои за станот да не изгледа стерилно. На пример, користете бои за да ги разликувате подрачјата - малите станови често имаат отворен концепт, што може да го отежне идентификувањето каде завршува еден простор, а каде започнува друг. Различните бои на ѕидови може да ви помогнат во тоа.

Изберете повеќенаменски мебел - иако не мора сè да засновате на функционалноста, кога секој сантиметар е важен, не е лошо да купите повеќенаменски парчиња мебел. На пример, маса со скриен простор за складирање сигурно ќе се најде.

Исто така, користете вградени полици и вградени плакари кои ќе бидат добро позиционирани за да не го затворите просторот.

Ваквите проекти бараат вештина во организацијата на просторот и се вистински предизвик за луѓето кои се занимаваат со тоа, па најдобро би било, кога уредувате мал простор, да се обратите кај дизајнер за ентериер.

Исправете се веднаш!- Неочекувани симптоми предизвикани од лошото држење на телото

Лошото држење на телото не е само естетски проблем; тоа има долгорочни последици врз бројни аспекти на нашето здравје за кои не сме ни свесни.

Важно е да бидете свесни за важноста на правилното држење на телото како дел од секојдневната здравствена заштита и веднаш да се исправите бидејќи долгорочното лошо држење е тесно поврзано со бројни други заболувања кои ги чувствуваме без да бидеме свесни за нив.

Постојаното подгрбавеност носи бројни последици, а еве кои пет непријатни симптоми и болки најверојатно се поврзани со тоа што постојано одиме како да носиме десет килограми тежина врз грбот, а исто така седиме.

Дигестивни проблеми

Многумина не се свесни дека лошото држење може значително да влијае на дигестивниот систем. Кога телото е подгрбавено, се намалува просторот во абдоминалната празнина, а тоа може да предизвика притисок врз органите за варење. Ова го успорува варењето, што може да доведе до непријатност, надуеност, па дури и хронични проблеми како синдром на нервозно дебело црево (IBS). Исто така, подгрбавеноста може да предизвика рефлукс на киселина особено после јадење.

Влијание врз дишењето и капацитетот на белите дробови

Нашето држење директно влијае на респираторниот систем, иако ова можеби не е очигледно на прв поглед. Свитканото држење ги компримира градите, го намалува просторот на белите дробови и го спречува целосниот капацитет за дишење. Како резултат на тоа, телото добива помалку кислород, што може да предизвика чувство на замор, намалена концентрација и пад на енергијата во текот на денот.

Покрај тоа, помалку кислород во телото негативно влијае врз работата на мозокот и другите органи бидејќи кислородот игра клучна улога во нивното правилно функционирање.

Хронични главоболки и напнатост во вратот

Кога главата е навалена напред или рамената се свиткани надолу, мускулите на вратот и горниот дел од грбот работат понапорно отколку што би требало за да ја поддржат тежината на главата. Поради постојаната напнатост на овие мускули, често се јавуваат главоболки и мигрени, кои можат да станат хронични. Затегнатите мускули, исто така, ја намалуваат циркулацијата на крвта во пределот на вратот, што дополнително може да ја влоши главоболката и да предизвика замор.

Влијание врз расположението и менталното здравје

Изненадувачки е колку држењето може да влијае на нашата емоционална состојба и менталното здравје. Истражувањата покажуваат дека подгрбавеноста може да ги зголеми чувствата на стрес, депресија и анксиозност. Кога стоиме или седиме исправено, телото природно испраќа сигнали до мозокот поврзани со подобро расположение и самодоверба.

Подгрбавеното држење на телото, од друга страна, може да предизвика чувство на несигурност и тага, што може дополнително да биде појачано во стресни ситуации.

Влијание врз зглобовите и мускулите на целото тело

Кога сме стуткани, телото не е во својата природна рамнотежа, што доведува до нерамномерно оптоварување на мускулите, лигаментите и зглобовите. Со текот на времето, ова може да предизвика болки во долниот дел на грбот, колената, колковите, па дури и зглобовите, бидејќи секој дел од телото се обидува да ги компензира неправилностите.

Мајка задремала и кога се разбудила ѝ го снемало 5- годишниот син, три дена нема трага од него

Мајка која се разбудила по попладневната дремка во мирен град во Орегон видела дека нејзиниот 5-годишен син со аутизам е исчезнат, соопшти полицијата.

Џошуа Џејмс Мекој (5) исчезнал од својот дом во округот Кус, Орегон на 9 ноември и оттогаш не е виден.

Неговата мајка на полицијата ѝ рекла дека во саботата околу 13 часот отишла да спие со момчето, но дека тој не бил во куќата кога се разбудила околу 17.30 часот.

Канцеларијата на шерифот на округот Кус започнале потрага следниот ден. Полицијата соопшти дека пронашле траги, но ништо дефинитивно. Тие не кажале ништо повеќе за претресот, пренесува Daily Mail.

„По завршувањето на првичната проценка, локалните тимови почнаа да ги пребаруваат околните области и нивните напори се интензивираа утрото на 10 ноември, користејќи беспилотни летала, надзор и детективи“, велат тие во ажурирањето вчера вечерта.

Одделот додаде дека „ништо не е исклучено во овој момент и тие ги разгледуваат сите опции“.

„Се надеваме дека Џошуа ќе биде пронајден жив и здрав“, додаваат тие.

Полицијата ја замоли јавноста да се држи подалеку од областа за пребарување бидејќи е загрижена дека доказите може да бидат уништени.

притисни ентер