Џошуа Џејмс Мекој (5) исчезнал од својот дом во округот Кус, Орегон на 9 ноември и оттогаш не е виден.
Неговата мајка на полицијата ѝ рекла дека во саботата околу 13 часот отишла да спие со момчето, но дека тој не бил во куќата кога се разбудила околу 17.30 часот.
Канцеларијата на шерифот на округот Кус започнале потрага следниот ден. Полицијата соопшти дека пронашле траги, но ништо дефинитивно. Тие не кажале ништо повеќе за претресот, пренесува Daily Mail.
„По завршувањето на првичната проценка, локалните тимови почнаа да ги пребаруваат околните области и нивните напори се интензивираа утрото на 10 ноември, користејќи беспилотни летала, надзор и детективи“, велат тие во ажурирањето вчера вечерта.
Одделот додаде дека „ништо не е исклучено во овој момент и тие ги разгледуваат сите опции“.
„Се надеваме дека Џошуа ќе биде пронајден жив и здрав“, додаваат тие.
Полицијата ја замоли јавноста да се држи подалеку од областа за пребарување бидејќи е загрижена дека доказите може да бидат уништени.