Натопете ги од вечер и изедете ги, наутро ќе се испразните!

 Ова овошје ги чисти цревата како булдожер, не ви потребно ништо друго за детокс!

Ако имате проблем со запек пробајте го ова природно решение!

Констипација или запек е дигестивен проблем кој може да има различни манифестации. Столицата станува тврда, поминувањето низ цревата е отежнато, а празнењето на цревата се случува поретко - помалку од три пати неделно. Многу луѓе кои страдаат од запек имаат потреба од напрегање и чувство дека нивните црева не се целосно празни.

Запекот е широко распространета појава која погодува голем број луѓе. Различни фактори можат да придонесат или да предизвикаат запек, а кај повеќето луѓе оваа состојба е резултат на повеќе фактори.

Доктор Дејан Чубрило, специјалист по спортска медицина и професор по физиологија на Медицинскиот факултет во Крагуевац, открива што претставува детоксикацијата според него и како најбрзо да се „исчистиме“ однатре.

- Детоксикацијата денес е тренд. Јас сум против таа мода во смисла „три дена правам детоксикација“ или „три дена сум на пост“. И јас сум против ставот „10 дена го земав овој или тој сок“. Детоксикацијата мора да биде систем. Кога во нас има премногу токсини, тоа значи дека нашата рамнотежа е нарушена, а како е нарушена тоа е многу важна работа – изјави овој доктор за една емисија.

Тој зборуваше за тоа што за него значи успешна детоксикација, која нормално се смета за природен процес на неутрализација и исфрлање на отровите од човечкото тело.

- Успешната детоксикација значи да ги поттикнеме цревата од минус фаза во фаза да почнат да функционираат. Тоа значи барем една столица дневно, но само една. Метаболизмот е фабрика каде од она што се внесува во телото се добива енергија. Тоа е брз метаболизам, а не оној што работи така што постојано летате во тоалет – изјави докторот.

Многумина мислат дека почестата столица е знак за добар и брз метаболизам, но не и доктор Чубрило.

- Доколку имате повеќе столици дневно, тоа не е брз метаболизам, туку знак дека вашето тело не ја вари правилно храната. Една урма, не пет, една урма, една смоква - ова буквално е булдожер и багер за чистење на цревата. Потопете урма или смоква во вода и изедете ја – изедете го тоа пред спиење. Ако еден час пред спиење изедете една смоква, тоа ќе ве смири, а потоа ќе ви ги исчисти цревата и жолчката, и ќе ви даде енергија. Вашите клетки ќе се нахранат – изјави докторот.

Австрискиот канцелар Нехамер соопшти дека ќе поднесе оставка

Австрискиот канцелар Карл Нехамер и шеф на конзервативната Австриска народна партија (ОВП) синоќа изјави дека во наредните денови ќе поднесе оставка од функцијата премиер и лидер на ОВП, откако по вторпат пропаднаа преговорите за формирање нова влада.

„Преговаравме долго време и праведно. Не е можно да се постигне договор со Социјалдемократската партија за важни точки. Народната партија останува на своите ветувања: Нема да се согласиме со мерки кои се против бизнисот или за нови даноци. Затоа ги завршуваме преговорите со Социјалдемократската партија и нема да ги продолжиме“, напиша Нехамер на мрежата Икс.

Тој за јавниот радиодифузен сервис ОРФ изјави дека ќе се повлече „и како канцелар и како лидер на ОВП во наредните денови“. /МИА

Мелони се сретна со Трамп на имотот Мар а Лаго во државата Флорида

Италијанската премиерка Џорџа Мелони доцна синоќа имаше средба со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, која се одржа на имотот Мар а Лаго во државата Флорида, јави италијанската новинска агенција АНСА.

Мелони доцна синоќа замина во САД за да разговара, според италијанските и американските новинари, на повеќе теми - војната во Украина, кризата на Блискиот Исток, а исто така и случајот со италијанската новинарка Чечилија Сала, која беше уапсена во Техеран на 19 декември и држена во самица во затворот „Евин“ во близина на главниот град на Иран.

Состанокот на Мелони со Трамп траеше неколку часа, а на него присуствуваше и Марко Рубио, иден државен секретар во администрацијата на милијардерот републиканец. На средбата беше и Скот Бесант, идниот министер за финансии на Трамп, како и Мајк Волц, иден советник за национална безбедност во Белата куќа и Тилман Фертита, идниот американски амбасадор во Италија.

Мелони беше придружувана од италијанската амбасадорка во САД, Марианџела Запа. Мелони пристигна во Мар а Лаго околу 1:30 часот по полноќ по италијанско време и полета назад во Италија четири часа подоцна.

Според известувачот на „Волстрит журнал“, Трамп и рекол на Мелони дека таа „навистина ја освоила Европа“ и дека е „многу возбуден што е тука со фантастична жена, премиерката на Италија“. Рубио, пак, ја нарекол Мелони „голем сојузник и силен лидер“./МИА

Гостиварец осомничен за силување девојче

За кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик е осомничен 22-годишник од Гостивар.

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе истрага поради основано сомнение дека осомничениот на 2 јануари принудил на сексуален однос 13-годишно девојче.

Со жртвата се запознале преку апликацијата “Снеп-чет” и започнале да контактираат и да се гледаат. Кога девојчето не сакало повеќе да излегува со него, осомничениот вршел притисок и на критичниот ден ја принудил да ги остави другарите и да влезе во неговиот автомобил. Потоа и го одзел мобилниот телефон, ја натерал на однос против нејзина волја, заканувајќи и се да не кажува никому.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи би можел да се даде во бегство, да влијае врз детето-жртва и други сведоци или да го повтори делото.

притисни ентер