Народната банка не знае детали од разговорите меѓу банките и Владата за унгарскиот заем

Народната банка не знае детали од разговорите меѓу банките и Владата за унгарскиот заем и воопшто не е вклучена во овој процес. Ќе може да излезе со став откако ќе има подетални сознанија, рече денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. 

-Не сме вклучени во овој процес. Не ги знаеме деталите од разговорите. Кога ќе имаме подетални сознанија за разговорите и договорот меѓу банките и Владата, тогаш ќе можеме да излеземе со наш став, рече Ангеловска-Бежоска, одговорајќи на новинарски прашања, откако ги презентираше есенските макроекономски проекции.

Во врска со најавите на Владата за дополнителни задолжувања, гувернерката напомена дека намалувањето на буџетскиот дефицит е клучно за стаблизирање на јавниот долг. Во оваа насока ги повтори препораките на меѓународните финансиски институции: постепена фискална консолидација, постепена монетарна акомодација во линија со фискалната консолидација и интензивирање на структурните реформи.

-При нашите проекции ја земаме предвид најновата фискална стратегија која беше неодамна донесена и која предвидува патека на фискална консолидација, односно од буџетски дефицит 4,9 проценти оваа година, негово постепено намалување и сведување на околу три отсто во 2027 година. Нема дилема дека намалувањето на буџетскиот дефицит е клучно за стаблизирање на јавниот долг, подвлече Ангеловска-Бежоска.

Уште еднаш порача и дека стабилноста на јавните финансии е клучна од два аспекта: за среднорочна одржливост на јавниот сектор (за да може државата да го подготви и изгради својот капацитет за справување со натамошни, идни шокови), како и за поддршка на монетарната политика. Колку фискалната политика е попрудентна, тоа, напомена гувернерката, создава поголем простор за релаксирање на монетарната политика, односно посоодветни услови за обезбедување финансиска поддршка на компаниите и на граѓаните преку пониски каматни стапки.

Останува потребата, дополни, од водење прудентни домашни макроекономски политки за да нема нов бран инфлациски притисоци.

-Сите политки кои влијаат на агрегатната побарувачка, може да влијаат на инфлацијата. Имајќи ја предвид големата отвореност на нашата економија, големото учество на цените на храната и енергијата во нашиот инфлациски индекс, нешто над 50 отсто, јасно кажува дека глобалниот контекст и геополитичките ризици кои може позначајно да влијаат на цените на примарните производи, остануваат клучен ризик. Останува потребата од водење прудентни домашни макроеконосмки политки кои може да влијаат на агрегатната побарувачка, особено политките на пазарот на труд, но и интензитетот со кој би се спроведувале стуктурните реформи, објасни Ангеловска-Бежоска.

Според есенските проекции на Народната банка, девизните резерви достигнаа 4,9 милијарди евра што е нешто над четиримесечен увоз на стоки и услуги што се оценува како сосема соодветно ниво и во линија со монетраната стратегија на одржување стабилен девизен курс на домашната валута во однос на еврото.

Во однос на странските директни инвестиции, проекциите на среден рок се 4 отсто од БДП.

-Ова е слично ниво како во изминатите две години или малку пониско од тие 4,3 проценти во просек. Остварувањата продолжуваат да бидат солидни и првата половина од оваа година, беа подобри и од нашите очекувања. Приватните трансфери лани надминаа две милијарди евра, беа историски највисоки, па среднорочно сме попретпазливи и очекуваме нивно стабилизирање, рече дувернерката.

Тинејџер убил девојче поради кавга за мече (ВИДЕО)

Во Велика Британија во тек е судењето на тинејџерот кој уби 15- годишно девојче со нож поради расправија за плишана играчка, објавија денеска британските медиуми.

Тој ѝ го забодел ножот во вратот на Елиан, пријателката на неговата поранешна девојка, откако се расправале бидејќи тој одбил да ѝ го врати плишаното мече.

Обвинетиот Хасан Сентаму (18) се изјаснил за невин за убиството на ученичката, наведувајќи дека одговорноста му била намалена поради дијагностицираниот аутизам, пренесува Sky News.

Сентаму, кој имал 17 години за време на убиството, рекол дека ја убил Елијан Андам бидејќи изгубил контрола.

Обвинителот, сепак, рече дека Сентаму отишол да ги пречека девојчињата, земајќи кујнски нож со себе, што докажува дека имал намера да ги повреди или убие.

Судењето на тинејџерот продолжува пред судот во Лондон.

Божикна шега: На шефот му завиткале сѐ во канцеларијата со шарена хартија, тој збеснал (ВИДЕО)

Вработени во една компанија во Охајо решиле да ја направат ултимативната божиќна шега со нивниот шеф, кој се вратил на работа по девет дена одмор.

Тие ја завиткале целата негова канцеларија во хартија за завиткување со божиќна тема, вклучувајќи ги ѕидовите, компјутерот, тастатурата и секој пијалок во неговиот мини фрижидер, а потоа ја покажале неговата реакција кога влегол во канцеларијата.

„Ох, по ѓаволите“, извика шокирано од она што се случило со неговата канцеларија, а девојките се смеат во ходникот. Потоа рече: „Морам некако да најдам начин да работам овде... Знаете дека имам околу 800 мејлови“.

Девојките опишале како нивниот менаџер бил во „целосно неверување“ и дека следниот пат кога ќе оди на одмор треба да постави камера во канцеларијата.

Откако видеото стана вирално и собра речиси 9 милиони прегледи, девојките решија да изведат нов трик. Овој пат во канцеларија ставиле огромен диносаурус на надувување со божиќна капа. „После ова дефинитивно ќе постават камера“, велат девојките.

@lake.erie.arms Replying to @Micbreclo & the prank series continues! #workpranks #fired #officepranks #officehumor #prank #prankwars #employee #boss #fyp #officelife #humor #funny #worklife #employeeofthemonth #viralvideo ♬ Run, Rudolph Run - Chuck Berry

Италија побарува милиони воена отштета од Германија за извршен масакр од нацистите

Апелациониот суд во градот Аквила, во италијанската област Абруцо, денеска пресуди дека Германија мора да плати отштета од четири милиони евра на 30 роднини на жртвите од масакрот во градот Пјетранзиери во Втората светска војна.

Во 2017 година, судот донесе одлука со која на Германија ѝ наложи да плати отштета од милион и 600 илјади евра на општината Рокарасо, на која ѝ припаѓа градот Пјентрансиери, пишува Анса.

Во ноември 1943 година, нацистички војници масакрирале 128 невооружени италијански цивили во блиската шума Лимарија под сомнение дека ги поддржуваат партизаните.

Меѓу убиените цивили имало 60 жени, 34 деца помлади од 10 години, како и неколку постари лица.

притисни ентер