Трамп: Кинески војници илегално управуваат со Панамскиот канал

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го избра Кевин Марино Кабрера за амбасадор во Панама, откако тој се закани дека повторно ќе воспостави американска контрола врз Панамскиот канал, кој ѝ го предаде на Панама пред 25 години.

Трамп рече дека Кабрера бил многу важен во поттикнувањето на економскиот раст и поттикнувањето на меѓународните партнерства. „Малкумина ја разбираат политиката во Латинска Америка како Кевин. Тој ќе заврши фантастична работа застапувајќи ги интересите на нашата земја во Панама“, напиша Трамп во објавата на платформата Truth Social.

Во неделата, Трамп се закани дека повторно ќе воспостави американска контрола над Панамскиот канал, со кој САД управуваа со децении пред да и го предадат на Панама во 1999 година. Трамп рече дека централноамериканската земја, со која САД имаат дипломатски односи од 1903 година, „ја краде Америка на Панамскиот канал во незамисливи размери“.

Тој ги обвини кинеските војници дека незаконски управуваат со каналот и „секогаш се грижат САД да вложат милијарди долари во фондот за поправка без да имаат улога на одлучување“.

Панамскиот претседател Хозе Раул Мулино рече дека Кина нема никакво влијание врз управувањето со каналот, додавајќи денеска дека нема кинески војници во каналот. „До Бога, нема кинески војници, светот е слободен да го посети каналот“, рече тој во денешниот говор.

Кина не го контролира ниту управува со каналот, но подружницата на CK Hutchison Holdings со седиште во Хонг Конг долго време управува со две пристаништа на влезот на каналот на Карибите и Пацификот.

Отповикан од функција јужнокорејскиот в.д. претседател на државата

Јужнокорејските пратеници го отповикаа денеска од фукција вршителот на должноста претседател Хан Дак-су, образложувајќи дека тој „активно учествувал во бунтот“ откако неговиот претходник прогласи воена состојба претходно овој месец.

„Објавувам дека предлогот за импичмент на премиерот Хан Дак-су е усвоен. Од 192 пратеници кои гласаа, 192 гласаа за импичмент“, рече претседателот на Националното собрание Ву Вон-шик.

Хан Дак-су одби да назначи тројца нови судии во Уставниот суд, каде што треба да се одржи првото рочиште за судењето за суспендираниот претседател Јун Сук Јеол . /МИА

Анкета: На Американците им е преку глава од политика, се помалку следат вести

Истражувањето е спроведено меѓу 1.251 возрасен човек од 5 до 9 декември 2024 година. 

Околу две третини од возрасните Американци нагласуваат дека неодамна почувствувале потреба да го ограничат нивното следење вести за владата и политиката поради преоптоварување, според истражувањето на Асошиејтед прес и американскиот Центар за истражување на јавното мислење.

Помал процент од Американците го ограничуваат покривањето на вести за конфликти во другите делови на светот, економијата или климатските промени, покажа истражувањето.

Анкетата, спроведена на почетокот на декември, покажа дека околу седум од 10 поддржувачи на демократите велат дека помалку ќе следат политички вести. Процентот не е толку висок за републиканците, кои имаат причина да ја слават победата на Трамп. Сепак, околу шест од 10 републиканци велат дека исто така чувствувале потреба да се одморат, а процентот е сличен за независните гласачи.

Разликите се далеку поголеми за ТВ мрежите кои се преокупирани со политички вести.

По изборната ноќ до 13 декември, гледаноста на МСНБЦ во ударните термини беше во просек 620.000, што е за 54 отсто помалку од периодот на кампањата оваа година, соопшти компанијата Нилсен. Во истиот временски период, просекот на CNN од 405.000 гледачи падна за 45 отсто.

На Fox News Channel, омилената информативна мрежа на поддржувачите на Трамп, постизборниот просек од 2,68 милиони гледачи е зголемен за 13 отсто. По изборите, 72 отсто од луѓето кои гледале една од тие три кабелски мрежи навечер гледале Фокс њуз, во споредба со 53 отсто пред денот на изборите.

Падот на гледаноста на телевизиите кои го фаворизираат кандидатот кој губи не е нов тренд.

Си-Ен-Ен истакнува дека, иако имаат проблеми со гледаноста на телевизијата, нивниот стриминг и дигитален рејтинг се стабилни.

МСНБЦ можеби може да најде утеха во минатото. Во претходните години, рејтингот на телевизиските мрежи се враќаше кога ќе се намали депресијата по изборниот пораз. Тие се соочуваат и со корпоративни промени, бидејќи матичната компанија Comcast минатиот месец објави дека мрежата ќе стане дел од нова компанија, која ќе и даде ново управување и ќе ја одвои од мрежата NBC News.

Анкетата покажува дека Американците генерално сакаат јавните личности помалку да зборуваат за политика. По изборната сезона во која гласовите на познатите личности, како Тејлор Свифт, дојдоа во прв план, едно истражување покажа дека Американците имаат поголема веројатност да не одобруваат отколку да одобруваат кога познати личности, големи компании и професионални спортисти зборуваат за политика.

Истражувањето е спроведено меѓу 1.251 возрасен човек од 5 до 9 декември 2024 година. /МИА

Почина ранетиот севернокорејски војник заробен од украинските сили

Севернокорејскиот војник заробен од украинските сили им подлегнал на раните, соопшти денеска јужнокорејската разузнавачка агенција.

„Потврдено е, преку сојузничката разузнавачка агенција, дека севернокорејски војник бил фатен жив на 26 декември, но им подлегнал на повредите“, се вели во соопштението на разузнавачката агенција.

Украинските сили заробиле ранет севернокорејски војник кој се борел на страната на Русија, соопшти претходно денеска јужнокорејската разузнавачка служба.

Ова е првиот познат случај на заробен Севернокореец откако Киев и Западот соопштија дека Пјонгјанг испраќа војници во Русија. /MИА

притисни ентер