Најмалку 40 загинати во денешните израелски напади низ Појасот Газа

Израелските војници денеска извршија напади низ Појасот Газа, при што беа убиени најмалку 40 Палестинци.

Израелските војници денеска извршија напади низ Појасот Газа, при што беа убиени најмалку 40 Палестинци, а израелската војска ги зголеми притисоците околу бегалскиот камп во Џабалија, на северот од окупираната палестинска енклава, каде што се водат борби против припадниците на Хамас.

Палестинските здравствени претставници соопштија дека најмалку 11 лица загинаа од израелски оган близу Ел Фалуџе во Џабалија, најголемиот од осумте бегалски кампови во Појасот Газа, додека 10 луѓе загинаа во израелски ракетен напад на една куќа во Бани Суахила, источниот дел од градот Кан Јунис, на југот на палестинската енклава.

Порано денеска, во израелски воздушен напад на Сабра, предградие на Газа, беа уништени три куќи, а локалната служба за итна помош соопшти дека се извлечени две тела на местото на експлозијата и дека продолжува потрагата по 12 лица, за кои се верува дека биле во куќите за време на нападот.

Во извештаите се наведува дека уште пет лица загинале кога беше погодена една куќа во кампот Нусејрат, во централната Газа.

Канцеларијата на ОН за човекови права соопшти денеска дека се чини дека израелската војска „целосно го одвојува северот на Газа од остатокот од Појасот Газа“.

„Среде интензивни судири и наредби за евакуација во северна Газа, семејствата се соочуваат со незамислив страв, губење на саканите, конфузија и исцрпеност. Луѓето мора да имаат можност да избегаат безбедно, без дополнителна опасност“, се наведува во соопштението на Адријан Цимерман, шеф на подделегацијата на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа.

Реакција од Стручниот колегиум при ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле

Стручниот колегиум искрено жали и изразува сочувствуво до семејството за загубата на нивното дете.

Стручниот колегиум при ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле, одговорно тврди дека сите лекари кои биле инволвирани во лекувањето на детето ги превземале и реализирале сите расположливи и потребни прегледи и иследувања, дадена е соодветна терапија според медицинските протоколи, не е утврден пропуст во постапувањето и лекувањето на детето, во согласност со целокупната медицинска документација како доказ во клиниката.

Детската Клиника-Козле како и целата јавност го очекува мислењето на етичката комисија на Лекарската комора на Македонија и потоа ќе превземе понатамошни соодветни чекори.

Стручен колегиум на ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле

ВМРО-ДПМНЕ: Најголем успех на криминалната СДС-ДУИ за членство во ЕУ е сликање селфи во авион

Наместо да обвинуваат и критикуваат, СДС треба да се погледне во огледало и да размисли дали политиките кои ги водеа изминатите 7 години вродија со плод?

Одговорот е НЕ.

Најголемиот успех на криминалната коалиција СДС-ДУИ на патот кон членство во ЕУ е сликање селфи во авион. Освен дистанцирање од ЕУ и водење погубни политики врз грбот на граѓаните, ништо друго не направија.

ВМРО-ДПМНЕ нема да тргува со идентитетот и образот на македонските граѓани. Граѓаните ни дадоа поддршка на изборите и ќе работиме во нивен интерес да почнеме преговори со ЕУ, се наведува во партиската реакција.

Индија купува 31 дрон од САД

Индија денеска потпиша договор со американскиот Стејт департмент за купување на 31 воен дрон, соопшти индиското Министерство за одбрана.

Американските дронови „МQ-9Б“ (Sky guardian high altitude long endurance) главно ќе се користат од индиската морнарица во регионот на Индиски Океан.

Американските беспилотни летала се очекува значително да ги зголемат способностите за надзор на Индија, како и да го одвратат Њу Делхи од купување руска воена опрема.

Договорот е постигнат по преговорите што почнаа во 2018 година./МИА

притисни ентер