Најатрактивната спортистка на ОИ е исфрлена од Олимпиското село поради недолично однесување

Олимпискиот комитет на Парагвај (COP) побара од пливачката Луана Алонсо да го напушти олимпиското село, откако таа создаде „несоодветна средина“ за сопствената делегација по разгледувањето на знаменитостите во Париз.

Шефот на мисијата COP, Лариса Шерер, издаде соопштение во кое објаснува зошто една од најатрактивните спортистки на Олимпијадата морала да ја напушти француската престолнина.

- Нејзиното присуство создава несоодветна атмосфера во тимот на Парагвај. Ѝ благодариме што постапи по упатството, бидејќи не преноќи во Олимпиското село по своја волја - стои во соопштението.

Пливачката од Парагвај учествуваше на своите втори Олимписки игри, по оние во Токио, каде што дебитираше на 17 години. Во Париз се натпреваруваше на 100 метри пеперутка, каде што беше елиминирана во првата рунда, откако беше шеста.

Олимписката пливачка по натпреварот преку социјалните мрежи објави дека се повлекува од спортот.

- Ти благодарам што ми дозволи да сонувам, ме научи да се борам, да се трудам, истрајност, пожртвуваност, дисциплина и многу други работи. Ви дадов дел од мојот живот и не би го менувала за ништо на светот затоа што ги доживеав најубавите искуства во мојот живот, ми подаривте илјадници радости, пријатели од други земји кои секогаш ќе ги носам во моето срце – порача таа.

Државата Израел донира „Сензорна соба“ за децата во Македонија

На 25 ноември 2024 година, амбасадорката Симона Франкел ја отвори „Сензорната соба“ во „CEDUZ “ центарот во Скопје, Македонија.

Пред неколку месеци, Амбасадорката Франкел беше поканета во центарот „CEDUZ“,здружение фокусирано на раниот детски развој. По посетата, амбасародката Франкел одлучи да донира за изградба на „Сензорна соба“ во центарот, која ќе биде опремена со најсовремени сензорни алатки и специјализирана опрема дизајнирана да одговори на раните предизвици во психомоторниот развој кај децата.

Сетилната соба наречена „Ерусалимска соба“ е посветена на споменот на децата, жртви на масакрот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Државата Израел и Македонија имаат пријателски односи и оваа значајна донација не само што ги поддржува децата во неволја, туку и ги симболизира врските меѓу народите на двете земји.

Адвокатска комора: Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура

Адвокатската комора на Република Македонија најостро го осудува насилниот напад кој се случи ноќеска, на 25 ноември 2024 година, околу 3:30 часот по полноќ, кога непознато лице насилно влегло во Комората и предизвикало пожар.

Пожарот за среќа беше брзо изгаснат од противпожарните екипи. Меѓутоа, предизвикана е значителна материјална штета, а најважно е што, благодарение на брзата реакција на надлежните, нема човечки жртви.

Овој акт на насилство не само што претставува сериозна закана за безбедноста на вработените во институцијата, туку и на граѓаните кои живеат во непосредната близина на деловниот простор на Комората.

Нападот врз Адвокатската комора не е само напад врз еден правен субјект, туку е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во Република Македонија.

Поради ова ја изразуваме нашата најдлабока осуда за ваквото насилство и нагласуваме дека ваквиот напад е апсолутно неприфатлив. Овој чин на насилство и вандализам е сериозна закана за јавната безбедност и правниот поредок во земјата, и не може да се оправда под никакви околности.

Ги повикуваме надлежните органи да дејствуваат брзо и ефективно за да се идентификуваат и приведат одговорните за овој напад. Ваквиот напад не смее да остане неказнет, а одговорните мора да се соочат со последиците од своите дејствија и да бидат најстрого казнети.

Комората останува посветена на заштитата на правата на адвокатите, граѓаните, како и на создавање на опкружување во кое сите институции ќе можат да работат без страв и загриженост, а притоа правото и правдата ќе останат неприкосновени.

Адвокатска комора на Република Македонија

Писмо со сочувство од градоначалникот на Охрид по повод упокојувањето на владикатаТимотеј

Писмо со сочувство од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод упокојувањето на владиката Тимотеј.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска испрати писмо со сочувство до Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и до правосвештенството по повод упокојувањето на митрополитот Дебарско – кичевски, господин Тимотеј.

„Владиката Тимотеј беше силен пример за служење на Бог, образец на животот според Евангелието. Тој беше способен да одговори со својат љубов и грижа на секоја тешкотија и болка на човечкото срце. Беше пример на умеењето да дејствува според заповедтта на Светото писмо. Секогаш да се бара добро еден во друг и кон сите. 'Секогаш радувајте се, молете се постојано, благодарете за се'. Споменот за овој голем веледостојник, искрен слуга кон Бога и преданик на христовата вера ќе биде вечен.Од длабочината на исполнетото со тага срце вознесувам молитва кон Бога да го успокои во небесното царство својот верен слуга, чиј цел земен пат беше насочен во спроведување на Христовата заповед, да се љубиме еден со друт, на лошото да одговараме со добрина и да правиме добри дела. Вечен и блажен спомен за покојниот митрополит Дебарско – кичевски, г. Тимотеј“, стои во писмото на градоначалникот Пецаков.

Митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј почина денеска во Скопје, по кусо боледување на 73 години.

притисни ентер