На годишнината од нападот на Хамас, Херцог го повика светот „да го поддржи Израел во борбата“

На годишнината од нападот на Хамас, Херцог го повика светот „да го поддржи Израел во борбата против неговите непријатели“.

Претседателот на Израел, Јицак Херцог, на првата годишнина од невидениот смртоносен напад на палестинската група Хамас на израелска територија, денеска го повика светот „да го поддржи Израел во борбата против неговите непријатели“, пренесуваат француските медиуми.

„7 октомври 2023 година остава белег на човештвото, белег на лицето на Земјата и светот мора да го сфати и разбере ова за да го промени текот на историјата“, рече Херцог во изјавата објавена од неговата прес канцеларија.

„За мир и подобра иднина на регионот, светот мора да го поддржи Израел во неговата борба против неговите непријатели“, се додава во изјавата на Херцог.

Тој денеска ќе претседава со комеморативната церемонија во Сдерот, еден од градовите најтешко погодени од крвавиот напад на Хамас, јавија претходно француските медиуми.

Во нападот на палестинските милитанти, што ја поттикна војната во Појасот Газа, а потоа и воените дејствија во Либан, Во Израел беа убиени над 1.200 лица, а 251 беа земени како заложници.

Гази Баба доделува стипендии за талентирани ученици, спортисти и ученици со посебни потреби

Општина Гази Баба денес распиша Јавен повик за доделување стипендии на талентирани ученици, ученици спортисти и ученици со посебни образовни потреби за учебната 2024/2025 година.

Од општината информираат дека целта на распишаниот јавен повик е директна финансиска поддршка за најдобрите ученици.

Со јавниот повик се доделуваат 25 стипендии на талентирани ученици, 25 стипендии на ученици спортисти и 5 стипендии на ученици со посебни образовни потреби.

Износот на стипендијата е 3000 денари месечно, персоналниот данок го пресметува и плаќа општина Гази Баба.

Стипендијата се исплаќа во период од девет месеци од октомври, заклучно со јуни.

Јавниот повик е во траење од 10 дена од денот на објавување на веб страната на општина Гази Баба.

Ги повикуваме граѓаните на општина Гази Баба да аплицираат и да ја искористат можноста за добивање на стипендија.

Сите заинтересирани граѓани можат да се информираат за условите од јавниот повик на следниот линк: https://gazibaba.gov.mk/javen-povik-za-dodeluvanje-stipendii-na-talentirani-uchenici-uchenici-sportisti-i-uchenici-so-posebni-obrazovni-potrebi-od-opstina-gazi-baba-za-uchebnata-2024-2025-godina/

Нова експлозија во близина на Амбасасата на Израел во Копенхаген

Полицијата на Данска соопшти дека денеска во близина на Амбасадата на Израел во Копенхаген имало уште една експлозија. 

Експлозијата е на годишнината од упадот на Хамас во Израел. Инцидентот се случи на околу 500 метра од Амбасадата на Израел и пет дена откако беа активирани две експлозивни направи во близина на дипломатскиот објект, за што се уапсени двајца државјани на Шведска.

- Се разбира, разгледуваме дали би можело да има поврзаност со (претходниот) инцидент во Израелската амбасада. Нема индикации дека тоа е така, изјави полициската инспекторка, Трине Молер.

Шведската разузнавачка агенција Сапо соопшти дека можеби Иран бил вмешан во експлозиите на 2 октомври во Данска, како и во пукотницата во близина на Израелската амбасада во Стокхолм еден ден претходно.

ДУИ: Бурим Латифи од МЕПСО потроши 15.000 евра за купување цвеќе

Демократската унија за интеграција денеска извести за неодговорното работење на МЕПСО и директорот на оваа важна институција Бурим Латифи кој реализира тендери за Хортикултурно уредување или народски кажано купува цвеќе за  над 1.000000 денари.

Демократската унија за интеграција денеска извести за неодговорното работење на МЕПСО и директорот на оваа важна институција Бурим Латифи кој реализира тендери за Хортикултурно уредување или народски кажано купува цвеќе за сума од над 1.000.000 денари.

Во прилог ви го праќаме говорот од Прес-конференцијата за медиуми исто така ги имате и Рамковната спогодба за јавна набавка на услуги.

Денеска сме тука да ја известиме јавноста за несовесното работење на МЕПСО, и нивниот Директор Бурим Латифи, кадар на партијата на Изет Меџити и негов прв братучед, кој наместо да го подготви електроенергетскиот сектор за престојната зима, реализира тендери за Хортикулурно уредување, или народски кажано купува цвеќиња за сума од над 1.000.000 денари.

Првата активност на новиот директор, братучед на Џентлменот Меџити, уште пред да се запознае со неговите вработени, е да купи цвеќе.

Ова е целосно не домаќинско работење на компанија која главна задача му е енергетскиот сектор, а не купување на цвеќиња за 15.000 Евра во време кога граѓаните не можат да ги плаќат сметките за електрична енергија.

Замислете, наместо да им се помогне на граѓаните во делот на енергетската сиромаштија МЕПСО со Бурим Латифи плаќат цвеќиња- калемени рози по 9.000 ден парче.

Ги повикуваме институциите да постапат веднаш а ние следствено ќе ги следиме на дневна основа сите нелегитимни узурпатори на институциите во нивното работење и ќе ги известиме надлежните институции за сите злоупотреби.

ДУИ

притисни ентер