На денешен ден

19 октомври 2024

1216.- Умрел англискиот крал Џон Без Земја, младиот син на Хенри II, кој во 1215 година морал да ја потпише големата повелба за слобода во Англија „Magna kartа libertatum“. Со повелбата била ограничена власта на кралот и воспоставени биле основните англиски уставни и јавни права.

1735.- Роден е Џон Адамс, втор по ред претседател на САД (1797-1801 г.). Умрел на 4 јули 1826 година. 1745.- Во Даблин умрел Џонатан Свивт, најголем англиски сатиричар, еден од најостроумните критичари на човековата природа и на општествените процеси. Неговото најпопуларно дело, фантастичниот роман „Гуливеровите патувања“, претставува сатира на политичките прилики на Велика Британија и прераснува во потсмев на целиот човечки род и на неговите установи. Познати се и неговите дела „Битка на книги“ и „Приказна за бурето“. Роден бил во Даблин, на 30 ноември 1667 година.

1864.- Роден е францускиот хемичар и индустријалец Огист Лимијер, кој заедно со својот брат Лујем ја направил првата филмска камера и во Лион основал фабрика за изработка на фотографски материјали. Браќата ја откриле постапката за снимање во природни бои и во париската кафеана „Гран кафе“ на 28 декември 1895 година ја приредиле првата филмска претстава во светот - „Влез на воз во станица“, „Работници излегуваат од фабрика“.

1972.- Во Нов Јужен Велс во Австралија бил пронајден „Холтерманов грумен“, плоча со тежина од 235,14 килограми, во која имало 82,11 килограми злато, најголема пронајдена количина на злато.

1875.- Умрел англискиот физичар Чарлс Витстон, пионер во телеграфијата. Го пронашол методот за одредување на електричниот отпор („Витстонов мост“), а ги истражувал и електрицитетот, светлината и звукот.

1899.- Во Сиудад Гватемала е роден Мигул Анхел Астуријас, гватемалски писател. Неговиоте дела имаат социјална обоеност зашто во нив ги прикажува тешките општествени и економски проблеми во својата земја. Познати негови дела се „Господинот претседател“, „Пченкарни луѓе“, трилогијата „Ураган“, потоа „Зелениот папа“, „Очите на закопаните“, „Викенд во Гватемала“ и други. Во 1966 година ја добил Лениновата награда за мир, а во 1967 годија ја добил Нобеловата награда за литература. Умрел во Мадрид, Шпанија, на 9 јуни 1974 година.

1919.- Во Кочани е роден Благој Попов, носител на „Партизанска споменица 1941“, повеќе години истакнат македонски раководител, познат како успешен претседател на Собранието на градот Скопје во времето на земјотресот во 1963 година и обновата на градот и како еден од претседателите на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.

1924.- Во Галичник е роден д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар, автор на стотина трудови, научен советник во Институтот за национална историја во Скопје. Најпознат бил како долгогодишен раководител на Одделението за документација на Институтот за национална историја. Умрел на 6 јануари 1983 година.

1931.- Роден е англискиот писател Дејвид Џон Мур Корнвел, познат како Џон Ле Каре, мајстор на модерниот шпионски роман. Дела: „Војна во огледало“, „Малиот град во Германија“, „Наивен и сентиментален љубовник“, „Момче, дама, крал, шпион“, „Благородниот ученик“, „Панамскиот кројач“, „Чист шпион“.

1937.- Умрел новозеландскиот физичар од англиско потекло Ернест Ратерфорд, добитник на Нобеловата награда за хемија во 1908 година, еден од втемелувачите на модерните атомски теории. Најмногу се занимавал со природната радиоактивност и фундаменталното истражување во таа област откривајќи три типа радијација кои ги означил како алфа, бета и гама зраци.

1954.- Склучен бил англо-египетскиот договор за повлекување на британските трупи од зоната на Суецкиот канал во рок од 20 месеци.

1957.- Сојузна Република Германија ги прекинала дипломатските односи со Југославија затоа што Белград ја признал Демократска Република Германија. Односите биле обновени во февруари 1968 година, во време кога шеф на бонската дипломатијата бил Вили Брант.

1987.- Во сударот на два патнички воза во предградието на Џакарта загинале 102 и биле повредени повеќе од 5.000 луѓе.

1987.- На њујоршката берза „Дау Џонс“ вредноста на акциите во текот на еден ден паднала на рекордни 508 поени, односно 22,6 отсто, што било запаметено како „Црн понеделник“.

1991.- Одбележана била 800-годишнината од живописувањето на црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Курбиново, Ресенско. Зографирањето на црквата почнало на 15 април 1191 година.

2001.- Најмалку 350 луѓе, повеќето ирачки бегалци, загинале кога во близна на брегот на Јава потонал пренатрупаниот број кој од Лампунг на индонезискиот остров Суматра испловил во правец на Австралија.

2003.- Во Сараево починал поранешниот претседател на Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ. На првите повеќепартиски избори во БиХ Изетбеговиќ бил избран за член на Претседателството на СР БиХ, а на 19 декември 1990 за претседател на Претседателството на СР БиХ. Тој бил еден од потписниците на Дејтонскиот мировен договор со кој била завршена војната во БиХ заедно со претседателите на Хрватска и на Србија, Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман. Изетбеговиќ бил роден на 8 август 1925 година во Босански Шамац. 2003.- Папата Јован Павле Втори со свечената процесија што се одржала на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, ја беатифицирал, односно ја прогласил за блажена Мајка Тереза, што бил последниот чин пред нејзиното прогласување за светица.

Путин: Саудиска Арабија би била добар домаќин за мировни преговори

Саудиска Арабија би била добар домаќин на потенцијалниот самит за ставање крај на украинскиот конфликт, изјави вчера рускиот претседател Владимир Путин.

На прес-конференција на различни теми, саудиски новинар го праша Путин за неговите размислувања за посредничките напори на арапското кралство и дали Русија ќе присуствува на мировен самит доколку Ријад биде домаќин на таков настан „до крајот на оваа година“.

Путин потврди дека Русија ја гледа Саудиска Арабија како „пријателска земја“. Тој го пофали саудиското раководство за нивните „искрени“ напори да донесат мир.

-Значи, доколку се организира таков настан во Саудиска Арабија, очигледно самиот простор би ни бил прилично удобен, рече претседателот. Тој, сепак, истакна дека секое конечно решение треба да се заснова на нацрт подготвен за време на прекинатите разговори во Истанбул, Турција, пролетта 2022 година.

Според Путин, украинската делегација првично го одобрила нацрт-договорот кој ќе ја трансформира Украина во неутрална земја и ќе ја ограничи големината на нејзината војска, но потоа нагло ја напуштила преговарачката маса. Официјални лица во Киев подоцна изјавија дека немаат доверба во Русите и дека западните лидери ги советувале да не ги прифаќаат условите на Москва.

По раскинувањето на договорот, Фергусон нема да биде на „Олд Трафорд“

По раскинувањето на договорот, Фергусон нема да биде на „Олд Трафорд“ за дуелот Јунајтед - Брентфорд.

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед – Сер Алекс Фергусон нема да биде на трибините на „Олд Трафорд“ на натпреварот на „црвените ѓаволи“ против Брентфорд. Средбата може да биде одлучувачка за судбината на Ерик Тен Хаг на чело на тимот. Доколку исходот од натпреварот е поинаков од победа на домаќините, Холанѓанецот ќе добие отказ.

За време на репрезентативната пауза, раководството на Манчестер Јунајтед донесе љубопитна одлука за раскинување на договорот на Алекс Фергусон како амбасадор на тимот. Според него, Шкотланѓанецот инкасирал 2 милиони фунти годишно. Во обид да ги намалат трошоците на клубот, новите сопственици ИНЕОС одлучија да го раскинат договорот на еден од најголемите менаџери во историјата на фудбалот.

Сепак, неговото денешно отсуство од натпреварот не е поврзано со раскинатиот договор. Според медиумите на Островот, Фергусон има „поважна обврска“ која ќе го спречи да биде на стадионот на важниот натпревар.

Минчев: Укинувањето на „балансерот“ не претстaвува ризик за дестабилизација во државата

„Балансерот“ беше предмет на злоупотреба. Гаранција за секое вработување на припадниците на сите етнички заедници мора да се темели на стручност, знаење и квалитет. 

Можноста да конкурира секој за секое работно место е уставно право, потенцира министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

Тој вчера во телевизиска емисија „Трилинг“ нагласи дека од самиот почеток како Министерство, укажувале на злоупотреба на „балансерот“.

-Ние како Министерство, од самиот почеток укажувавме на злоупотреба на „балансерот“ и нашиот став беше дека тој треба постепено во фази, како дигитална алатка, да биде укинат. Тоа го направи Уставниот суд. Гаранција за етничката припадност и нивното вработување во јавната администрација не може да биде ниедна институција, ниту било кој државен орган. Јас тука тргнувам обратно, сосема по друг пристап. Значи гаранцијата за секое вработување на припадниците на сите етнички заедници, мора да се темели на стручност, знаење и квалитет. Можноста да конкурира секој за секое работно место е уставно право, појасни Минчев.

Зборувајќи за интегрирање на државата во Европската Унија, Минчев нагласи дека државата нема друга алтернатива освен ЕУ, но потенцираше дека се неопходни гаранции дека внесувањето на бугарскиот народ во Уставот ќе биде последното барање.

-Нема сила која може да го натера македонскиот народ да каже дека постои од 1945 година. Нема сила која може да го натера македонскиот народ дека има заедничка историја со Република Бугарија. Нема Македонец кој може да прифати дека Гоце Делчев е Бугарин. Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ, но таму сакаме да влеземе како и сите други – со дигната глава, според Копенгхашките критериуми, базирани на европските начела за еднаквост и рамноправност, бидејќи досега Македонија во рамки на 30 години постоење, направи доволен број на отстапки и жртви. Потенцираше дека се неопходни гаранции од ЕУ, дека внесувањето на бугарскиот народ во Уставот ќе биде последното барање, рече Минчев.

На прашањето за можните граѓански немири, Минчев одговори дека тоа е популизам од страна на опозициската партија ДУИ.

-Тоа е еден популизам од страна на опозициската партија ДУИ. И повторно ќе се навратам, зошто немаше тензии од 2001 до 2015 година. Постоеше ли тогаш „Балансер“? Не. Ова што го прави ДУИ, кој постојано го држи општеството во тензија дека нешто ќе се случи, дека ќе се протестира, дека ќе се наруши безбедноста, го нарекувам со работен наслов „ДУИ против ДУИ“. Во рамки на Националната стратегија за реформи на јавната администрација за 2023-2030 година, ДУИ и нивните министри во тогашната Влада констатираа дека „балнсерот” се злоупотребува и донесоа одлука дека тој треба да биде укинат, рече Минчев.

притисни ентер